Немој да идеш либе Марике

НЕМОЈ ДА ИДЕШ ЛИБЕ МАРИКЕ

Проклет да биди, аир да не види
кој љуби чужд ерген,
проклет да биди, аир да не види
кој љуби чужд ерген.

Немој да идеш, либе Марике,
не можиш да дојдиш,
таму си има широко море,
не можиш да дојдиш.

- Јас ќе се сторам морската риба
и ќе го препливам,
и пак со тебе Ангел ќе дојдам
и твоја ќе бидам.

Немој да идеш, либе Марике,
не можиш да дојдиш,
таму си има висока гора,
не можиш да дојдиш.

- Јас ќе се сторам шарено пиле,
гора ќе прелетам,
и пак со тебе Ангел ќе дојдам
и твоја ќе бидам.

Немој да идеш, либе Марике,
не можиш да дојдиш,
таму си имам жена и деца,
не можиш да дојдиш.

- Јас ќе се сторам твојата сенка,
до тебе ќе бидам,
и пак со тебе Ангел ќе станам
и твоја ќе бидам.

Цар Самуил

No comments: