June 6, 2010

Учи ме мамо карај ме

УЧИ МЕ МАМО КАРАЈ МЕ

Еееј, учи ме мамо, карај ме,
како да ја земам Лилјана,
Лилјана мома убава,
Лилјана бела и црвена,
Лилјана тенка, висока,
Лилјана ситен босилок,
Лилјана една на мајка.

Еееј, учам те сине карам те,
повикај триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена,
сите селани ќе дојдат,
и Лилјанини другачки,
ем сите калеш невести,
Белким Лилјана ќе дојде.

Еееј, послушал Стојан мајка си,
повикал триста мајстори,
направил чешма шарена,
навратил вода студена,
сите селани дојдова,
и Лилјанини другачки,
ем сите калеш невести,
кучка Лилјана не дојде.

Александар Сариевски



Леб и сол

No comments: