Заговор против Султанот

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

ЗАГОВОР ПРОТИВ СУЛТАНОТ

Поразот на турската војска пред Виена влијаеше мошне многу да опадне угледот и престижот на султанот Мехмед IV. Одделни војсководци и важни големодостојници го обвинуваа султанот за погрешна политика и за многу други слабости во Царството. Тоа даде повод за ковање заговор против слутанот Мехмед IV со намера да го соборат од престолот.

Заговорниците, меѓу другите, се обидоа да го вовлечат во заговорот и Халеп Јеген Осман паша, кој, за разлика од другите команданти, се прослави при повлекувањето по поразот кај Виена. Тој имаше задача да го штити левото крило на турската главнина. Поради своите смели акции, што внесуваа полет и го креваа разнишаниот морал на турската војска, беше забележан како надарен и способен командант. Со негова заслуга беше спасен огромен плен и многубројни робови.

Јеген паша, дознавајќи за заговорот против султанот Мехмед IV што го коваа неговите противници, тој му го откри заговорот на султанот. Како надомест за верноста султанот Мехмед IV го наименува за командант на јаничарските единици, кои под негова команда ги убија речиси сите заговорници. По таа успешна акција султанот Мехмед IV му ја даде најстарата ќерка за жена и истовремено го наименува за беглер бег на Румелија — една од најголемите и најважните покраини на Балканот со седиште во Софија.

Co колежот на заговорниците против султанот Мехмед IV, како и со назначувањето на Јеген паша на така висока функција, не се изменија приликите во Турција. Незадоволството против султанот Мехмед IV од ден во ден стануваше сè поголемо. Одново почна да се размиалува со преврат да се собори од престолот султанот Мехмед IV.

Во 1687 година, одново беше организиран заговор против султанот со истата цел. Овој пат беше организиран со многу поголема претпазливост и многу подобро од претходниот. При превратот беше убиен султанот Мехмед IV, а на негово место беше доведен за султан Сулејман II.

Еген паша не ги прифати промоните па престолот. Румелија ја прогласи за независна од централната власт во Цариград. Бунтот на Јеген паша создаде уште поголем хаос во Турското царство. Неговата постапка имаше мошне голем одек во целото Царство, со што беа разнишани и самите основи на Турското царство во периодот од 1687 до 1689 година.

Од Цариград беа упатени повеќе казнени експедиции против Јеген паша, што тој секогаш успеваше да ги разбие и повеќето луѓе од тие експедиции да ги придобие за своето дело. Многу офицери и разни големодостојници кои му останаа верни на султанот Мехмед IV, му приоѓаа на Еген паша, создавајќи на тој начин едно мошне силно упориште на Балканот против централната власт во Цариград.

Почувствувајќи се апсолутен господар во Румелија, во својство на одметник од престолот, откако наполно го уништи авторитетот на турските власти, укинувајќн ги сите законски гаранции и права на граѓаните, почна да ограбува сè од ред; не ги почитуваше ни аџиите кон одеа или сс враќаа од аџилак. Неговите банди навлегуваа и во други области: мошне често допираа дури до Скопје, Призpeн и Пеќ. Во еден од тие ограбувачки походи но 1688 година учествуваше и самиот Јеген наша. Притоа стигна и до Пеќката патријаршија. Патријархот Арсинија III го уцени со 30 кесиња чисто злато. Иако му беше неплатена бараната сума, не ги поштеди животите на неколкумина калугери и многубројни селани. Скрнавењето на ова христијанско светилиште предизвика мошне голем револт кај христијанското население и кај самнот патријарх Арсенија III, што придонесе уште повеќе да се прошири и онака веќе мошне силното ајдучко движење и неговото прераснуваше во востаничко движење.

Продолжува

No comments: