Татунчо - Кочо Рацин

ТАТУНЧО

На Бана

Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е,
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!

Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
кука цел свет братски ми е,
братски срце што отвора,
срце - порта највисока,
срце - куќа најширока.

Ако жена не донесов,
ѓул - трендафил во одаја,
верна, добра млада љуба -
не ме колни, не ме жали:
во борбата другарката
солнце сјае, солнце трепти!

Ако млада си години
по друмишта, по патишта
в младос горка распосејав -
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
„Ајдутин мајка ме рани ...“

И ако не умрам дома,
туку кај што стии пиштат,
в борба искри кај што л'штат
блазе, речи, на сушата -
има зошто душа да е!

Кочо Рацин

No comments: