June 24, 2012

Карпошовата заклетва

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

КАРПОШОВATA ЗAKЛETBA

Враќајки се во есента 1688 година од својот поход во Македонија и Метохија, Јеген паша логоруваше во Куманово. Оваа прилика турското население ја искористи на Јеген паша да му се пожали на ајдуците. Сослушувајќи ги Јеген паша праша: кој е ајдучки водач и од каде е. Откако му ги раскажаа сите подробности за Карпош и за неговата фамилија, Јеген паша реши да го продолжи својот престој во Куманово со намера да ги уништи Карпош и неговите чети, кои беа мошне намножени.

Како прв потфат во таа акција Јеген паша испрати свои луѓе во селото Војник. Откако ги фатија карпошовиот татко и чичко, ги преведоа кај Јеген паша. По негова наредба беа јавно погубени „за пример“ на другите.

Во тој период Карпош се наоѓаше во близината на градот Радомир, подготвувајќи логор за зимуване, каде што имаше намера таа зима да ја мине со своите најблиски соработници. Кога слушна за злосторството на Јеген паша, над неговиот татко и чичко, уште истиот ден го напушти веќе подготвениот логор и со своите луѓе тргна по правец на селото Војник. Од куќата на неговиот татко останал само пепел. На остатоците од куќата во која се родил Карпош ја изрече следната свечена заклетва:

„Се колнам дека во борба за слобода на својата земја и на својот народ ќе ги осветам убиениот татко и чичко со крвта на главниот крвник Јеген паша“.

Продолжува

No comments: