Р.М. - цвеќе на мирот

Република Македонија - цвеќе на мирот. Слика на македонскиот уметник и хуманист (кандидат за нобелова награда за мир) Живко Поповски - Цветин, за одбрана на името на нашата Република Македонија. За сликата уметникот вели:

"Бидејќи потекнувам од македонско семејство и себеси се сметам за Македонец, сметам дека не може ниту Нимиц, ниту Бакојани, ниту Џорџ Буш да каже дека не сум тоа. Од тие причини, бранејќи го нашето уставно име, а јас го правам тоа на свој начин, ја нацртав нашата земја Македонија со цвеќињата на мирот, а во нив е нацртано и македонското знаме. Околу границите на нашата земја е напишано ’Република Македонија = цвеќе на мирот‘, на повеќе јазици, меѓу кои: на кинески, јапонски, албански, грчки, турски, бугарски, српски, руски, француски, германски, шпански, арапски, романски итн.

Сакав да му покажам на светот дека оваа земја е Македонија, па затоа сметав дека ова порака ќе помогне за нашата држава, а верувам дека преговорите за името ќе завршат во наша полза."

No comments: