Слушам кај шумат шумите

СЛУШАМ КАЈ ШУМАТ ШУМИТЕ

Слушам кај шумат шумите, буките. х2
Слушам кај шумат шумите
плачат за војводата, капиданот. x2

Другари верни другари, другари, x2
кога низ село врвите
со коњи да не тропате, не тропате. х2

Со коњи да не тропате, тропате. х2
Со коњи да не тропате,
со пушки да не фрлате, не фрлате. х2

Да не ве чуе мајка ми старата. х2
Да не ве чуе мајка ми
ќе ве праша за мене, аман за мене. х2

Каде е син ми Костадин, Костадин? х2
Каде е син ми Костадин
Костадин војводата капиданот? х2

Син ти се мајко ожени, ожени. х2
Син ти се мајко ожени
за една Македонка поробена. х2

Ансамбл Стефче Стојковски



Дарио



Македонски мерак



Орце Стефковски

No comments: