Historie - Charles Rollin

Тврдењето на денешните Грци дека античките Македонци всушност биле исто што и античките Грци уште еднаш е отфрлено како лага.

Во книгата на Чарлс Ролин (Charles Rollin) од 1730-1738 година, античките Македонци и античките Грци се опишани како два различни народа, па дури и во самиот наслов на книгата: "Античка Историја на Египќаните, Картагинците, Асирците, Вавилонците, Медијците и Персијците, Македонците, Грците"

(Histoire ancienne des Égyptiens, des Carthaginois, des Assyriens, des Babyloniens, des Mèdes et des Perses, des Macédoniens, des Grecs)

Горе: фототип од насловот во оригинал на француски јазик; долу: фототип од насловот на англиски јазик.













Понатаму во книгата пишува (стр. 414) дека античките Македонци не се чувствувале како Грци:

"МАКЕДОНИЈА. Тоа беше долго време пред Грците да имаа некоја голема врска со Македонија. Нејзините кралеви кои живеле во шумите и планините, се чини дека не се сметале како дел од Грција. Тие се преправале дека нивните кралеви, од кои Каран е првиот, потекнуваат од Херкул. Филип и неговиот син Александар ја зголемиле славата на ова кралство на многу висок степен. Тоа опстојувало четиристотиниседумдесетиедна (471) година пред смртта на Александар, и продолжило уште стоипеесет (150) години, до Персеј кој бил победен и преземан од страна на Римјаните. Во сите, шестотинидваесетишест години (626) години."


("MACEDONIA. It was a long time before the Greeks had any great regard to Macedonia. Her kings living retired in woods and mountains, seemed not to be considered as a part of Greece. They pretended, that their kings, of whom Caranus was the first, were descended from Hercules. Philip and his son Alexander raised the glory of this kingdom to a very high degree. It had subsisted four hundred and seventy-one years before the death of Alexander, and continued one hundred and fifty-live more, till Perseus was beaten and taken by the Romans; in all, six hundred and twenty-six years.")

Инаку Чарлс Ролин бил истакнат интелектуалец. Во 1687 бил назначен за професор по реторика во Плесис (Plessis) , во 1688 бил назначен за професор по реторика на Кралскиот колеџ (Collège royal). Во 1694 е избран за ректор на Универзитетот во Париз (université de Paris), во 1701 станува соработник на Кралската академија за натписи и медали (Académie royale des inscriptions et médailles).

Во 1696, тој го презема раководството на колеџот Бове (collège de Beauvais), при што извршил реорганизација и неговата администрација се одликува по реформите.

Во негова чест се именувани колеџ и улица во Париз кадешто живеел, а негова статуа има и во познатата Сорбона.

Автори: Благојче Андонов и Александар Стеванов

Објавено и на Macedonian Spark

No comments: