May 16, 2011

Античките Македонци не биле Грци

Во април 2009 година група од околу триста учени од неколку држави во светот, главно експерти по античка историја, упатија отворено Писмо до Претседетелот на САД Барак Обама и до други политичари од САД и ширум светот во кое се тврди дека античка Македонија отсекогаш била „грчка“; дека денешните Македонци „немаат право“ да се повикуваат на античката историја и на името Македонија и низа други прогрчки обоени ставови.

Ова Писмо и денес масовно се шири низ Интернет и истото кон­тинуирано нанесува огромна штета на угледот на Македонија пред светс­ката јавност. И македонските медиуми долго време објавуваа податоци за ова Пис­мо, но ниту една институција или поединец од Македонија и од странство до­се­га не реагираше посериозно со аргументи против содржината на ова Писмо.

Но, од неодамна изработен е Одговор на Писмото до претседателот Обама од страна на прогрчки ориентираните автори. Автор на Одговорот е историчарот Александар Донски од Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Во Одговорот аргументирано се побие­ни сите наводи во Писмото до Претседателот Обама. Врз основа на цитати од автентични антички извори докажани се сите манипулации, еднос­тра­ни толку­вања, па дури и ноторни лаги застапени во Писмото од прогрчки ориентира­ните автори.

Одговорот подготвен од А, Донски под наслов „Античките Македонци не биле Грци“ веќе е објавен во две посебни изданија - едното на маке­донски, а другото на англиски јазик и истиот масовно се шири меѓу домашната и светска јавност со помош на македонската дијаспора.

Преводот на англиски е изработен од Милкица Панева, а лектурата е од Мајкл Брекстон (поранешен американски дипломат) од Вашингтон. Двете верзии се објавени во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и ЕМАРИ од Штип.

Комплетниот текст на македонски

Македонците не биле Грци

Full text in English

Macedonians were not Greeks

Преземено од ИНИСА

No comments: