Излегол невен Пејо по Шар Планина

ИЗЛЕГОЛ НЕВЕН ПЕЈО

Излегол невен Пејо по Шар Планина,
стадо ми паслo Пејо, на кавал ми свири.
Везден го паслo Пејо, ем до полноќум.

Еј од отполноќум Пејо стадо ми дотерал,
ми го затворил Пејо во ново трло.
Пејо ми улегло, џанам в нова колиба.

Пејо седнало џанам, малку да вечера,
Пејо вечера џанам, кучиња му лајат.
Пејо истрчало џанам потера дало.

Еј Проклети биле џанам, клети арамии,
што посилеле они по Шар Планина.
Му утепале они верни кучиња.
И му сардисале они трло ем колиба

Му сардисале они трло ем колиба,
ми го фанале они млад невен Пејо,
и му врзале они раце наопако,
му потерале они белото му стадо,
стадо не ми оди џанам без невен Пејо.

Васка Илиева

No comments: