Што имала к'смет Стамена

ШТО ИМАЛА К'СМЕТ СТАМЕНА

Што имала к'смет Стамена, Стамена,
мајка и болна паднала, паднала.
Мајка и болна паднала, паднала,
посакала вода студена, студена.

Стамена ми зеде стомните, стомните,
отиде чешма шарена, шарена.
Отиде чешма шарена, шарена,
да наполни вода студена, студена.

Кога се од вода враќаше, враќаше,
у село оро играја, играја.
У село оро играја, играја,
на танец млади Стојане.

Стамена ми стомни остави, остави,
и до Стојана се фана, да игра.
Стојан Стамени думаше, думаше:
Стамено лична, убава.

Како што си лична, убава, убава,
уште така да си работна, работна.
Кога ќе земеш да предеш, да предеш,
со това фурче дреново, дреново.

Таман што си жица запрела, запрела,
одма те дремка, надоле, надоле.
Ти си легна малку да дремнеш, да дремнеш,
мамурлукот да го разбиеш, разбиеш.

Стамена на Стојан думаше, думаше:
Стојане море Стојане, Стојане.
Како што си лично, убаво, убаво,
ама и ти да си работно, работно.

Aashti



Akrites



Александар Сариевски



Благица Павловска



Зијан



Милица Милисављевиќ Дугалиќ



Рајна



Стевче Стојковски



Süleyman Sait



Татјана Лазаревска



Фортуна

No comments: