January 6, 2012

Словените се доселиле во VI-от век (2)?

Технички е невозможно Словените да се доселиле на Балканот во шестиот век (2)

Драгољуб Антиќ, магистер по нуклеарна физика ја расветлува најголемата тајна на историјата.

Скопје 8 мај 2009 (МИМ)

КОРЕКЦИЈА НА ТЕОРИЈАТА ЗА ПРЕСЕЛУВАЊЕТО

Се разбира, ако се коригира теоријата за преселувањето на Словените, која е смислена од западноевропската историографија, тогаш секако ќе мора да се изврши ревизија и на целокупната современа историска наука, a со тоа мора темелно да се корегираат и сите заклучоци на денес водечките западноевропски нации и држави, сметаат историчарите што се залагаат за преиспитување на претпоставеното масовно преселување на Словените од зад Карпатите на Балканот. Овие истражувачи сметаат дека последниот век и половина најголем проблем во истражувањето на вистинската историја на Словените е како балканските историчари да се ослободат од наметнатата интелектуална инфериорност во однос на Запад за да се овозможи да се сфати дека сите факти за балканската историја се само меѓу балканските народи. За жал, западноевропските историчари уште пред 150 години ја имаат постигнато својата цел: успеале да ја состават својата национална историја на начин кој најмногу им одговарал на нивните национални интереси. Затоа бесмислено е од нив да се очекува било какво редефинирање на балканската историја, затоа што на Западот не му е од интерес да ја опишуваат вековната асимилација на балканските народи и грабежот на нивната историја, култура и писменост.

Според нивната невозможна преселничка” теорија, народи од десетина илјади до неколку милиони луѓе, буквално ја прокрстариле Европа долж и попреку, некои дури и повеќепати, како Визеготите, на пример, правејќи и растурајќи држави, создавајќи нови народи, јазици и култури каде што ќе стигнат, притоа сменувајќи се на разни територии на секои 30 до 50 години! Веднаш по таа бесмислена бркотница, сите тие силни народи одеднаш се смириле и повторно станале земјоделци, сточари, рибари...

СЛОВЕНИТЕ HE СЕ ДОСЕЛИЛЕ НА БАЛКАНОТ

Став на официјалната историографија, кој е доминантен и во Македонија, е дека Словените се доселиле на Балканот во релативно краток период кој обично се сместува меѓу 5от и 7от век. Таквиот став се базира на еден запис на византискиот цар Константин Седми Порфирогенит од 10-от век, според кој главната преселба се случила во 626та година. Токму на оваа историска вистина се прилагодуваат речиси сите наши историчари, специјалисти за тој период, модифицирајќи и отфрлајќи ги сите факти што не се вклопуваат во таквото сценарио. Доколку прифатиме дека вакво масовно доселување навистина се случило, тогаш мора да претпоставиме дека тоа секако морало да предизвика драстични етнички и културни промени на Балканот, иако не се знае како доселениот народ ги избегнал сите асимилаторски процеси во моќното византиско царство без да има пред тоа формирано некаква значајна државна формација. Од друга страна, пак, официјалната, преселничка историографија, воопшто не обрнува внимание на техничките претпоставки за една толку масовна преселба на цел еден народ.

Според мр Драгољуб Антиќ, електроинжинер, магистер по нуклеарна физика и автор на околу 170 научни и стручни студии од својата струка, има многу нелогичности во физичкотехничката изводливост на пресел бата на Словените низ предели испресечени со големи планини, пустини, реки и мочуришта: “Физичкото преселување на населението од едно на друго место подразбира цела низа предуслови и техничка опременост за реализација на преселбата, а потоа и за успешно населување во новата средина. Во секоја селидба не учествува само населението што се сели, туку, во голема мера, и населението што останува на местото на тргнувањето, потоа домицилното население на териториите преку кои се случува преселбата, како и населението меѓу кое доселениците се сместуваат. Фактот што голем број топоними на Балканот се многу постари од 57 век зборува дека тие се наследени од староседелците, зашто наследување на топоними не е возможно ако некој народ се доселува во испразнети или минорно населени простори. Наследените топоними се доказ дека морало да постои долг период на мирен соживот и јазичко проткајување. Меѓутоа, колку и да тврдат западните авторитети дека при големите преселби на народите настануваат големи мешања на населението и создавање на нови народни амалгами, а притоа неброените диви орди доаѓаат од некои недефинирани степи и северни пустари, каде што воопшто немало услови за опстанок на толку бројно население, сепак не можат да не убедат дека таквите преселби се физичкотехнички изводливи. Да замислиме преселба од пределот негде зад Карпатите” во која маса од 100.000 до 300.000 земјоделци со комплетните семејства, и со сето она што ги чини етничка група и организирана економскополитичка заедница, еден убав пролетен ден во 626-та година тргнува на југ и се населува на Балканот во области на медитеранска клима. Притоа мора да се знае дека тоа е население што живее од земјоделие, а тоа значи дека е поврзано со земјата, гробовите на претците, родовскоплеменската организација и некаков организиран систем на одбрана од разбојници и освојувачи. Се разбира дека сето тоа ја гуши желбата за преселба, па логично е таа да биде предизвикана со мотиви кои се појаки од наведените врски со родната грутка. Од друга страна, една заедница од 100.000 до 300.000 лица по правило троши толку храна за луѓето и за стоката колку што ќе произведе, зашто во спротивно вишокот на храна би пропаднап, па нема никаква смисла да се вложува толку тежок труд без потреба. Ако, пак, има вишок на храна, тоа делува на растот на наталитетот, а тоа го поништува вишокот на храна. Како и да е, масовната преселба на земјоделско население подразбира неопходност, освен вообичаената резерва на храна, да се обезбеди и храна за барем уште една година однапред. Тоа значи дека е потребна барем двојна годишна резерва на храна на ниво на заедницата, но ако има можност за такви резерви на храна, тогаш каква е потребата од преселба. Сепак, доколку претпоставиме дека и покрај се овој народ решил негде да се пресели, тогаш се поставува прашањето за транспортот на храната, опремата, алатките, облеката, реликвиите, стоката, живината и друго. Ако едно семејство од тоа време имало по 30 члена во три генерации, тогаш барем неколкумина од нив не се во состојба да поминат пеш пат од 10001500 километри. Значи, потребни се запреги за транспорт на овие лица, но и за резервите храна што се носат, па лесно може да се пресмета дека за едно семејство од 30 членови потребни се во просек 5 тешки запреги со по 4 коњи или волови, или дури 50 товарни коњи, ако семејството нема ниту една запрега”, смета Антиќ.

МАТЕМАТИЧКА ПРЕСМЕТКА

Колку тони храна за по пат Словените морале да носат за да стигнат здрави и живи на Балканот? Светската воена литература, на пример, прецизно го обработува поимот оброк”. Според која и да е воена енциклопедија, почнувајќи од римските легионери до денес дневниот оброк по војник е тежок од 500 до 1000 грама. Значи, дури и ако се користи оброк само за преживување, односно да се зема храна во тежина од околу 300 грама, за 500 дена, до првата жетва во новата татковина, неопходно е секое семејство од 30 члена со себе да понесе околу 5 тона сува, концентрирана храна. Ваквата исхрана во тек на 18 месеци, ако воопшто е возможна, сигурно би довела до масовни болести. Сточната храна, пак, која исто така е неопходна, повеќекратно е потешка од храната за луѓето. Само за исхрана на еден коњ потребни се дневно меѓу 3 и 5 килограми зоб и околу 5 килограми сено.

Егзактните податоци од оваа област говорат дека просечен товарен коњ може да носи околу 100 килограми товар, а литературата за старите Словени тврди дека нивните преселнички коњи биле високи од 123 до 148 сантиметри. Запрежен коњ на добар и рамен пат може да влече товар со тежина која е трипати потешка од негоната тежина. Оттука, лесно може да се пресмета дека за потребите на преселбата, едно словенско заткарпатско семејство од 30 члена треба да има пет тешки двоколки со no 4 влечни коњи или волови, или, доколку нема запрега, да поседува дури 50 товарни коњи! Толку коњи немало ниту едно семејство, зашто обичната математика покажува дека во таков случај дури 30 коњи се вишок, односно тие не можат да се издржат со храна во текот на целата година. Значи, освен куп храна секое семејство морало да располага и со огромен возен парк од запреги со многу запрежни грла. Ако секое семејство има толку храна, стока, запреги, коњи, свињи, овци и кози, тогаш каде е мотивот за преселба на огромно растојание и во непозната средина. Секако, воопшто не треба да се пренебрегне фактот дека движењето низ непозната средина, со толку стока и храна, всушност е потенцијален плен на разбојници, па потребно е меѓу 1030.000 војници за заштита, од кои барем неколку илјади коњаници, кои, се разбира, исто така, се товар на семејствата. Или, ако се знае каква габаритна колона е колона од 300.000 луѓе, се поставува прашањето со која брзина и колку долго колоната ќе се движи кон целта?

АЛЕКСАНДАР ВЛЕГОЛ ВО МАЛА АЗИЈА CO 5000 КОЊАНИЦИ!

Според мр Антиќ, математичар и експерт за нуклеарна физика, но и според истражувањата на голем број историчари кои тврдат дека таква масовна преселба за толку кратко време едноставно не е возможна, по претпоставка колоната Словени да тргнала од зад Карпатите со околу 10.000 семејства и преку 50.000 запреги, или преку 200.000 товарни коњи и коњи за јавање, дваесет илјади телиња, јунци, ждребиња и повеќе стотини илјади грла ситна стока, тогаш како е возможно преселба за толку кратко време и тоа токму преку Дунав!

За да видиме кол ку тој потфат навистина е неостварлив ќе се послужиме со сводоштвото на Карл Фон Клаузевиц, пруски генерал кој во 1812 година влегол во Русија и се борел против Наполеон. Според него, еден организиран марш на голема воена формација подразбира брзина на движење од 45 милји за 10 дена. И тоа, се разбира, е одлична брзина на движење за тоа време. Но, колоната на Словените што тргнале кон Балканот не е воена формација, па брзината на движењето на ваква колона е само неколку километри дневно. Ако за оваа преселба биле потребни да се поминат околу 1000 до 1500 километри, јасно е дека за тоа се потребни најмалку околу 200 дена без поголеми несреќи. Дури и ако народот се движи во една организирана формација, иако нема ниту едно име во историјата што останало забележано како водач на ваквата преселба, колоната би била долга околу 1000 километри, зашто секое семејство би зазело околу 100 метра со своите запреги, крупна и ситна стока. Може да се замисли каква колона е тоа, всушност жив мост кој го спојува местото на тргнување со местото на пристигнување. Или, додека едните уште би тргнувале, другите веќе би стигнале во Стоби, на пример. Дури и ако би се организирале десет паралелни колони, а тоа е невозможно, зашто нема таква ширина на просторот низ кој се движеле, должината на секоја колона би била по околу 100 километри. Оттука би биле потребни околу 30 дена секој дел од колоната да ја помине замислената линија на својот пат кон Балканот. Ако, пак, колоната минува низ еден предел во тек на 30 дена, тогаш јасно е дека трева за испаша на стоката може да има само доколку колоната се развлече во ширина, а тоа треба да биде простор од околу 20 километри, кој би требало да се задржи во текот на целото патување. Co вакво покривање на просторот би била опустошена, односно збришана секоја тревка и грмушка на површина од околу 150.000 квадратни километри, или простор кој е шестпати поголем од вкупната површина на денешна Република Македонија. Притоа проблемот со вода за пиење воопшто не е земен предвид од страна на официјалните историчари, кои тврдат дека Словените се доселиле од зад Карпатите токму на Бапканот. Да се напои со вода толкав народ и стока потребно е да се располага со вода за пиење на секои неколку километри, зашто нема никаква можност толкаво количество вода да се носи во запрегите. Слично е и со дрва за готвење и друго. И, на крајот, да претпоставиме дека овие храбри преселници сите реки на патот ги совладале со пливање, со скелиња или со прегазување, но потоа пред нив доаѓа Дунав. Што со Дунав?

Сепак, пред да стигнеме до Дунав, би требало да видиме што вели Клаузевиц за напредувањето на војската на Наполеон кон Москва во 1812 година. Од 301.000 војници кои тргнале во поход, во маршот долг 70 милји за 52 дена, Наполеон изгубил 95.000 луѓе од кои само 10.000 во двете битки; 85 илјади војници умреле од болест и заостанување во колоната. He го земаме овде предвид релјефот низ кој се минува, пошуменоста или планините, котлините и клисурите, кои бараат многу повеќе време од она што е потребно кога се минува по рамно поле. Се разбира дека по пат некои се раѓаат, други умираат; потребни се закопи, или спалувања на мртвите, а за тоа требаат дрва. Пасиштата на југот на Балканот, особено во јужна Србија и Македонија, уште во јуни се речиси сосема суви, а лисјата на дрвјата пожолтени, па нема шанси да се прави ниту лисник за храна на стоката. А притоа воопшто не ги спомнуваме и староседелците на Балканот, или во Македонија, кои ниту Римјаните толку не ги понижиле и покориле како оваа фантастична колона земјоделци што протатнеле низ Балканот дури од зад Карпатите! Но, како и да е, да се вратиме пак на Дунав, прескокнувајќи ги притоа Дњепар, Дон, Волга, Одра и Висла, а притоа како мала илустрација ќе кажеме дека Александар Македонски за да влезе во Мала Азија со 5000 коњаници имал комора од 2500 товарни грла со резерва од храна за еден месец. Колку товарни грла биле потребни за да се обезбеди храна за 300.000 луѓе кои тргнале на пат долг 1500 километри?

ДУНАВ HE МОЖЕ ДА СЕ ПОМИНЕ CO ТРСКИ ЗА ДИШЕЊЕ!

За да се зборува за поминување на Дунав со трски за подводно дишење, треба да се знаат неколку општи податоци. Имено, Дунав само во должината низ Србија, на пример, има длабочина од 1,8 до 21 метар, и ширина од 380 до 2000 метри. Од Гердап низводно Дунав е длабок 7 метри и широк околу 2600 метри. Во сливот тој во просек е широк околу 15 километри. Од Будимпешта до српската граница, особено на левата страна од Дунав, има повеќе мочуришта во ширина од 5 до 10 километри. Значи, преминот преку Дунав воопшто не е наивен потфат ни денес, а не пак пред 1400 години. Коњаниците во тоа време за премин на реки користеле надуени мешини од разни животни, а во некои учебници често се оперира и со некаков премин преку замрзнатиот Дунав. Останува секако и романтичарската верзија дека Словените го поминале Дунав со движење по дното, дишејќи со трски истопорени над нивото на водата. Оваа верзија се разбира е сосема неверојатна, затоа што ширината на реката од неколку стотини метри, потоа длабочината од повеќе метри, големиот мил, густата подводна трева и бројните вртлози и вирови сосема ја исклучуваат оваа можност. Останува најреално тоа да се стори со пловни средства, зашто чамците и сплавовите биле единствена можност во тоа време да се помине од едниот на другиот брег на Дунав. Но, за превоз на 10.000 семејства потребни се околу 300 сплавови за да може превозот од едниот на другиот брег да се заврши за околу еден месец. Дури и ако претпоставиме дека системот бил многу организиран, потребни се многу дрвена граѓа и илјадници мајстори за да се реализира тој потфат. Сепак, и доколку Дунав некако се помине, следат барем уште месец или два за да се стигне, на пример, до Македонија. И, по сите маки и искушенија, на целта најпосле би стигнале во најдобар случај околу 100.000 луѓе. При таква бројна состојба целата преселба е бесмислена затоа што така мала група население нема доволно моќ да освои територија за населување. Техничкофизичката изводливост на преселбата на Словените од зад Карпатите на југ, на Балканот, со поминување на 1500 километри само во текот на 626-та година, на пример, е сосема невозможна, всушност тоа е утопија измислена од западноевропските историчари за да се поништи континуитетот на балканските народи. Имено, тој потфат не само што не е логичен, туку е и налудничав, зашто практично нема техничкофизички услови да биде успешно реализиран. Поводот за да се измисли една ваква преселба е сумблимиран во тврдењето на Александар Фомич Вељтман дека сите народи на Балканот имаат предантички, антички и средновековен континуитет на истиот простор каде што се и ден денес. Тој, анализирајќи ги записите на Тацит, пасус по пасус, наоѓа логични врски со таканаречените словенски племиња дури и во случај кога се работи за најобични називи и привидно неразбирливи описи. Називите на тие племиња официјалната историографија ги игноирира, или ги препишува на некои изумрени племиња. Вељтман докажува дека зад бројните варијанти на племенски имиња, кои често се модифицирани со превод на значењето на странски јазици, како грчки, латински, германски, готски итн, всушност стојат стари, автохтони балкански народи. Co овие племиња, кои се поклопуваат со локацијата на таканаречените словенски доселени племиња, се докажува континуитетот на ист народ со илјада години, иако современата историска наука воведува бројни нелогични имиња на племиња со неразјаснето потекло, наоѓајќи за целиот тој хаос едно соломонско решение голема преселба на народите”, заклучува мр Антиќ во своето математичко, односно техничкофизичко истражување за невозможноста за доселувањето на Словените на Балканот.

Затоа, смешни се оние кутри луѓе кои пелтечат дека Македонија се антиквизира; Македонија не може да се антиквизира; таа може само да се словенизира според соломонското решение на западноевропските историчари!

No comments: