Нашинска - Гане Тодоровски

НАШИНСКА

Да ни е да сме доста
колку за да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине-

Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине-

Да ни е да сме мерата
колку за да се прелееме
од колено во колено до крај истрајвекот-

Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат

Но ние сме како што сте како што сè
и покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!

Гане Тодоровски

1 comment:

thetetoo said...

NOMEN EST OMEN!
NAME IS DESTINY!
НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА!
МАКЕДОНИЈА Е НАШАТА СУДБИНА