Вино пијам, ем ракија

ВИНО ПИЈАМ, ЕМ РАКИЈА

Вино пијам, ем ракија,
коња јавам аџамија

Коњ ме шета горе-доле,
горе-доле низ тоа поле.

Ме однесе в ладна меана,
во меана до три моми.

Прва точи, другата носи,
а третата мене ме гледа.

Па ја качив на коњчето,
ја однесов прво дома.

Никола Бадев

No comments: