Грчки воени писма

Грчки воени писма, сведоштва од јули 1913 год. - Macedonium

Како додаток бр. 51 во Извештајот на Карнегиевата балканска комисија, се повеќе писма на грчки војници, најдени во поштенските пратки на 19-ти полк од грчката 7-ма дивизија, а фатени од Бугарите во околината на Разлог.
Иако најверојатно селектирани, и од оние кои се дадеди на увид на комисијата може да се увиде вистинската бугарско-грчка војна за Македонија и македонскиот народ.

писмо бр. 28

Мој драги Леонидас Баница, 11 јули 1913

Не можам да најдам хартија за да напишам, оти сите села тука се изгорени, а сите жители избегани. Ние ги палиме сите нивни села и сега не среќаваме ни жива душа. Морам да ти кажам дека сме близу старите граници со Бугарија. ЈА ОКУПИРАВМЕ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ОСВЕН ТРАКИЈА. ***

Сакам веднаш да ми одговориш.
Ова е мојата адреса:
Каплар Георгиос Коркоцки,
19-ти полк, 3-ти батаљон, 11-та чета, 7-ма дивизија, каде и да бидеме.

(Извор “Извештај на Карнегиевата балканска комисија”, дел “Додатоци” - писмо бр. 28, стр 360-361 од македонското издание-април 2000 год.)

Писма на грчки војници од 1913 година во фотодокументацијата на Карнеги комисијата

Факти кои се наметнуваат од ова писмо:

1. Грците се во Баница, каде како и сите други македонски села, се е изгорено и раселено та нема дури ниту лист хартија да се најде.

2. Според пишувањето на овој грчки каплар, тоа е заради систематското палење на македонските села од страна на грчката војска.

3. Врв на ова самопризнание е кога тој како Грк вели дека “ја ОКУПИРАЛЕ цела Македонија, ОСВЕН Тракија“(?!).

4. Ова значи дека ГРЦИТЕ СЕ ОКУПАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА уште од 1913 год., но и дека Тракија (Одринско) е сметана како дел од Македонија (штом вели “ЦЕЛА Македонија ОСВЕН Тракија”).

5. Денес кога Грците крештат за “грчка Македонија“ и кога најподмолно бараат од нас самоодречување од сопственото ни име, има ли посилни факти од овие писма на нивните окупаторски војници од 1913 год?

6. Дали, домашната ни петта колона, кога денес најодвратно се лигави над нашето име и лее крокодилски солзи предизвикани од полните им усти со грчка храна, е свесна колкави реки македонска крв, детски “искршени” очи и куќни пеплишта се напластени по Македонија од Грците во 1913 год?

Писмо бр. 12

Мој драги Леонидас: Родопи, 13 јули 1913

Држи се добро, како мене. Тоа ти го посакувам јас. Го примив твоето писмо кое многу ме задоволи. Исто така добив едно писмо од Аристидес, кој е добро и пишува дека исто така бил регрутиран, што ме растажи, зашто моите страдања се такви што не може да се утешат со солзи, бидејќи се се изгубено, зашто не можете да си замислете што се случува во војна. Селата се запалени, а исто така и луѓето, а ние самите ги палиме огновите и правиме полоши нешта од Бугарите.

Твојот сакан брат
Томас Запантиотис

(Извор “Извештај на Карнегиевата балканска комисија”, дел “Додатоци” - писмо бр. 12, стр 357 од македонското издание-април 2000 год.)

Писмата од грчките војници на карнеги комисијата им ги предаваат Бугарите од Грци заробеници

Факти кои се наметнуваат од ова писмо:

1. Според пишувањето на овој грчки војник, во грчкото напредување кон Бугарија (пред која се Македонија и Одринско) сите села систематски се палат.

2. И не само селата но како што вели војникот и луѓето се запалени. Но она што е посебно интересно овде, тој вели дека тие (Грците) прават и други нешта кои пак се полоши дури “и од Бугарите”.

3. Ова ќе рече, дека и едните (Грците) и другите (Бугарите) всушност вршат систематско чистење на македонскиот народ заради чија земја всушност завојуваат Бугарија и Грција.

Писмо бр. 4
бугарска граница, 11 јули 1913
Драги брате Јоани:

Овде живеат архикомити. Ние ги масакриравме сите. А местата низ кои поминавме за секогаш ќе ми останат во сеќавање.
Наредник Клетанис

No comments: