February 20, 2012

Осуден за книга за Македонците

Осуден за книга за Македонија и Македонците

Во 1924 година Коста Новаковиќ објави книга под наслов “Македонија на Македонците! Земјата на земјоделците!„

“...И Србија ,и Бугарија и Грција им служеа постојано како слуги на едната ту на другата му империјалистичка држава. Македонците увидоа дека нивното ослободување може да дојде од самите нив.„

„Македонците ја создадоа својата внатрешна македонска организација во Солун во 1893 година.Тие ја истакнаа паролата:

Македонија на Македонците!Земјата на селаните!За автономија на Македонија!
Организацијата ги опфаќаше сите националности: Македонците, Србите, Бугарите, Грците, Власите, Турците.“

Ова е дел од книгата заради која авторот ќе биде осуден, а делото забрането.
Поради оваа книга тој е осуден на 6 месеци затвор.

Коста Новаковиќ (1886-1939) бил Србин во раниот 20-ти век. Истакнат член на српската социјалдемократска партија и еден од основачите и лидерите на Комунистичката партија на Југославија. Исто така бил уредник на весникот “Труд„, „Работнички“, и „Битката“ .

Во 1906 година тој се приклучи на српската партија „Социјалдемократската партија„ која дејствуваше како опозициона партија во Кралството на Србија, силно спротиставувајќи се на плановите за “Голема Србија“ т.е. за проширување кон Македонија и Албанија. Заедно со Тучовиќ, Лапчевиќ и Драговиќ, станува еден од најистакнатите членови и првенци во партијата .

Во текот на Првата Балканска Војна е дел од Експедициски сили, кои учествуваат во српската кампања во Албанија. Оставил сведоштво за насилното колонизирање на српската држава во Косово ,кое било извршена во области со етничко албанско население.

На основачкиот конгрес на Комунистичката партија во 1919 година, Новаковиќ бил избран за член на нејзиното непосредно управување. Коста Новаковиќ бил избран за член на Централниот комитет на Комунистичката партија и бил делегат на Четвртиот и на Шестиот конгрес на Комунистичката интернационала. Во 1924 година бил осуден од Кралството на СХС на затвор од 6 месеци. Повторно бил уапсен на пет години затвор, но во 1927 година бега од затворот,го напушта кралството и емигрира во Советскиот Сојуз. Во Москва работел како помошник за печатење, под името John Doe Dragačevac .

Тој бил уапсен на 19 Јули 1938 година во времето на сталинистичките чистки. Стрелан е на 19 Април 1939 во Русија, заедно со други истакнати лидери на Комунистичката партија (Сима Марковиќ, Симо Мињуш и Акиф Шеремет), по одлуката на Тито да ги исклучат од партијата. Нивните тела биле кремирани, а останоците поставени во заедничка гробница.

Автор: Благојче Андонов, објавено со неговата љубезна дозвола.

Објавено и на Macedonian Spark

No comments: