June 16, 2010

Дорис Пак - цитати

Цитати за Македонија од европратеничката и шеф на Комисијата за Југоисточна Европа во Европарламентот Дорис Пак, добитник на наградата "Борис Трајковски" за 2007 година:

"Македонија не е падната од небо. Како е возможно да се оспоруваат имиња? Се срамам оти една европска држава може да се однесува на начин на кој што се однесува Грција" - Дорис Пак, прес конференција во Софија, на меѓународната трибина "Европа 2020- граѓанска визија"

"Никој од нашите поранешни земји членки не се однесувал кон Грција онака, како што Грција во моментов се однесува кон Македонија. Грција е членка на Европската унија, членка на НАТО и нема што да се плаши од Македонија. Во заднина стојат националистички тенденции кои навистина би морале да бидат стопирани." - Дорис Пак, "Дојчланд Радио Култур"

No comments: