June 13, 2010

Грчки литерарни сведоштва

Грчки литерарни сведоштва за Македонците и македонскиот јазик

Грчки литерарни сведоштва за Македонците и македонскиот јазик

До 1930 година било сосема прифатливо за Грците да го нарекуваат јазикот, говорен во Македонија како „македонски“ и нејзините жители како „Македонци“. Ќе цитирам шест книжевни сведоштва од крајот на 19 и почетокот на 20 век:

1. Во својата книга “Martyrs’ and Heroes’ Blood“ националниот писател Јон Драгумис вели дека“‘македонски’ е правилниот термин за определба на овој јазик, кој Бугарите, како што тој вели, лажливо го нарекуваат “бугарски“.

2. Во своето дело “In the Secret Places of the Marsh“ кое најпрво беше издадено под Метаксовиот режим во 1937, Пенелопи Делта се осврнува на словенскиот говор во Македонија како ‘македонски дијалект’ , иако веќе во наредниот ред тенденциозно се однесува кон него како “Македонски , мешавина ...од словенски и грчки“.

3. Извадок од писмата на Павлос Мелас кои и’ ги пишувал на својата сопруга издадени во целост 1964 година во Атина од Наталија Павлос Мела со наслов “PAYLOS MELAS“, цитиран дел од страна 242 ред 11 и 12:

„Пирзас преведуваше емотивно, гласно, и со многу страст, додека Котас (Константин “Коте“ Христов) зборуваше на македонски јазик. Учителот ги натера децата да испеат нешто. Ние не можевме да кажеме дали јазикот беше македонски или грчки. Сите ученици знаат како да читаат и пишуваат (грчки), но едвај некое знае да го зборува... Јас научив неколку македонски збора, кои им ги кажувам на жените и мајките, што им причинува задоволство ...“

4. Раскажувајќи за животот во Грција во книгата "When I was a boy in Greece" издадена во 1913 година, Џорџ Демитриус ги опишува тешките услови за живот под турското деспотство и организираниот отпор од страна на локалното население, во глава 11, на страна 132 ќе запише:

„Не претставувајќи ниту Турци, ниту Грци, ние ги нарекувавме Бугари, но нивниот јазик не е бугарски, туку македонски дијалект, а најдов прекрасни луѓе меѓу нив, искрени, гостољубиви, и љубезни.“

5. Грчкиот историчар Спироу Мела, современик и роднина на Павлос Мелас ни го дава следното сведоштво како директен учесник во балканските војни:

„Случајно, меѓу бркотниците на кокошките, кокодакањето, звуците, одеднаш селска жена ќе се појавеше и ќе почнеше да проколнува на сопствениот груб (тежок) македонски јазик.

Војниците и нудат пари за да се надомести штетата, а исто така и да купат леб, вино, ципуро, путер, сирење и друга храна. Наместо тоа, тие за возврат го добиваат истот типичен одговор, којшто првпат го слушнаа надвор од Негуш, каде што се сретнаа со првиот словенофон селанец, кој ни одговори со главата наведната надолу, одговорот кој го добивавме каде и да отидевме, од предградието на Солун, па се до Лерин, беше истиот меланхоличен одговор на сите наши барања: “Нема“- нема ништо.“

"Oi Polemoi 1912-1913" издадена во 1972 година.

6. Стратус Миривилис,во своето прво издание на романот “Life In the Tomb “ од 1924 година којшто е базиран на неговите лични искуства во војната со Бугарите во Првата Светска Војна, ја вклучува сцената кога говори за една славофона фамилија на северните граници на Грција која –“не сакала да биде нарекувана ниту Бугари, ниту Срби или Грци. Единствено православни Македонци.“ Во своето наредно издание(1936) Миривилис ја испушта оваа реченица, бидејќи не чувствувал повеќе дека е политички коректно да стои како таква. (види фус.40 во истоименото дело)

Од тој момент,стана политички некоректно во Грција да се говори за славофоните жители како ‘Македонци’ и нивниот јазик како ‘македонски’. (Language and National Identity in Greece, 1766-1976 By Peter Mackridge p.303,304)

Преземено од Братот

1 comment:

Anonymous said...

... доби критика и веднаш постираш поинаку ... :) ))) ...
... после ќе го читам ... одам да шетнам малку :) ))) ...