Словените се доселиле во VI-от век (1)?

Технички е невозможно Словените да се доселиле на Балканот во шестиот век (1)

Драгољуб Антиќ, магистер по нуклеарна физика ја расветлува најголемата тајна на историјата.

Скопје 8 мај 2009 (МИМ)

Кои се Словените? Како дошле на Балканот? Кој ги предводел? Како го поминале Дунав? Колку време им било потребно со воловски запреги да дојдат од зад Карпатите до Македонија, на пример? Како обезбедувале храна за патот? Co какво вонвременско оружје располагале за да ги победат староседелците на целиот Балкански полуостров? Што покажуваат математичките пресметки за таканаречената голема преселба на народите? Зошто нема ниту едно име на предводник во преселбата, какви што има за секој поход на разни народи на Балканот пред Големата преселба, но и подоцна? Зошто нема никаква материјална трага од Словените меѓу 6-от и 9-от век?

Ова се само дел од прашањата што во последно време си ги поставуваат голем број истражувачи, кои не се согласуваат со ставовите на официјалните историчари, специјалисти за доселувањето на Словените на Балканот.

Kои се Словените? Како дошле на Балканот? Кој ги предводел? Како го поминале Дунав? Колку време им било потребно со воловски запреги да дојдат од зад Карпатите до Македонија? Co какво вонвременско оружје располагале за да ги победат староседелците на целиот Балкански полуостров? Што покажуваат математичките пресметки за таканаречената голема преселба на народите? Зошто нема ниту едно име на предводник во преселбата, какви што има за секој поход на разни народи на Балканот пред Големата преселба, но и подоцна? Зошто нема никаква материјална трага од Словените меѓу 6-от и 9-от век? Последниве десетина години кај многу балкански народи дојде до експанзија во потрагата по корените со критичко преиспитување на ставовите на официјалната историска наука. Освен бројните археолошки и лингвистички истражувања и откритија, особено оние од втората половина на 20-от век, причина за таквата експанзија е и необичната ароганција и нетолеранстноста на Западната цивили зација кон се што не се вклопува во нивната историска догма. Од друга страна, официјалната историја за таканаречената Голема преселба на народите најчесто оперира со претпоставки, па во нивните студии веднаш паѓаат во очи зборивите како „можеби“, „најверојатно“, „се претполага“, „се чини“ и слично, врз основа на кои подоцна се извлекуваат некакви заклучоци.

Според неа, Словените се народ од индоевропската група народи, во која влегуваат уште и германските, романскте, иранските, келтските и други народи, чија прататковина е во Централна и Северна Европа. Во еден запис на Псевдо Кесариј од почеткот на 5-от век, пишува дека Словените „се диви, слободни и без поглавари“. Веднаш се поставува прашањето како без поглавари можело да се организира толкава маса народ да помине толку голем пат и сите на тој пат да им се предаваат и да им се поклонуваат без никаков отпор?! Византискиот историчар Прокопиј, пак, уште во 6от век ќе запише дека луѓето што во огромни колони навалиле од зад Карпатите се „многу издржливи, лесно ја поднесуваат жегата и студот, и влагата и голотијата и скудноста во животните намирници“. Ако биле такви „голи и гладни“, како тоа 15.000 одлично вооружени византиски војници не се осмелиле да влезат во битка со нив туку само ги следеле оддалеку се дури не стигнале во Драч? Како „голи и гладни“ можеле да збришат од лицето на земјата такви цивилизации какви што опстојувале со милениуми на Балканот?

ЗАПАДОТ ГО СМИСЛИЛ, А ИСТОКОТ ГО ПРИФАТИ СЛОВЕНСТВОТО КАКО BИСТИНА?!

Официјалните историчари, без докази, се разбира, тврдат дека од првиот до 4от век некакви Словени живееле во обласата од Карпатите до Балтикот, и од реката Висла до Днепар. Се занимавале со земјоделство, стрчарство, лов и риболов, а од занаетите најразвиени биле ковачкиот занает, потоа грнчарството, дрводелството и кожарството. Биле многубошци, но особена почит имале кон Перун, бог на грмотевицата. Меѓу 4-от и 5-от век, Словените ги преминале Карпатите, но веднаш потоа таа огромна словенска маса наводно се распаднала на три дела со сопствени имиња: западниот дел почнал да се нарекува Венети, и тие биле населени на исток од реката Висла; источните словенски племиња го презеле името Анти, останувајќи меѓу реките Днепар и Днестар, а јужните делови, кои почнале да се нарекуваат Славини, го зазеле просторот од Карпатите до Панонија. Првите напади на Словените на Балканскиот полуостров, според официјалната историографија што го проучува овој дел од историјата, започнале кон крајот на 5от век и траеле до времето на Јустанијан (527-565), при што во еден момент, во 517 година, дел од нив минале низ Македонија Прима и Македонија Секунда, Тесалија, Епир и стигнале дури до Термопилите.

Во 548 година огромна маса Словени се претпоставува дека го преминала Дунав и навлегла дури до Драч. Византиската војска од 15.000 души наводно го следела нивното движење, но не се осмелила да влезе во битка со нив! Во 549 година уште Словени го препливале Дунав и без да наидат на никаков отпор по пат стигнале дури до реката Марица. Во третата половина на 6от век словенските напади на Балканскиот полуостров одеднаш секнале, за да продолжат според овие историчари дури во 581 та година, кога 100.000 луѓе го поминале Дунав, за три години подоцна одред од 5000 словенски војници да го опколи Солун со намера да го освојат. Во 586-та година, пак, околу 100.000 Словени го препливале, или поминале Дунав, со трски за дишење, доаѓајќи во Солунската област. Сепак, дури и официјалните истоиричари, љубители на Големата преселба на Словените на Балканскиот полуостров, признаваат дека сведоштва на византиски автори за некакви словенски племиња на Балканот нема или се многу оскудни, додавајќи дека некакви сведоштва сепак има само за некои племиња дојдени од зад Карпатите во областа околу Солун.

ЛОГИКА И МАТЕМАТИКА, НАМЕСТО ИСТОРИЈА НА ПРЕТПОСТАВКИ!

За разлика од ваквите историчари, кои оперираат со претпоставки и авторски реконструкции на преселбата, голем број експерти кои претпочитаат егзактни методи докажуваат дека таква голема преселба на народите, односно таква невидена преселба на Словените од зад Карпатите на Балканот, со поминување на Дунав како јаз, не само што немало, туку е и невозможна. Co бројки, пресметки и факти тие докажуваат дека таквата преселба на Словените всушност е само добро осмислена стратегија на западните историчари, кои со тоа сакаат да го поништат континуитетот на автохтоните народи на Балканот. Но, да почнеме со ред.

Според историчарите кои воопшто не се сомневаат дека Словените навистина дошле од “зад Карпатите”, најголемата маса од околу 300.000 Словени на Балканот се доселила токму во 626та година?! Значи, за една година, односно за околу осум месеци, колку што може да се патува пред да падне зимата, поминале близу 1500 километри, препливале десетина големи реки, меѓу кои и Дунав, а потоа се населиле кој каде што си одбрал место за живеење. Оние што се сомневаат во тоа, отворено се прашуваат со каква воена сила располагале Словените, кога само за една година поминале толкав простор, скршувајќи го за миг отпорот на староседелците, нешто што во текот на цел еден милениум не им пошло од рака дури ни на Грците, ниту пак на Римјаните? Како е возможно старите жители на Балканскиот полустров одеднаш да исчезнат, дури и ако се прифати претпоставката за нивно тотално истребување од страна на доселениците за многу кратко време, а притоа, парадокслано, останале нивните називи на планините, реките, ридовите, потоците, мочуриштата, изворите, пештерите и слично. Зошто новодојденото население прифатило такво мноштво туѓи називи од своите претходници, кои немилосрдно ги истребувале и прогонувале? Ако доселениците можеле да искажат таква омраза кон староседелците, сметаат овие истражувачи, тогаш врз која основа го прифатиле нивното јазично и културно наследство? Ако, пак, доселениците прифатиле некаков период на заеднички живот во кој успеале да ги научат и усвојат сите називи и обичаи на староседелците, тогаш каква е таа монструозност што ги натерала да ја обноват првичната омраза претворајќи ја во геноцид? Ова се само дел од прашањата на кои официјапната историографија нема одговор, затоа што клучните претпоставки се погрешни. Затоа, потребна е ревизија на целиот процес на наводното доселување! За да се тргне од сигурна стартна позиција, треба да се прифати фактот дека јазикот и народните обичаи се непресушен извор на податоци за истражување на минатото на еден народ. Зошто јазикот? Затоа што тој многу бавно се менува, доколку, се разбира, нема драстично мешање на религијата и на државата. Историчарите кои се сомневаат дека имало преселба на Словените на Балканот посочуваат дека германската нација, на пример, со векови се градела низ процес на германизација на населението, а германскиот јазик преовладувап постепено со помош на црквата и државата. Co слична методологија пред тоа се ширеле и латинскиот и грчкиот јазик, но, сепак, на Балканот, ниту латинскиот, ниту грчкиот, а подоцна ниту рускиот јазик не можеле значајно да се прошират дури ни во периоди на најголема моќ на своите држави. Оттука, сосема е јасно дека никогаш во последните неколку милениуми не постоел период во кој некакви дојденци можеле да го наметнат својот јазик. Затоа, велат овие историчари, постојат јазични разлики меѓу денешните балкански народи, меѓу Србите, Македонците и Бугарите, на пример, иако во последните век или два бил вложен голем труд за нивно целосно бришење. Дури и современиот романски јазик, на пример, кој во последниот век и половина максимално е латинизиран, а романската црква го исфрли од употреба стариот таканаречен словенски јазик заедно со кирилицата, меѓу имињата на топонимите се уште е доминантна таканаречената словенска компонентна и се уште нивниот јазик е преполн со такви словенски зборови за кои не постојат други изрази. Ако е така, ако тој јазик е во основата на јазиците на целиот Балкански полуостров, тогаш сосема е нелогично тврдењето дека таквите Словени добиле писмо дури од Кирил и Методиј. Сведочењето на Црноризец Храбар фрла сосема друго светло на прашањето за писменоста на балканските народи, посочувајќи на исконското постоење на писменост на овие простори. За неофицијалните” истражувачи на оваа проблематика постојат обилни аргументи за сериозно преиспитување на теоријата за описменување на Словените дури од страна на Кирил и Методиј. Меѓудругото, од физичкотехнички аспект, потполно е нелогично новото писмо на Кирил и Методиј за кусо време да се прошири на сите Словени, кои, според теориите на сегашните ортодоксни историчари, живееле на огромна територија, особено ако притоа се знае дека помошта од Кирил и Методиј била побарана поради немоќта да се доведе во ред анархијата со сопствени сили. Уште помалку технички е возможно Климент и Наум, по само 20 години, така лесно да успеат тоа писмо (глаголицата) да го заменат со ново ( кирилицата). Таква ефикасност не може да се обезбеди дури ни денес под покровителство на ОН, ниту пак со поддршка на моќните електронски медиуми.

Продолжува

No comments: