February 12, 2011

Пиринска Македонија

Пиринска Македонија во македонското народно творештво

Пиринска Македонија во македонското народно творештво

И пиринскиот дел на Македонија исто како и егејскиот и вардарскиот, е врежан засекогаш во македонското народно творештво и во колективната свет на Македонците.

Во македонската народна песна “Имала мајка едно ми чедо” е опеан македонскиот херој Никола Парапунов.

Во песната “Излегол Јане прошетал” се опева преминувањето на Јане Сандански низ Пирин планина.

Македонскиот револуционер Јане Санански познат и како Царот Пирински е опеан и во македонската народна песна “Стар бел дедо” во која се спомнува и планината Пирин.

Дури и во наловот на македонската народна песна “Планино, Пирин Планино” е спомената Пирин Планина.

Во песната "Провикнала се Драганка" самата мома е лоцирана на "врв на Пирин Планина."

И во песната "Убава Калина", се спомнува Пирин Планина.

Во првичното објаснување за грбот на Народна Република Македонија објавено во Нова Македонија во 1962 година, се вели дека планината прикажана на него е токму Пирин планина (заедно со Егејското море)

Па и денес во Пиринска Македонија (Република Бугарија), Македонците кои со векови живеат таму се обединети во организацијата ОМО Илинден - Пирин.

Останатите македонски народни песни во кои се опева Пирин планина можете да ги видите во документот “Етногеографска Македонија во македонското народно творештво

No comments: