Мемоар од Глигор Начович до Турците во врска со Македонците 3. дел

Следствено, спасот не е во една војна, туку во реформи на областите. Штом овие реформи ќе се воведат, Кнезот, којшто денес трепери од Македонците и неговата влада, ќе ги зауздат комитетите, бидејќи со себе ќе го имаат целото општествено мнение во Бугарија. Сега тоа мнение е во корист на Македонците и динамитаџиите, зашто животот во Македонија е невозможен; но по реформите тоа ќе се сврте против Македонците, зашто тие веќе не ќе имаат причина да се бунтуват, бидејќи животот, имотот и честа во Турција ќе бидат безбедни.

Реформите, бидејќи воведуват ред, сигурност и правосудство во вилаетите ќе го подигнат нивното производство, бидејќи трудот и имотот ќе бидат безбедни. Под турска власт, Бугарија не извезуваше стоки ниту за дваесет милони, сега извезува за близу сто милони, нејзиниот буџег е тежок сто милиони, а населението е задоволно. Таа има банки, каси, осигурителни друштва, државни железници, пристаништа, војски, параходи, а сето тоа е постигнато за 25 години, благодарени на редот во земјата, на сигурноста, правосудството и на чесноста. Колку повеќе од овие нешта ќе се добијаг во Tyрција, ако и таму се воведе преобразувањето?

Вашите пријатели сметаат, дека Бугарите не биле искрени и се приметале ту кон Русија, ту кон Турција. Тоа е мачно, но причината за тоа е само македонското прашање. Бугарите мечтааг по својата независност, но мадонското прашање ги става во голема опасност. На нашата граница сега им 200 000 турска војска и тоа не тера да бараме покровители. Кога ќе се премавне ова прашање, Бугарите ќе имаат само една мисла: да ја бранат својата независност. Ова независност е загрозена само од Русија и поради тоа, Бугарите ќе се прилепат само за Високата Порта.

Вашите пријатели говорат за покровителство на Англија или Германија. Дали не е подобро да ја подобрат својата упрва, да напреднат и да се засилат, наместо да паднат под ропетво? Дали не е подобро да ги задоволат Македонците наместо да ги стаса судбината на Египет, на Тунис, на Алжир, на Крит? Ние сме мал народ и не сакаме никој да не покровителствува, не ги сакамe ниту Русите, ниту Австријците, ниту Французите. Зашто вашите пријатели не го следат нашиот пример? Дали тој не е повеќе доблесен и поусогласен со државните интереси?

Bo Јилдиз сакаaт да ја видат нашата искреност. Ние ја имаме, а ако не ја покажавме, причина се Македонците кои нè завладеале и кои, благодарение на австриските интриги, станаа наши господари. Направете реформи, дајте им една татковина, а тие тогаш ќе се одделат од Австрија и ќе станаат ваши и наши пријатели, добри патриоти, готови да ја пролеат својата крв против Австрија, дури и против Бугарија.

***

Овој Мемоар го испратив на Д. Маринов во Цариград во 1903 година, кога тој уште беше при Егзархијата за да го покаже на некои свои пријатели младотурци од бугарско потекло, а сега високостоечки влијателни лица и по прочитувањето да ми го врати.

Крај

No comments: