Трето полувреме - факти или лаги? 2

Понатаму во книгата "Бугарија и ролјата на кралот Борис III за време на холокаустот", авторот добро ги опишува и типичните негации со кои се служат дел од современите бугарски политички функционери и дипломати во врска со депортацијата на Евреите од Македонија за време на Втората светска војна:

"why should they remind us of this tragedy right now, when we are commemorating the deliverance of Bulgaria’s Jews; are they doing this on purpose, just to belittle a bright page of our history"

"Зошто тие треба да не' потсетуваат на оваа трагедија токму сега, кога одаваме чест на избавувањето на Евреите од Бугарија; го прават ова со цел само да ја омаловажат оваа светла страница од нашата историја"

Како и обидите за оправдување и префрлање на вината:

"all this happened under Hitler’s pressure, we have had no real control there, they – the Jews of Thrace and Macedonia – weren’t Bulgarian citizens... The Germans and Hitler did this, they ruled there, not us; nothing could have been done"

"Сето ова се случи под притисок на Хитлер, немавме вистинска контрола таму, тие - Евреите од Тракија и Македонија - не беа бугарски граѓани ... Германците и Хитлер го направија тоа, тие управуваа таму, ништо не можеше да се стори."

И настојувањата за релативизирање на депортацијата на Македонските Евреи:

"Why should we be reminded of 12000 victims, when we have rescued 50000, and 6 000 000 have perished throughout Europe."

"Зошто треба да се потсетиме на 12000 жртви, кога ние имаме спасено 50000, а 6 000 000 Евреи се убиени низ цела Европа."

Сиве овие реченици на оправдување, негација и префрлање на одговорноста и вината за депортирањето на Евреите од Македонија, делуваат познато затоа што со истите тие реченици и во врска со македонскиот филм "Трето полувреме" се послужија некои Бугари.

За политиката на сокривање и отфрлање на вината од страна на Бугарија во врска со депортацијата на Евреите, Nissim Yosha пишува:

Since the end of the war Bulgaria consistently reminded its alleged positive role vis-a-vis the Jews of ‘old Bulgaria’ concealing at the same time both its cruel anti-Semitic legislation and its criminal acts against the Jews extradited for extermination.

Bulgaria has never admitted its crimes,has never asked pardon from the victims, has never offered to returntheir property but knew very well to ask credit and recognition forthe survival of ‘its’ authentic Jews. The Jewish people and the wholehumanity will remember forever the criminal role of King Boris,Hitler’s friend and ally, and his fascist government.

"Уште од крајот на војната Бугарија постојано потсетувa на нејзината наводно позитивна улога во однос на Евреите од "старa Бугарија", а во исто време ги сокрива нејзините сурови анти-семитски закони и кривичните дела против Евреите екстрадирани за истребување.

Бугарија никогаш не ги призна нејзините злосторства, никогаш не побара прошка од жртвите, никогаш не понуди да се вратат имотите, но многу добро знае да побара заслуги и признанија за опстанокот на "своите" автентични Евреите. Но еврејскиот народ и целото човештвото ќе се сеќаваат засекогаш на криминалната улога на цар Борис, пријателот и сојузникот на Хитлер, и на неговата фашистичка влада."

Во "Бугарија и ролјата на кралот Борис III за време на холокаустот", за оправдувањето дека Евреите во Македонија не биле бугарски граѓани (The "they were not Bulgarian citizens" argument) па затоа со право биле депортирани, авторот пишува:

It is not by some surprising, for the Bulgarian authorities, concurrence of circumstances, that the Jews of Thrace and Macedonia were not Bulgarian citizens. The fact is that the Bulgarian government, by virtue of its own executive order No. 31 of June 5th, 1942, unconstitutionally deprived them en masse of Bulgarian citizenship, precisely with the aim of facilitating their surrender to a foreign power.

"За некои не е изненадувачки, дека поради склоп на околности, бугарските власти ги лишија Евреите од Тракија и Македонија од бугарските државјанства. Факт е дека на бугарската влада, врз основа на сопствена извршна наредба бр 31 од 5 јуни, 1942 година, противуставно ги лиши од бугарско државјанство, токму со цел за да се овозможи нивно предавање на странска сила."

За оправдувањето дека за депортацијата на Евреите од Македонија виновен е Хитлер (The "it was all Hitler's fault" argument) авторот вели:

The argument “this was all Hitler’s activity” should not be even approached – the whole process of the deportation, in all its stages – starting with the legislature, going through the dozen of unconstitutional government executive orders and finishing with the minutest disgusting detail of the practical execution – was carried out by the Bulgarian authorities – the police, the civil organs of the KEV, the army, the local administration. While it is clear that the government was doing this as a result of its own choice of policy of alliance with Hitler’s Germany, it is nevertheless ridiculous to assert that “all was Hitler’s deed” – along the whole tragic route from the Jewish homes through the transfer camps till their handing to the German SS at the border points of Lom and Lapovo, a German uniform could be seen on very few occasions, among them a pre-arranged tour of a transfer camp, guided in person by Commissar Alexander Belev for a few of the German allied officers.

"Оправдувањето "тоа беше активност целосно на Хитлер" не треба дури ни да биде разгледувано - целиот процес на депортацијата, во сите негови фази - почнувајќи со законодавната, минувајќи низ десетина неуставни владини извршни наредби и завршувајќи со најситниот детал од одвратното практично извршување - беше спроведена од страна на бугарските власти - од полицијата, државните органи на KEV, армијата, локалната администрација. Иако е јасно дека владата го извршила тоа како резултат на сопствен избор на политики и на Алијансата со хитлерова Германија, сепак е смешно да се тврди дека "сите активности се дело на Хитлер" - по целиот трагичен пат, од еврејските домови преку трансферот по кампови, до нивното предавање на германските SS на граничните премини на Лом и Лапово, германски униформи можеа да се видат само во многу малку прилики..."

За отфрлањето на ова тврдење, дека Бугарите немале вина, а за депортацијата на Евреите од Македонија виновен е Хитлер (The "it was all Hitler's fault" argument) ќе се послужиме со текст од Nissim Yosha во кој пишува:

In a telegram n. 442 of April 4, 1943 Joachim von Ribbentropp reported to Beckerle his Minister in Sofia, that Boris told him on April 1st in Berchtesgaden that he has approved the deportation of the Jews of the annexed territories. Thus Boris is not better than other allies of Hitler as Petain and Laval, Antonescu or Horty who helped to exterminate the undesired ‘alien’ Jews saving some or many of their ‘own’ Jews.


"Во телеграмата n. 442 од 4 април, 1943 година на Јоаким фон Рибентроп до неговиот министер во Софија - Бекерле, пишува дека Борис на 1 април во Берхтесгартен, му рекол дека ја одобрил депортација на Евреите на анексираните територии. Според тоа Борис не е подобар од ниеден друг сојузник на Хитлер... Кои помогнаа да се сотрат несаканите "странски" Евреи спасувајќи само неколкумина или многумина од "своите" Евреи."

Доколку Борис сакал да ги спаси Евреите немало да потпише. Доколку Хитлер и неговата нацистичка Германија де факто ја имале контролата на теренот во Македонија и Тракија зошто би барале дозвола од бугарскиот цар?

Понатаму во книгата "Бугарија и ролјата на кралот Борис III за време на холокаустот" пишува и за курсот кон кој Бугарија денес треба да се движи по ова прашање и за негативните последици од негирањето на вината за депортацијата на Евреите:

When some Bulgarian diplomats in neighboring and overseas capitals today deny the responsibility of the then Bulgarian authorities for the tragedy of the Jews from the new lands with arguments such as “they weren’t Bulgarian subjects, they had no Bulgarian passports” and the like, they do themselves a good short term personal favor, but a great disservice to Bulgaria. Because most of them are in fact striving to pusillanimously please the son of King Boris III, and current Prime Minister of Bulgaria (barring, of course, the few among them who earnestly believe they defend Bulgaria). In fact, it is not Bulgaria they defend, but the pro-Nazi Bulgarian government of 1941-43 that doomed the Jews of Thrace and Macedonia. They also defend, of course, the benevolent attitude of the Prime minister to their own personae. This policy is harmful for Bulgaria, and the crop of its bitter fruit is yet to be gathered in abroad.

"Кога некои бугарски дипломати во соседните и во подалечните престолнини денес ја негираат одговорноста на тогашните бугарските власти за трагедијата на Евреите од новите земји со аргументи како што се "тие не биле бугарски граѓани, тие немале бугарски пасоши" и слично, тие си прават себеси краткорочна лична корист, но и прват голема штета на Бугарија. Бидејќи повеќето од нив всушност настојуваат да го задоволат синот на цар Борис III, а сегашен премиер на Бугарија (се разбира, неколку од нив искрено веруваат дека така се брани Бугарија). Всушност, тие не ја бранат Бугарија, туку про-нацистичкта бугарска влада од 1941-1943 која ги осуди Евреите од Тракија и Македонија. Тие... Оваа политика е штетна за Бугарија, а жетвата од овој горчлив плод допрва треба да се собира во странство."

Сите Бугари кои го напаѓаа филмот "Трето полувреме" уште пред да го видат, обвинуваа за историски фалсификат и искривување на историјата, и негираа поврзаност на тогашната бугарска влада со депортацијата на Евреите од Македонија нека се подзамислат малку над напишаното погоре. Не затоа што јас го велам тоа, туку затоа што тоа е напишанo од бугарски дипломат од кариера (1984-2003) кој нема интерес да работи во штета на својата земја, баш напротив.

За крај за сите оние кои и понатаму ќе продолжат да веруваат и ќе продолжат да пропагираат дека тогашната бугарска власт нема поврзност со депортацијата на Евреите од Македонија, еден цитат од Nissim Yosha:

Therefore all loving truth must reject any Bulgarian pretentious aspiration to be accredited with what it does not merit especially not to commemorate a war criminal and his government that extradited Jews in cold blood to their Nazi ally. Such an act will not only profane the memory of the neglected victims of Thrace and Macedonia but will be rightly considered holocaust denial. The survivors and relatives of the victims will not tolerate any exoneration of war criminal Boris and his country from their war crimes.

"Затоа сите ние кои ја сакаме вистината мора да ја отфрлиме секоја бугарска претенциозна аспирација да биде наградена за она што не го заслужува, особено не за да му се оддаде почит на воен злосторник и на неговата влада која ладнокрвно екстрадирала Евреи на нивниот нацистички сојузник. Таков чин не само што ќе го навреди сеќавањето на запоставените жртви од Тракија и Македонија, но со право ќе биде сметан за негирање на холокаустот. Преживеаните и роднините на жртвите нема да толерираат било каква подршка за воениот злосторник Борис и на неговата земја за нивните воени злосторства."

Александар Стеванов, објавено и на Macedonian Spark

No comments: