На Струга дуќан да имам

НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ

Што ми е мило, ем драго
на Струга дуќан да имам. x2
ОФ, леле, леле, либе ле,
срцево ми го џанам изгоре. x2

На Струга дуќан да имам,
на кепенците да седам. x2
Оф, леле, леле, либе ле,
срцево ми го џанам изгоре. x2

На кепенците да седам,
струшките моми да гледам. x2
Оф, леле, леле, либе ле,
срцево ми го џанам изгоре. x2

Кога ќе појдат на вода,
со тие стомни шарени. x2
Оф, леле, леле, либе ле,
срцево ми го џанам изгоре. x2

Наум Петрески



Струшки Бисери

No comments: