November 22, 2010

Коловрт - можно значење

Во еден претходен блогпост беше образложена една од можните верзии за потеклото и значењето на симболот Коловрт, којшто е доста застапен и на територијата на Република Македонија - линк.

Во овој блогпост една друга можеби поневеројатна, но не и помалку интересна верзија.

Во светот постојат голем број на артефакти за кои не е разјаснето што претставуваат и како е можно луѓето од тоа време да ги изработиле. Меѓу нив е и моделот на авион од Каиро, Египет. За истиот се правени експерименти со кои е докажано дека можел да лета.

Такви се и златните модели на авиончиња од Јужна Америка за кои се претпоствува дека биле реплика на поголеми авиони и кои датираат не само пред браќата Рајт да бидат родени, туку и пред Америка да биде откриена од Колумбо.

Тука можат да се вбројат и Виманите кои се опишани во древните индиски епови меѓу кои Махабхарата и Рамајана и кои според напишаното претставувале направи со кои луѓето можеле да летаат не само од едно до друго место на земјата туку и да посетуваат други планети.

Слика горе: Златен модел на Авион од Јужна Америка.

Сево ова досега кажано е дел од хипотезата за античките астронаути. Во неа се вели дека во праисториско време, вонземјаните на неколку пати ја посетиле земјата при што на неколкумина избрани луѓе од земјата им оставиле технологија и знаења. Технологија со која можеле да летаат - какви што се претходно спомнатите артефакти, но и технологија со која можеле да сечат и поместуваат огромни камени блокови.

Со таа технологија се претпоставува дека биле изградени Кеопсовата пирамида и комплексот Пумапунку кои човек тешко би можел да ги пресоздаде и со помош на машинеријата којашто ја имаме денес.

Во технологијата која според хипотезата вонземските посетители ја оставиле спаѓа и Багдатската батерија.

Интерсно за нас Македонците е да се спомне дека камена плочка со исклесан антички астронаут постои и во Македонија. Пронајдена е на археолошкиот локалитет Поза рид - Шојлеви камења, Светиниколско, а се преценува дека е стара помеѓу три и девет илјади години.

На неа се прикажани човек (или хуманоид) во скафандер и коњ, а над нив се испишани буквите АСКАРИТЕ (С).

Но каква е поврзаноста на Коловртот со хипотезата за Атичките астронаути? Погледнете сами.


На сликата лево е даден приказ на нашата галаксија - млечниот пат, а на сликата десно е прикажана античка македонска монета со симболот коловрт

Објаснувањето согласно хипотезата за античките астронаутите би била дека знаењето за изгледот на галаксијата бил даден од вонземска цивилизација.

Ова кореспондира и со називот "Коловрт" - галаксијата која се врти околу својата оска, а и што е толку вечно за до го добие називот "симбол на вечноста" ако тоа не е несфатливо големата за еден човек галаксија чие постоење се проценува на над 13 милијарди години.

Сличност постои што може и да се види од сликите, а дали оваа варијанта звучи веројатно пресудете сами.

Александар Стеванов

1 comment:

Homer MakeDonski said...

Штета што сивата маса наречена мозок ни е ограничена со черепот, па тешко се согледува нешто повеќе од податоците навлезени преку очите што исчитувале класична историја-макар таа била испишувана и на тоалет хартија....
:)