Ај што ми биле вратничанке

АЈ ШТО МИ БИЛЕ ВРАТНИЧАНКЕ

Ај што ми биле вратничанке
бели ем црвени,
црвен пипер јале, бело вино пиле
- затој са бели црвени.

Кога мажите на орање одат
- жените в ладна меана.
Кога мажите од орање одат
- жените глава врзале.

А мори жено, ти жива жабо
кажи што ти се јаде?
- Мене ми се јаде пржена кокошка
уште незаносена.

А мори жено, ти жива жабо
кажи што ти се пие?
- Мене ми се пие тригодишно вино,
три пута преточено.

Трио Гавровски

No comments: