Ој, ти пиле

ОЈ, ТИ ПИЛЕ

Ој, ти пиле, славеј пиле,
ја запеј ми една песна!
Ја запеј ми една песна,
нек се чуjе на далеку! x2

Нек се чује на далеку,
на далеку до велешко.
Од велешко до прилепско,
од прилепско до крушевско. x2

Од крушевско зад корија,
зад корија - Мечкин Камен.
Там се биjе славен јунак,
славен јунак - Питу Гули. x2

Ој, бре вие Крушовчани
што сте толку нажалени.
Со децата распиштени,
со куќите разурнати? x2

Груиќ / Радетиќ



Јорданка Смилевска



Лидија Кочовска и Арија



Никола Бадев

No comments: