Антимакедонизмот на Гарет Еванс

Еден од најголемите негатори на македонската нација, историја и име од крајот на минатиот век е австралискиот адвокат Гарет Еванс чии што антимакедонски дела и политики нашата татковина сè уште ги трпи.

На 15 февруари 1994 година Еванс во функција на министер за надворешни работи на Австралија соопштува дека неговата Влада ќе ја признае Македонија, но не под уставното име туку под привремената референца (до целосни дипломатски односи според македонското МНР се стига на 20.10.1995), а на 14 март 1994 година ќе излезе со скандалозно официјално известување подржано и од премиерот на Австралија - Китинг во кое што Македонците ги нарекува Славо-Македонци и ги обвинува дека го узурпираат грчкото културно наследство и го загрозуваат грчкиот територијален интегритет:

"Thus we have been asking those whose origins lie in the Former Yugoslav Republic of Macedonia to acknowledge frankly that... accordingly, the use of symbols like the Star of Vergina... and cultural heritage of ancient Macedonia, are bound to be deeply offensive to any person of Greek origin who cares for the territorial and cultural heritage of his or her original homeland."

"Затоа ние ги молиме, оние чие што потекло е од Б.Ј.Р. Македонија да сфатат... дека користењето од нивна страна на симболи како ѕвездата од Кутлеш...и културното наследство на античка Македонија, е длабоко навредливо за која било личност со грчко потекло која се грижи за територијалното и културното наследство на земјата од која што потекнува."

Ваквата дискриминаторска изјава предизвикува гнев кај Македонците во Австралија кои по овој повод организираат масовни протести. За ова соопштува Ray Fulcherа во статија од август 1994 година со наслов "Македонците маршираат против дискриминација" (Macedonians march against discrimination) во австралискиот неделник Greenleft:

"MELBOURNE — Forty thousand Macedonians and supporters marched on Parliament House on July 30, demanding that the federal Labor and state Liberal governments end their discrimination against Macedonians. The rally was organised by Macedonian Community Council of Melbourne and Victoria.

According to a rally organiser Chris Popov, "The imposition of the term 'Slav-Macedonian' on the Macedonians is a blatant violation of human rights and should be condemned by all fair-minded Australians". He said that it sets a dangerous precedent for the rights of all minorities in Australia.

On February 15 the federal government recognised the Republic of Macedonia as the "Former Yugoslav Republic of Macedonia". At the same time, it imposed conditions on the opening of a Macedonian consulate in Australia including that it be called the "Consulate of the former Yugoslav Republic of Macedonia" and that it be prohibited from flying its national flag. No other nation's consulate has had to deal with such restrictions.

On March 14 the foreign affairs minister, Gareth Evans, announced that the term "Slav-Macedonian" would be used by all government agencies when referring to Macedonians from the Republic of Macedonia...

The rally called on the federal, Victorian and NSW governments to immediately repeal their "Slav-Macedonian" directives and refer to Macedonians as "Macedonian". It demanded that the Victorian government cease the pressure on Macedonian schools to adopt the "Slav-Macedonian" tag and to stop removing resources from the Macedonian curriculum and that Macedonian be allowed to be taught in the state school system.

It demanded that the federal government immediately recognise the Republic of Macedonia — by that name — and drop the conditions which have prevented the opening of a Macedonian embassy and consulate in Australia. It also called on the federal government to condemn the violation of Macedonian human rights in Greece and Bulgaria."

"Мелбурн - 40 000 Македонци и подржувачи маршираа пред домот на Парлментот на 30 јули, барајќи федералната лабуристичка и државната Влада на либералите да ја прекинат дискриминацијата на Македонците. Протестниот марш беше организиран од Македонскиот совет во Мелбурн и Викторија.

Според организаторот на протестниот марш Крис Попов "наметнувањето на терминот Славо-Македонец на Македонците е грубо нарушување на човековите права и треба да биде осудено од секој разумен Австралиец". Тој изјави дека ова претставува опасен преседан за правата на малцинствата во Австралија.

На 15 февруару федералната влада ја призна Република Македонија како Б.Ј.Р. Македонија. Во истото време таа наметна услови за отворање на македонски конзулат во Австралија вклучително тој да биде нарекуван Конзулат на Б.Ј.Р. Македонија и да биде забрането веењето на националното знаме. Ниедна нација не морала да се соочи со вакви рестрикции.

На 14 март министерот за надворешни работи Гарет Еванс изјави дека терминот Славо-Македонско ќе се користи од сите владини агенции кога се однесува на Република Македонија.

Протестниот марш повикува до Владата итно да ги откажат нивните Славо-Македонски директиви и да и се обраќаат на Македонија со името Македонија. Побараа Владата на Викторија да престане со притисоците во македонските училишта да го прифатат името Славо-Македонско.

Побараа федералната Влада итно да ја признае Република Македонија под тоа име, и да ги повлечат сите услови за отварање на македонска амбасада и конзулат во Австралија. Исто така побараа од федералната Влада да ги осуди нарушувањата на човековите права на Македонците во Грција и Бугарија."

За признавањето на Македонија не под уставното име туку под привремената референца и за нарекувањето на нејзините граѓани Славо-Македонци, Ордан Aндреевски, Mакедонец од Австралија ќе напише:

"The arrogance of the ALP in government was most vividly displayed in 1994, when the Keating Government and its Foreign Minister Gareth Evans hatched a back room deal with the Liberals and the ultra-nationalistic Hellenic lobby dressed up as foreign policy on Macedonia. The policy on Macedonia was made without any input from the Australian Macedonian community or any kind of debate or scrutiny in the Australian Parliament and the media."

"Арогантноста на Австралиската лабуристичка партија беше најјасно покажана во 1994 година кога Владата на Китинг и на неговиот министер за надворешни работи Гарет Еванс, постигнаа задкулисен договор со Либералите и ултра-националистичкото грчко лоби прикажано како надворешна политика кон Македонија. Оваа политика кон Македонија беше изградена без никаков удел на Австралиското-Македонско друштво и без никаков вид на дебата во Австралискиот парламент и медиумите"

Не е исклучено дека Еванс можеби и имал материјална корист од страна на Грците за неговиот антимакедонски став, за чија поткупувачка активност по ова прашање сугерираат повеќе откритија дека плаќале луѓе за да работат против интересите на Македонија и за негација на нејзиното име каков што е најновиот скандал со австрискиот бизнисмен Питер Хохегер (Peter Hochegger).

Поради оваа погрешна одлука на тогашниот министер за надворешни работи на Австралија во врска со Македонија и Македонците, познатиот карикатурист Geoff Pryor, истата година ­ му ја посветува карикатурава (откриена од Благојче Андонов) во која го прикажува Еванс паднат во канализациско блато:

















"Base to high-flying international statesman Evans - come in, Evans" [Gareth Evans crash landing in Bonython Sewage Farm after the Slav-Macedonian decision]

"Базата до високо-летачкиот министер за надворешни работи Еванс... Јави се Еванс" [Гарет Еванс паѓа во канализациско блато по Славо-Македонското решение]

Карикатурата се покажува дека е пред своето време - кој високо лета, ниско ќе падне. По само две години, на изборите во 1996 година Владата на премиерот Китинг (Paul Keating) паѓа со што и Еванс ја губи својата фотеља како министер за надворешни работи, а ја завршува и својата безмалку 20 годишна служба како сенатор од Викторија. Последен пат предтоа актуелен премиер од редовите на лабуристичката партија да изгуби на избори се случил во далечната 1949 година.

Според статијата на Ордан Андреевски, загубата на подршката за Владата е резултат на:

"By placing Macedonians and Macedonia low on the list of priorities, the Keating... Governments have failed to provide financial and political support for capacity building programs which could empower the community and help meet its legitimate needs and aspirations."

"Со ставањето на Македонците и Македонија на дното на листата на приоритети, Владата на Китинг... не успеаа да обезбедат финансиска и политичка подршка за изградба на програми кои што ќе го зајакнеа општеството и ќе помогнеа зa остварување на легитимните потреби и тежнеења."

За вредностите на Еванс како човек сведочат и фактите дека имал долгогодишна вонбрачна афера со колешка сенаторка, како и тоа дека тој е првиот австралиски сенатор кој што во Сенатот го изговорил срамниот збор F.ck (6 декември 1990).

Негово најголемо злосторство сепак не е антимакедонскиот став и активност туку оправдувањето на стотици убиства! За време на масакрот во главниот град на Источен Тимор - Дили (12 ноември 1992), Еванс скандалозно застанува на страната на окупациската војска на Индонезија правдајќи ги извршените од нив убиства на најмалку 250 (според некои 400) Источно Тиморци како аберација, а не државно правило.

За разлика од Еванс, отецот Карлос Бело (Bishop Carlos Belo) за овој настан дава сосема спротивна изјава: "Не беше инцидент; беше вистински масакар. Беше добро подготвен", за кое што и ќе ја добие Нобеловата награда за мир во 1996 година.

По губењето на својата министерска фотеља Гарет Еванс станува дел од Интернационалната Кризна Група (ICG) како нејзин претседател (oд 2000), а во неговите изјави на неколку пати не му пречи нашата земја да ја нарекува само Македонија, а нејзините граѓани не Славо-Македонци како порано туку само Македонци.

На 16 октомври 2006 година, во Утрински Весник (Еванс им симна капа на САД за името) излегува статија според која Еванс, вината за признавањето на Република Македонија не под уставното име, туку под привремената референца од страна на Австралија му го припишува на тамошното моќно грчко лоби:

"Како бивш министер за надворешни работи на Австралија, од Еванс беше побарана реакција за спорот околу името на државата. Тој се оправда дека австралиската влада не можела да направи чекор каков што направи САД - билатерално да го признае уставното име - поради реакциите на грчката заедница. Лично, спорот го оцени за бизарен и неодржлив, па изрази надеж дека некоја од европските земји ќе собере храброст да го стори тоа што го направија САД. Сепак, Еванс оцени дека нема лесно да дојде до формално менување на привременото со уставното име на државата."

За жал Австралија и понатаму ја спроведува дискриминаторската политика договорена од него, нашата татковина Македонија да се именува не со нејзиното уставно и вековно име туку со привремената референца.

Авторот на оваа статија се обиде да стапи во контакт со Гарет Еванс во врска со од денешна гледна точка апсурдноста на неговото тврдењето од 1994 година дека Македонија претставува територијална закана за Грција; за неговиот денешен став во врска со прашањето за името на Македонија; и за промената на ситуацијата во светот имајќи предвид дека Македонија не само што е општо признаена земја, туку и 130 земји веќе ја признаваат под нејзиното уставно и вековно име, но од канцеларијата на господинот Еванс ни соопштија дека не е во можност да ни одговори бидејќи е на службен пат од кој што ќе се врати дури по еден месец.

По долготрајната кампања на Македонците во Австралија, од пред некое време (9 јануари 2012) одлуките на Гарет Еванс за именување на Македонците во Австралија како Славо-Македонци и употребата на придавката славо-македонски кога се однесува на Македонија, според АМКЧП се укинати од страна на австралиските власти:

In a letter dated 9 January 2012, the Acting Chief of Staff to the Minister for Foreign Affairs wrote:

"I can reaffirm that the 'Slav Macedonian' Administrative Circular is no longer operative in the Department of Foreign Affairs and Trade (DFAT). As is standard practice with inoperative Administrative Circulars, it has been cancelled and the document archived. Similarly, DFAT has advised me that the 'Slav Macedonian Directive' is not in use in other agencies, including the Department of Immigration and Citizenship and the Australian Bureau of Statistics."

The Department of Immigration and Citizenship also confirmed this position in a subsequent letter to the AMHRC on 11 January 2012:

"As stated by...[the] acting Chief of Staff to the Minister of Foreign Affairs, I can confirm that this department does not actively use the term 'Slav-Macedonian'. For example, the Translating and Interpreting Service National now only uses the term 'Macedonian'. We acknowledge the concerns of the Macedonian Australian community in relation to this matter."

"Во писмо до АМКЧП датирано 9 јануари 2012 г., вршителот на должноста шеф на кабинетот на Министерот за надворешни работи напиша:

Јас можам да потврдам дека „Славо-македонското“ Административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни pаботи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичајната пратика што се однесува до неважечки Административни циркуларни писма, тоа е поништено и докуметот е ставен во архива. Исто така, ДФАТ ми има ставено до знаење дека „Славо-македонската Директива” не се применува во други владини служби, влучувајки ги и Министерството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика.

Министерството за имиграција и државјанство исто така го потврди овој став во друго писмо до АМКЧП на 11 јануари 2012 г.:

Како што изјавил вршителот на должноста шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, јас можам да потврдам дека ова министерство активно не го употребува терминот „Славо-македонски.” На пример, Националната служба за преведување и толкување сега само го употребува терминот „македонски”. Ние ја признаваме загриженоста на Македонско-австралиската заедница во врска со ова прашање."

Сега на нас, Македонците, ни преостанува уште да се убедат австралиските власти да престанат да ја именуваат нашата земја Македонија со привремената референца, со што конечно ќе се погребе антимакедонското наследство кое што со своето делување го остави Гарет Еванс.

Александар Стеванов, објавено и на Македонска Нација

No comments: