November 7, 2008

Македонците ги истребуваат

Македонците ги асимилираат и истребуваат

Македонците ги асимилираат и истребуваат

„БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА“ (Виена, 15. VII 1924 ‡ 1930) ‡ весник, орган на комунистичките партии од балканските земји (Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Србија и Хрватска). Излегувал двапати месечно. Го редактирале Димитар Влахов, Георги Димитров, Никола Харлаков и други емигранти-комунисти од балканските земји. Според уводникот во првиот број, имал задача „да пропагира ослободување и самоопределување на балканските народи и нивно федерализирање“. Покрај уредниците, автори на текстовите се и д-р Филип Атанасов, Петар Чаулев, Павел Шатев и др. Авторите се застапувале главно за балканска федерација. Имал особено значење за осознавањето на македонската вистина во светот.

Македонска енциклопедија (ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 360-362; Д-р Боро Мокров ‡ М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 33. С. Мл.)

No comments: