May 9, 2012

Александар Сариевски

Александар САРИЕВСКИ (Галичник, Гостиварско, 1922 ‡ Скопје, 19. XII 2002), интерпретатор на народни песни. Кариерата ја започнал во Македонската радио-телевизија (од 1945 г., како хармоникаш и пејач во Малиот народен оркестар) и во ансамблот „Танец“ (од 1950 г., како тапанџија и пејач). Настапувал низ целиот свет и стана своевиден „заштитен знак“ за интерпретација на песните од Западна Македонија. За продукцијата на МРТ сними неколку стотини песни, најчесто како солист, но и во дует со други врвни интерпретатори („Филизо, моме Филизо“, „Кандисал Ајредин паша“, „Дејгиди луди млади години“, „Те кажувајет бре Илиној моме’ и др.). Во еден период бил и продуцент за Македонија во Музичката продукција на РТ Белград.

М. Кол. Македонска Енциклопедија

No comments: