May 31, 2012

Носија - Пијанец

Македонска народна носија - Пијанец

Wikipedia:
Во планинскиот предел Пијанец кој го опфаќа и рударскиот регион Саса, женската носија е оформена со едноставни облеки во смирени темни тонови. Врз кошулата која на градниот дел има огрље, се носи саја сосема поинаква по материјал, крој и украсување од истоимените облеки во пределите на Западна Македонија. Сајата во овој предел е долга црна горна облека, со долги ракави, која сосема ја покрива кошулата, а е направена од тенка волнена ткаенина, означена исто така со називот саја. Аплицираните гајтани и бикме на градите и ракавите ја украсуваат оваа облека од составот на женската носија. И во овој предел се носи црно волнено џубе, како празнична и невестинска облека. Се опашуваат со ткаен појас и скутина фута, фута - литарка.

Во машката носија, врз платнената кошула се носи куса безракавна пругасто - шарена облека наречена џепалка и потури од волнена валана ткаенина, чии ногавици со капаци се украсени со гајтани. Околу половината се опашува впечатливо широк, ткаен појас. Шубарата од јагнешка кожа е покривка за главата на мажите од овој регион.

No comments: