Спомени за Димитар Влахов 2

Спомени за татко ми - Густав Влахов

ДИМИТАР ВЛАХОВ

Колку пак решително уште во тоа време Димитар Влахов стоеше на позициите за самостојноста на борбата на македонскиот народ и против мешањето отстрана, а во прв ред против интригите на бугарскиот царски дворец и неговите слуги од редовите на десницата на македонското движење, може донекаде да покаже и овој настан. Една недела во есента на 1911 година бугарскиот дворец, преку разни наемници организира атентат на пазарот во Штип, во чија близина се наоѓаше и една џамија. Едно магаре, натоварено со динамит експлодира, во определеното време на пазарот преполн со луѓе. Експлозијата придизвика смрт на неколку десетици граѓани од Штип и соседните села. Како одмазда за овој атентат беа убиени уште десетина и повеќе луѓе, а значителен број беа ранети. Токму тоа и го сакаа бугарските империјалисти и авантуристи кои веќе се подготвуваа да ја поделат Македонија.


Димитар Влахов во согласност со солунската Социјалистичка федерација презеде иницијатива во Штип да се испрати парламентарна анкетна комисија која случајот ќе го испита во целост. По неколку дена беше составена комисијата во која се најдоа Христо Далчев (пратеник од Серес), Тодор Павлов (пратеник од Скопје) и Димитар Влахов (пратеник од Солун). Четвртиот пратеник Панче Дорев од Битола, кој беше член на младотурскиот комитет и во исто време доверлива личност на бугарската Егзархија, одби да учествува во оваа анкета. Натаму, во комисијата беа Сава Стојановиќ, Србин, пратеник од Приштина, д-р Константинидис, Грк од Родос, Риза Тефик, Турчин од Одрин и арапскиот пратеник Абдул Хамид Зогреви од Сирија. Еден дел од пратениците, т.е. Македонците, Србите и Грците, анализирајќи ги пошироко причините на ова злосторство, сметаа дека основната одговорност ја носат органите на власта додека пратениците муслимани сметаа дека се одговорни исклучиво организаторите на провокаторскиот атентат, така што општ извештај — меморандум — не можеше да биде составен. Меѓутоа, Димитар Влахов не се задоволи со ова. Тој даде исцрпно интервју, како во весникот „Ендепандан“ во Солун, така и во весникот „Л'жен Тирк“ во Цариград, каде што решително го жигоса и самиот масакр од страна на Турците, но и ваквиот начин на борба против постојната состојба, застапувајќи се притоа за тезата дека изолираниот индивидуален терор не може да доведе до траен успех.

Во врска со Балканската војна може да биде од интерес активноста на Димитар Влахов околу познатиот Манифест на петте социјалистички партии — вклучувајќи ја и Солунската социјалистичка федерација — против Балканската војна.

Уште за време на објавувањето на мобилизацијата, претставниците на социјалистичките партии во Турција, заедно со претставникот на Социјалистичката партија на Романија д-р К. Раковски (Д-р К. Раковски е основач на Социјалистичката партија на Романија, а подоцна прв претседател на Советот на народните комесари на Украина и амбасадор на СССР во Париз. Пријател е на Д. Влахов.) како и со познатиот германски социјалист Парвус (псевдоним за Александар Израел Хелпханд, публицист од крајот на XIX и почетокот на XX век. My припаѓа на левото крило на Германската Социјалдемократска партија. Автор е на „Теоријата“ за перманентната револуција што подоцна од него ја презема Троцки. За време на светската војна стои на крајно десните позиции на социјалдемократијата), изработија манифест против Балканската војна. Тој манифест го потпишаа: од името на Ерменската социјалдемократска партија Химчак Мурат, на Ерменската партија Дашнакцутан Врањан, на Солунската Социјалистичка федерација Димитар Влахов, на Еврејската социјалистичка партија — Бенгурион, на Романската социјалистичка партија — К. Раковски.

Манифестот беше печатен во прогресивните весници во Турција, а го отпечатија и „Радничке новине“ од Белград и Романската социјалистичка партија.

Бугарските социјалисти и тесните и широките — не го печатеа манифестот од веќе познатите причини и, со неколку исклучоци (Д. Благоев, Г. Димитров) беа многу тесногради во однос на македонското прашање.

Како што е познато, Балканската војна е оценета како прогресивна војна во која со обединети сили тукушто основаните балкански држави војуваа против конзервативната и заостаната Турција. Но за македонскиот народ ова беше многу тежок удар. Co оваа војна дојде до познатото распарчување на Македонија на три дела и до една засилена и систематска политика на денационализација со сите средства.

Навистина е тешко да се одреди прогресивниот карактер што и се припишува на оваа војна, ако цената за тоа требаше да биде поробувањето и ограбувањето цел еден народ. А за македонскиот народ оваа војна не значеше ништо друго туку почеток на нови и недогледни теглила.

По Првата светска војна, на многумина и од самата десница на македонското движење им стана јасно дека преку таканаречената „ослободителна мисија“ на Бугарија не само што не може да се постигне ослободување, туку дека дојде и до распарчување и систематска денационализација на македонскиот народ.

Во тие услови и ВМРО, на чело со Тодор Александров и генерал Протогеров, иако во бугарската држава играа многу видна улога, почнаа да бараат излез од ваквата ситуација. Всушност, ВМРО претставуваше држава во држава. Организацијата собираше намети од населението за своите потреби, мачеше и убиваше, организираше атентати во самата Бугарија, а и во соседните држави. Сево ова доведе до значителна пасивизација на членството во однос на ВМРО, која започна да ја губи довербата кај македонската емиграција, која во тоа време имаше околу 750 илјади лица, a пo спогодбата со Грција во 1925 г. нејзиниот број се зголеми на скоро 900.000 покрај уште околу 250.000 Македонци во Пиринскиот крај. Значителен број Македонци почнаа да се активираат преку револуционерните движења, во прв ред зачленувајќи се во комунистичките партии, а особено пo победата на Октомвриската револуција.

Се одеше кон тоа да се воспостават врски со Советскиот Сојуз, центар на револуционерното движење во светот, во тоа време. По повеќе претходни разговори, Т. Александров застана на становишето дека за една ваква цел најпогоден би бил Димитар Влахов, кој беше познат како социјалист. Co посредство на Павел Шатев доаѓа и до први контакти меѓу Т. Александров и неговите соработници и Димитар Влахов. Многу подоцна во своите спомени тој ќе запише: „Јас толку верував во искреноста на Советскиот Сојуз и во неговата искрена желба да му помогне на македонското ослободително движење, што без никакво двоумење и резерва ја примив понудата и сметав дека е дојден моментот македонското движење да се истргне од влијанието на бугарската буржоазија и дворец и дека навистина ќе стане независно ослободително движење.“ (Од уште необјавените мемоари на Димитар Влахов, Том I стр. 314).

Овде треба да се додаде дека Советскиот Сојуз, преку својот претставник К. Раковски, беше го поткрепил веќе македонското револуционерно движење на една меѓународна конференција во Лозана во 1922 година.

Ho Т. Александров немаше доверба во Димитар Влахов така што му го придодаде и својот зет Михаил Монев, инаку активен работник во ВМРО.

Продолжува

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]   

Обработка Дукадин и А.С.

3 comments:

Марин Кунев (македонец или българин) said...

Кажете че е бил български консул в Одеса.
Истината е, че част от ръководството на ВМРО попада под силно влияние на Коминтерна. А идеята за самостоятелна Македонска държава е на комунистите. Едва ли някой разумен човек може да защитава комунистите. Избили интелигенцията на всички държави, където са стъпили.

Марин Кунев (македонец или българин) said...

Реакцията на ВМРО по повод на статия, публикувана на 11 януари 1930 г. в „Дойче Алгемайне Цайтунг”.
В статията се твърди, че „македонците не са нито българи, нито сърби, представляват едно особено племе от югославянската националност”. В отговор на това ВМРО (об.) съобщава, че в статията не казва нищо ново, защото това е официалната теза на великосръбската идея.

...„В Македония отделна македонска народност не е имало и няма, както не е имало и няма например швейцарска народност. Имало е и има отделни народности, които кои повече, кои по-малко населяват Македония, както има френска, немска, италианска и романска народност, населяващи Швейцария. И както тези четири главни народности, обособени в една географска, политическа и икономическа единица, носят общото название швейцарски народ, така и българите, гърците, турците, власите, албанците и сърбите, доколкото ги има, родени и живущи в Македония, образуват разнородностната мозайка, която носи общото название македонски народ.”

Марин Кунев (македонец или българин) said...

Не искам да кажа, че в момента няма Македонска нация. Тази нация е формирана на основата на народите които са живели на тази територия след 1913 г. (има разлика между народ и нация).
Най-голям дял (но не единствен) в образуването на Македонската нация има българският народ, българската църва, и българските революционери.