Ако умрам ил загинам

АКО УМРАМ ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино
скршете ги чашите.

Еeeeј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. 2х

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Еeeeј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. 2х

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени.
Што сум лудо, лудовало
на младите години.

Еeeeј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. 2х

Академци



Володја Стојанов



Јонче Христовски (Ver. 1)



Јонче Христовски (Ver. 2)



Sharena

No comments: