August 9, 2010

Знамето на Македонија - 1992 3

За неоснованото барање на Грција за промена на знамето на Р. Македонија од 1992 година, трет дел

Во претходниот документ од оваа серија, како и во документот “За знамето на Грција” беше објаснета практиката Велика Британија да го поставува своето знаме (Union Flag) во горниот лев агол од знамињата на земјите коишто се под круната. Како примери беа наведени знамињата на Австралија, Фиџи, Бермуда, Хаваи и САД (од 1775 до 1777 година).

Во овој документ ќе се задржиме на знамето на Австралија.

Постои движење коешто се залага за отстранување на Британското знаме (Union Flag) од горниот лев агол на знамето на Австралија. Таквата лоби група се вика Ausflag. За време на летната Олимпијада во 2000 година тие издаваат постери во кои повикуваат за редизајн на постојното знаме на Австралија.

Во 2004 година на анкетата “Дали сте ЗА или ПРОТИВ отстранување на Британското знаме од горниот лев агол на знамето на Австралија?” 32 проценти од анкетираните жители на Австралија одговориле дека се ЗА промена на сегашното знаме на Австралија.

На плакатот на Ausflag (преведено на македонски јазик) пишува:

“Криза на идентитетот на Австралија”
“Колонија, држава, нација, противпожарникарски одред или клуб за јахти?”

“Наше сопствено знаме за Олимпијадата во 2000та година”








Прикажани се 28 знамиња, вклучително и знамето на Австралија, коишто се слични едно на друго.

Што можеме да научиме од ова и каква поврзаноста помеѓу барањето на Ausflag за промена на знамето на Австралија и грчкото барање за промена на знамето на Р. Македонија од 1992 година?

Австралиското движење Ausflag не бараат да се сменат знамињата на сите земји коишто имаат британско знаме во горниот лев агол на нивното знаме. Оние 30% кои погоре беа споменати не се потпишале за да им се забрани на сите противпожарни бригади или јахтинг клубови да имаат слично знаме на австралиското.

Тие се доволно реални и бараат не да се сменат некои туѓи знамиња (како што направи Грција), туку бараат да си го сменат своето знаме. Никој не смее да бара промена на нечие туѓо знаме затоа што тоа не е нивна работа, а работа на луѓето коишто живеат во таа земја.

Доколку Австралија не го бара тоа од другите, што и дало право на Грција со фашистички методи и ембарга да бара промена на знамето на Р. Македонија од 1992 година?

Ако Австралија т.е. Ausflag се служеше со фашистичките методи со коишто се служеше Грција со цел да не натера да го смениме нашето знаме, тогаш ќе побараше не да се смени знамето на Фиџи, Бермуда или Хаваи туку знамето на самата Велика Британија!

No comments: