January 20, 2012

Грб - Претседател на РМ

Грб на претседателот на Република Македонија

Грбот на претседателот на Република Македонија е официјалниот симбол на претседателот на државата. Грбот е усвоен на 2 декември 2009 година.

Изработен е од хералдичкото друштво на Македонија, по иницијатива на претседателот на Република Македонија - Ѓорге Иванов.

На грбот е аплицирано (модифицирано) македонското знаме на штит, со натпис „Република Македонија Претседател“ над штитот. Под штитот се наоѓа венец од македонски даб, со златна боја и со по осум листови и осум желади.

No comments: