March 17, 2012

Грб 16 крако сонце

Ексклузивно! Предлог грб на Република Македонија од 1992/93 година. Златно 16 крако сонце на црвен штит.

Поради надворешен притисок и уцени овој планиран грб на Република Македонија, кој што го носи истиот симбол како и првото знаме на Република Македонија (1992-1995) никогаш не се усвојува.

По повод плановите за усвојување на овој грб Џорџ Сорос ќе упати писмо до Собранието на Република Македонија во кое пишува:

"Разбрав дека постои намера сонцето на Александар Велики* да се усвои за државен грб. Ако донесете такво решение мислам дека ќе ги изгубите симпатиите на светот. За жал другиот предложен симбол лавот**, исто така има негативни импликации." - Џорџ Сорос (5 јануари 1993, објавено во Нова Македонија 7 јануари 1993)

* се мисли на 16 кракото македонско сонце, познато и како сонце од Кутлеш (Вергина).
** најверојатно се мисли на грбот со лав дизајниран од Грчев, што подоцна ќе стане официјален грб на СМК.

No comments: