Вино ми се пие

ВИНО МИ СЕ ПИЕ

Вино ми се пие, а вино е скапо,
за ракија пари немам, а вода не сакам.

Истерај го, Недо, лудото од дома!
- Не го терам, мила мамо, оти ми е мило.

Во мејана било, ројно вино пило,
се опијанало, мамо, пато го грешило.

Истерај го, Недо, вечера немаме!
- За лудо вечера, мамо, пазар е правена.

Мојте црни очи - две буклии вино,
мојто бело лице, мамо, - две бели погачи.

Мојте бели гради - две бели галаби.
Ќе си повечера, мамо, и ќе го прободам.

Танец + Костурчанки

No comments: