January 10, 2012

Борис Сарафов

Борис Сарафов (12 јули 1872 – 28 ноември 1907, Софија)

Македонски револуционер, раководител и војвода, водач на ВМК, а подоцна еден од водачите на ВМОРО.

Роден во с. Либјахово, Неврокопско (сега Гоцеделчевско) на 12 јули 1872 г. Се школувал во Солун, а потоа се префрлил во Софија каде во 1894 година го завршил военото училиште.

Во 1895 г. влегува во Македонија со чети, испратени од Врховниот комитет и го зазел градот Малник, во кој се одржал неколку дена (Мелничко востание).

Во 1899 година Борис Сарафов станал претседател на Врховниот македонски комитет во Софија.

На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот востанички штаб и ја имал задачата да го состави Востаничкиот дисциплинарен устав. За време на Илинденското востание Сарафов учествувал во повеќе битки во Битолско, Демирхисарско, Леринско, Костурско и други реони. По неуспехот на востанието, извесно време се повлекол во Бугарија, каде што со себе го понел и востаничкото знаме.

На 28 ноември 1907 година во Софија, заедно со И.Гарванов, бил убиен од Тодор Паница.



Boris Sarafov (July 12, 1872 – November 28, 1907, Sofia)

Macedonian revolutionary, leader of the Supreme Macedonian-Adrianople Committee and later one of the leaders of IMARO.

Борис Петров Сарафов (12 юни 1872 - 28 ноември 1907, София)

Македонски революционер, войвода и ръководител на Върховния македоно-одрински комитет и един от лидерите на Вътрешната македоно-одринска революционна организация.

No comments: