Бор садила мома Евгенија

БОР САДИЛА МОМА ЕВГЕНИЈА

Бор садила мома Евгенија, x2
бор садила, ем Бога молила.
Бор садила мома Евгенија,
бор садила, ем бога молила.

Дај ми Боже бор да ми порасне, x2
да се качам на борови вејки.
Дај ми Боже бор да ми порасне,
да се качам на борови вејки.

Да здогледам сред море гемија, x2
во гемија окован делија.
Да здогледам сред море гемија,
во гемија-окован делија.

Рацете му синџир-заклучени, x2
нозе му бука истегнати.
Раце му се синџир-заврзани,
нозе му в бука истегнати.

На рамена два сива сокола, x2
Го прашува мома Евгенија.
Го прашува мома Евгенија,
со што раниш два сива сокола.

Парче сечам, соколи си ранам, x2
солзи леам, вода ги напивам.
Меса сечам, соколи си ранам,
солзи леам, вода ги напивам.

Сузана Спасовска



Тоше Проески

No comments: