June 3, 2012

Мемоар од Глигор Начович до Турците во врска со Македонците 2. дел

Bo Илдиз знаат повеќе работи, отколку во Министерството за надворешни работи и затоа не ни објавуват војна. Таму знаат, дека Македонските комитети не се поттикнуват од бугарската влада, туку од Австрија; таму знаат, дека Сарафов од Австрија добива милиони левови, динамит, пушки и слично, вчера еден поранешен министер ми рече, дека во негово време Македонците добиле од Австрија 4000 манлихерови пушки, кои тој тајно ги пропуштил но Бугарија, бидејќи го заплашувале, дека ќе го убијат ако се спротивстави. Таму знаат, дека Австрија ја бунтува Македонија со цел за да ја грабне и затоа во Илдиз не сакат да водат војна со Бугарија, туку со неа да направат сојуз. Тие таму тоа го сакат, но незнаат како да го постигнат, бидејќи се полни со предрасуди.

Но тој сојуз, кој што го сакаат и Бугарите, не може да се случи, освен ако се задоволат Македонците, т.е. ако се внесат широки реформи во трите вилаети. Ако тоа се случи. Македонците, кои денес ја повикуваат Австрија за да ги окупира, ќе се бијат рамо до рамо со турските низами против Австрија, па дури и против Бугарија, ако таа се осмели да ги протегне своите раце кон Македонија. Тоа е излезот кој ние Бугарите го сакаме.

Ние го сакаме, без меѓутоа да веруваме во неговото постигнување, бидејќи луѓето на Портата не се способни да ги користат лекциите од историјата. За да се уверите во тоа отворете ги протоколите од Конференцијата во Топхане од 1876 година и прочитајте. Ако Портата, тогаш ги прифатеше предлозите од оваа Конференција, денес Бугарија уште ќе беше турска област. Портата ги отфрли овие решенија со изговор, дека ќе воведе ycтав и ја загуби Бугарија, Босна, Херцеговина, Тесалија и други. А проектот на уставот, кој што можеше да ја спаси, денес отиде при Хатихумајунот и Хатишерифот.

Вашите пријатели говорат, дека прифаќат да ни ја отстапат Македонија ако ги победиме, дека ќе се потчинат на Англија, Германија и други. Тоа се зборови на луѓе, кои немаат појма од патриотизам. Еден патриот не допушта пропаѓање на својата татковина, туку ги употребува сите средства за нејзин спас. Како што во 1876 година, Портата ќе ја избегнеше катастрофата со воведување на некои промени од кои и самото турско население ќе имаше корист, така и сега таа ќе ја избегне катастрофата и конечно ќе се отргне од македонските мешаници, ако ги воведе реформите, коишто Начович ги беше предложил. Toа е единствениот лек, а сите други мудрувања се детски приказни.

Бугарите не сакаат војна. зашто војната е нешто безбожно, а освен тоа и зашто знаат дека дури и да бидат победници, пак ништо нема да спечалат. Како по Сливница така и по нова победа и тие и Турците ќе се вратат назад без некое проширување на границите, зашто тоа нема да го допушти ниту Австрија, ниту Русија. Тие сакаат бурекот да остане цел, бидејќи не се задоволуват само со дел од него. Тие не сакаат на исток да има силни држави за дa може полесно да ги голтнат и да го сомелат. Бугарите се против бунтовите во Македонија, бидејќи се плашат, дека Австрија ќе најде причина да влезе во таа област, а Русија за комнензација ќе ги завладее Цариград и Дарданелите, тогаш Франција, Англија и Италија ќе гледат кој дел од Турската империја да го докопат. Бугарите не го сакаат бунтувањето на Македонија, но не можат да го сопрат, бидејќи се слаби и бидејќи Австрија им номага на бунтовниците и ќе продолжи да им помага.

А сето тоа ќе се случи бидејќи Портата не (рачи - фати) да ја усреќи државата да го следи примерот на Јапонија и да се цивилизира!

Денес во Македонија, еден се труди, а друг јаде. Повеќе од илјада села им пипаѓат на беговите и се обработуваг од (клакаше) и згора на тоа во секое село има по еден падар кој го прибира тоа што бегот заборавиол да го дигне. Во дваесетиот век таква управа не се трпи. И додека тоа трае, револуциите нема да престанат.

Каков интерес има државата да подржува една положба, колку неправедна, толку и опасна за самото нејзино постоење? Каков интерес има државата да онеправдува милони граѓани за да се прехрануват неколку стотини (тунејадци) од кои таа нема никава корист. Разбирам, во поранешните векови, кога беговите кои се господари над селата, одеа да умират за татковината, меѓутоа сега тие умират само од повреди на стомакот и од пијанчење. И за такви непогодни државата се изложува на пропаст!

Продолжува...

No comments: