Tuesday, June 30, 2009

Македонско знаме 1991

Реконструкција (А.С.) на неформално македонско знаме со 16 крако сонце (т.н. сонце од Кутлеш) веено на прославата по повод успешниот референдум за осамостојувањето на Македонија од Југославија (08 09 1991)


Sunday, June 28, 2009

Протест 1991 - Берлин

Реконструкција (А.С.) на знаме веено на протестот на Македонците во Берлин Германија, за укинување на грчко бугарскиот апартхејд во јуни 1991 година. Во тоа време (19–20 јуни) во Берлин се одржува првиот состанок на Советот на министрите за надворешни работи на КЕБС (подоцна ОБСЕ).













Фотографија од протестот на која се гледа знамето:















Подоцна конкретниот графички израз на лавот присутен на знамево ќе стане официјален симбол на партијата ВМРО-ДПМНЕ, но продолжува да се смета и за неформален македонски национален симбол.

Saturday, June 27, 2009

Конгрес ВМРО-ДПМНЕ Прилеп - знаме

Три знамиња со 16 краки сонца од конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

6 и 7 април 1991 година, Прилеп, Р. Македонија.

Горе: знаме со 16 крако македонско сонце (т.н. Сонце од Кутлеш), веројатно едно од двете поставени на основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ од 17.06.1990 година. Слично на знамето што ќе се избере за знаме на Република Македонија на 12 август истата година.

Истото знаме во градското собрание Скопје, 1991 година - врска

Средина: знаме со 16 крако сонце во горниот лев агол и три хоризонтални црни ленти на црвена позадина. Според некои извори слично знаме ќе биде доставено како предлог за знаме за Република Македонија. Истото знаме како сувенир - врска

Долу: црвено знаме со централно поставен златен исправен лав на црвен штит.

Насловна страна на списание на ВМРО-ДПМНЕ бр 1 од 4.5.1991 година на кое се гледаат трите претходно спомнати знамиња. Задна страна на која се гледа верзија на второто знаме.

Долу - слика за поставеноста на знамињата:


Friday, June 26, 2009

Знаме со лав - ВМРО-ДПМНЕ

Знаме со македонскиот симбол исправен златен лав на црвено поле, од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ 6 и 7 април 1991 година во Прилеп. Знамето на конгресот за разлика од останатите три е со мали димензии од околу 30х15 сантиметри. Во истиот формат како канцелариско знаме се среќава во повеќе штабови на партијата на почетокот на девеесетите.














Реплика (горе) на знамето (обработка А.С.) е присутна и на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид (и на други места) во 2011 година, како и на панахида на Драган Богдановски на 18 септември 2011 година во Куманово.














Втора верзија (горе). Станува збор за вистинско големо знаме (обработка А.С.) присутно во задграничното претставништво на ВМРО-ДПМНЕ во Канада.

Трета верзија (фотографија лево) на знамето присутно на 8 септември 2011 година, на плоштадот во Мелбурн Австралија по повод кревањето на знамињата. Основната разлика е што лавот во овој случај има круна.

Извор за фотографијата лево - Informator.ws

Според некои извори конкретниот графички израз на лавот е во конкуренција за официјален партиски грб, но сепак подоцна ќе биде избран друг. Истиот лав на илустрација на Macedonian World Congress - врска.

Thursday, June 25, 2009

Знаме со краци - ВМРО

Знаме со фрагмент од македонско златно сонце (само краците - 16) и македонскиот симбол златен исправен лав на црвен штит.

Помеѓу краците пишува "ВМРО", а наместо централниот сончев круг е напишана буквата "М". Од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп на 6 и 7 април 1991 година (?).

Друго знаме кое исто така црвено, со златен лав на црвен штит со златни контури (извор):















Овде зраците и иницијалите "М" и "ВМРО" се заменети со круна. Под штитот е напишано "Македонија"

Tuesday, June 23, 2009

ВМРО-ДПМНЕ - прво знаме

Знаме од основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ

17.06.1990 година, Скопје, Р. Македонија*

В Е П Македонија.

На основачкото собрание се присутни и две знамиња со 16крако златно македонско сонце (т.н. Сонце од Кутлеш) на црвена позадина и уште едно. Слика од останатите знамиња на основачкото собрание:













*Присутно и во Тетово на 8.10.1990 и на др.

Monday, June 22, 2009

Илинденско знаме - МПО

Реконструкција на припишано знаме на Македонија (Илинден), од МПО, во чест на 50годишнината од Илинденското востание (1953). Текст "Свободна и незaвисима Македония" (Слободна и независна Македонија) Според врска.


Sunday, June 21, 2009

Macedonian Flag 1946 - 1992

The flag of the People's Republic of Macedonia and Socialists Republic of Macedonia between 1946 - 1992













Шаблон за конструкција на знамето според текстот од законот (графички приказ Еddie Rebel):













Членот од Уставот од 1963 за знамето на Социјалистичк Република Македонија во Службен весник бр. 24, година II (12 април 1963):



















Знамето на корица на стихозбирката 11 Октомври:













Знамето со исечена ѕвезда за време на прославата по повод прогласувањето на независноста на Македонија (8 септември 1991):


Saturday, June 20, 2009

Macedonian Flag 1944 - 1946

The flag of the People's Republic of Macedonia between 1944 - 1946

Лево: салата каде се оджал АСНОМ со македонското знаме.

Долу: Реконстукција на знамето на Народна Република Македонија (А.С.):












Знамето на споменикот на паднатите борци во Гевгелија (фото theMac3donian):


Friday, June 19, 2009

Macedonians noted in Brisbane Courier

Macedonians noted in Australian newspaper Brisbane Courier. Click on images to see them in fill size. Original source Macedonian Truth




















Thursday, June 18, 2009

Macedonains in The West Australian

Macedonains noted in the Australian newspaper The West Australian. Original source Macedonian Truth

Wednesday, June 17, 2009

R. Macedonia - Geography

Macedonia is has a total area of 25,333 km2 (9,781 sq mi). It has some 748 km (465 mi) of boundaries, shared with Serbia (62 km/39 mi) to the North, Kosovo (159 km/99 mi) to the northwest, Bulgaria (148 km/92 mi) to the east, Greece (228 km/142 mi) to the south, and Albania (151 km/94 mi) to the west. The country represents a major transportation corridor between Western and Central Europe to Aegean Sea and Southern Europe to Western Europe. It is part of a larger region also known as Macedonia, which includes a region of northern Greece known as Macedonia – administratively split into three peripheries, one of them comprising both Western Thrace and a part of Greek Macedonia – and the Blagoevgrad province in southwestern Bulgaria.

Original source Wikipedia

Tuesday, June 16, 2009

Map of Macedonia 1918

Map of Macedonia produced by the Macedonian colony in St Petersburg 1918

Monday, June 15, 2009

Праведноста бара автономија

Праведноста бара автономија, а не распарчување на Македонија

Праведноста бара автономија, а не распарчување на Македонија

Sunday, June 14, 2009

Macedonia et Thracia. Fenner Sc.

Macedonia et Thracia. Fenner Sc., Paternoster Row. Published by Joseph Thomas in 1835 in London, England.

Height 12 cm, width 15 cm, scale 1:5,700,000.

Saturday, June 13, 2009

The portolan of the Mediterranean

Оваа мапа е наречена “The portolan of the Mediterranean” a е направена од Nicholas Comberford во 1647 година (оригинал: 90×47 cm, 1:4250000). Кликнете на сликите за да ги видете во целосна големина

This map is called “The portolan of the Mediterranean” and it's made by Nicholas Comberford in 1647 (original: 90×47 cm, 1:4250000). Click on the images to see them in full size

Friday, June 12, 2009

Знаме - Баталјон Гоце

Знаме на леринско-костурскиот баталјонот популарно наречен "Баталјон Гоце" во чест на Гоце Делчев. Формиран е на македонскиот национален празник 2 август 1944 година во Грција. На почетокот броел 400, а подоцна дури 1500 борци.

Баталјонот бил вклучен во грчкото национално-ослободително движење ЕЛАС и учествувал во операциите за ослободување од германците.

Во октомври 1944 година поради недоразбиње со раководството на ЕЛАС баталјонот преминува во вардарскиот дел на Македонија и се става под команда на тогашниот Главен штаб на партизанските одреди на Македонија. На 18 ноември 1944 година влегува во состав на новоформираната Прва егејска бригада во Битола.

Знамето е изработено од свила од жените на костурското село Дмбени (?) . Денес се чува во семејството Шалваринови.













Горе лево: знамето; долу: реконструкција на знамето

Thursday, June 11, 2009

Крсте Петков Мисирков - цитати


Цитати од Крсте Петков Мисирков за македонската национална култура и свест и за посебноста на македонската земја:

"Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи." - Крсте Петков Мисирков, К. Мисирковъ - македонецъ, Македонска култура, "Миръ", XXX, 7155, 19.IV.1924, 1.

"И вистина, зар ке се решит iеден искрен патриiот македонец да пожртвуат: Костур, Лерин, Битол'а, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетоо, Скопiе и пр. за соiединуаiн'ето на Македониiа до левиiот брег на Вардар со Бугариiа?" - Крсте Петков Мисирков, "За македонцките работи", 1903, Софиiа

"Како Македонец јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму каде што сум се родил и каде што треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично" - Крсте Петков Мисирков, "Самоопределувањето на Македонците", 1925

"Yes, Macedonian culture and history are quite separate from Greek, Bulgarian, and Serbian culture and history; they have never been the object of an impartial and detailed study. The Greeks, Serbs, and the Bulgarians most unfairly took from Macedonian culture only what they could make use of for the glory of their own national names; ignoring facts of capital importance either because they did not concern them, or because they contradicted their own national aspirations. Unfortunately, the Macedonians themselves are only now beginning to study Macedonian history, having realized, towards the end of last century, that they could no longer trust the historians of Athens, Belgrade or Sofia..." - Krste Petkov Misirkov

"Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште" - Крсте Петков Мисирков "Самоопределувањето на Македонците", објавен во весникот "Мир" на 25 март 1925 год

Wednesday, June 10, 2009

Прва македонска ударна бригада

Знаме на прва македонска ударна бригада













Првата Македонска народноослободителна ударна бригада е формирана на 8 јуни 1944 година, во селото Локов на планината Караорман.

Горе: реконструкција (А.С.)
Лево: фотографија на знамето.

Tuesday, June 9, 2009

Прва македонско-косовска бригада

Знаме на прва македонско-косовска ударна бригада













Првата македонско-косовска ударна бригада е формирана на 11 Ноември 1943 година во Сливово, охридско, недалеку од Славеј Планина. Бригадата брои околу 700 борци.
Горе: реконструкција (А.С.)
Лево: фотографија на знамето.

Monday, June 8, 2009

Илустриран илинден - знаме

Припишано знаме на Македонија (Илинденско востание), од списанието на македонската емиграција во Бугарија - Илустриран Илинден.

1927 година.

Кликнете на сликата за целосен размер!

Sunday, June 7, 2009

Лагите на бугаризмот 18

Лагите на бугаризмот 18

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Османлиските пописи во Македонија од 1871 г. до 1912 г. регистрираат етнички Бугари

Tурските пописи жителите на Oтоманската империја ги делат по религијата, а не по националноста. Организаторот на последните турски пописи, Хилми Паша во интервју за францускиот писател Paillares, вели: „..ги класифицираме нашите поданици според црквите и училиштата кои што ги посетуваат“ (L' improglio Macedonien, Paris 1907, pp. 50-51). Во Македонија се активни две црковни организации Цариградската Патријаршија и Бугарската Егзархија и сите ониe Македонци кои биле Патријаршисти по турските документи се Грци, а оние Егзархистите се Бугари. Денеска бугарската и грчката историографија, мафтаат со овие податоци од турските пописи и велат де Македонија е грчка земја, а другине па дека е бугарска, без да спомнат дека тука се работи за религиски попис, а не за национален. Дури по бугарските пропагандни страници, ќе најдете и информации за број на Власи, Албанци итн. во Македонија, што е чиста шпекулација и фалсификат- во тоа време немало декларирање на националноста!

За пример ќе го дадам Косовскиот Вилает, во чии граници биле и стара Србија- Рашка. Според последниот турски попис од 1911 г. во Нови Пазар, живееле Муслимани 98 и Бугари 68 ; во Пеќ живееле 96 Муслимани, 28 Грци и 5 Католици (се мисли на семејства).


Попис од европска Турција од 1911 г. [горе]. Во Албанските вилаети нема Албанци, а во Косовскиот вилает нема Срби, туку само Бугари, Грци и Муслимани. И во Косово до 1912 г. немало присуство на СПЦ, па затоа сите православни косовари оделе во патријаршиски (грчки) или егзархиски (бугарски) цркви, па затоа имаме само „Грци“ и „Бугари“ на Косово, но и во Македонија. За информација, во состав на косовскиот вилает припаѓала и Рашка- од каде потекнувале сите средновековни српски владетели и Пеќ- седиштето на СПЦ. Денеска Бугарите со овие пописи сакаат да докажат дека Македонците се Бугари, оти на турските пописи немало забележано Македонци. Тоа е така, бидејки Отоманската империја признавала на својата територија само две црковни организации: бугарската и грчката, а Турците своите поданици ги делеле по верска, а не етничка основа. Сите Македонци, Срби, Власи и Албанци кои биле егзархисти по турските документи, но и по нивните лични документи биле заведени како Бугари, додеак сите оние кои биле патријаршисти по нивните лични документи биле заведени како Грци.

Од крајот на 19 век г-ѓа Пенелопа, Гркиња во својата книга "Тајните на мочуриштата" за Македонците вели: "нивниот јазик беше ист, македонскитички...нивната национална свест беше само македонистичка, но кога Бугарите ја прогласија својата црковна независност (1870 г.) ... Македонија се подели на патријаршисти Грци и егзархисти Бугари, при што луѓето од едно населено место, па дури и од исти фамилии се делеа на две партии" ("Тајните на мочуриштата" , стр. 44).

Филите во Македонија

Во мрачниот 19 век за Македонија, голем дел од Македонците подлегнале на странските пропаганди. Имало бугарофили, гркофили, србофили....Фил, доаѓа од грцкиот збор филос, сто знаци симпатичен, па гркофил е оној кој ги симпатизира грците. Сиве овие -фили, го извршиле своето национално предавство притиснати од сиромаштијата, па нашле егзистенција од бугарските, српските и грчките владини испостави по Македонија.

Бугарофилските Македонци се развивале главно од семејствата кои егзистирале од бугарската егзархија и бугарската влада. Бугарската држава фрлала голема пара во Македонија за да создаде Бугари, а за таа нивна подла цел користеле Македонци кои се би сториле за пари. За овој процес, еден од основачите на ВМРО и составувачот на Уставот на ВМРО, Петар Поп-Арсов ги обвинува Македонците кои предавале по егзархиските училишта и гимназии, па ја дава формулата како Македонците станувале Бугари: "кье ми даеш пари - кье се чинам бугарин” ...”[“Стамболовщината в Македония и нейните представители”. 1894 г., София].

Saturday, June 6, 2009

Лагите на бугаризмот 17

Лагите на бугаризмот 17

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Странските патеписци наоѓале етнички бугари во Македонија од средниот век до 19 век

Бугарската и српската пропаганда машинерија, за да докажат Срби и Бугари во Македонија, се користат со неточни и погрешни записи на странски патеписци и хроничари за Македонија, иако најголем дел од нив никогаш не поминале низ Македонија и не разговарале со нејзините жители.

Од 972 г. бугарската држава не постои и територијата на Бугарија е поделена на повеќе административни единици тнр. Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на Тракија станува тема Македонија, територијата на Македонија, Црна Гора, Албанија, сегашна Србија и некогашна Панонија до Срем, стануваат тема Бугарија (Воулгариа), а територијата на права Бугарија станува тема Паристрион, а жителите Паристрионци (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101). Така, Тракијците во византиските извори ги нарекуваа Македонци, Македонците, Србите, Албанците, Власите кои живееја во темата Воулгарија ги нарекуваат Бугари, Бугарите ги нарекуваа Мизи или Паристрионци итн.


Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.

Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија. Некои пак, Македонија ја представуваат како Србија, мислејќи на Душановото Царство, чие седиште било во Македонија. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите Словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975, str. 84).

Еве, уште еден пример дека и Босанциtе биле „Бугари“; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна и Сарајево, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936). Зарем Босанците се Бугари?

Да не должам многу, во овој контекст ќе го спомнам Евлија Челеби, познатиот турски патеписец, само да се докаже дека ја користи тематската поделба на Византија, но пак прави многу грешки, всушност каша-попара, што би рекол народот. И тој, Босанците ги окарактеризира како Бугари. Во своите записи за Босна, Евлија Челеби како бугарски градови ги представува Сарајево, Сребреница и Рача (на устието на Дрина во Сава), со жители Бугари (Glasnik zemaljskog muzeja u Bosni i Hercegovini, XX, 1908, str 184,186, 304,305,310,338). Бугари, наоѓа и низ Србија и Македонија, но Македонци лоцира во Тракија, а за него најголеми македонски градови се Пловдив и Солун (Ibid. 410; 418; 423; 423-424; 424; 427-428 и 430-431; 432; 436; 442; 450-451; 454; 455; 456; 466; 468; 482-483; 518 и 582). Бугарските пропагандисти пак, само презентираат пишанија од Челеби за Македонија, каде што тој наоѓа Бугари, но ги „забораваат“ Бугарите од Босна и Србија, како и Македонците од Тракија, оти сосема е јасно, дека скоро сите патеписци, своите „податоци“ ги треселе од рака или користеле не етничка, туку византиска поделба на луѓето по теми. Ако бугарската историографија, ја презентира целата вистинска документација на Челеби, кој наоѓа Бугари и во Србија, Босна и Македонија, ќе падне во вода нивната пропаганда дека Македонците се Бугари.
Случај Василиј Втори Македонецот- Бугароубиецот

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.

Но, Бугарите забораваат дека во средновековната српска држава, во чиј состав влегува и Македонија, не се забележани Бугари. Тогаш, средновековните Срби не крстиле нас Македонците со ново политичко име- Грци, односно Ромеи. Од друга пак страна, националистичките српски кругови пропагираат дека во нивната средновековна држава се спомнуваат само Грци (Византијци) и Срби, па според тоа Македонците биле Срби. И овие Срби, „забораваат“ да спомнат дека Македонците се наречени Ромеи, Грци (Византијци), а Македонија ја нарекле Романија (Византија) и целосно ги одвоиле од „србље“. Српската националистичка пропаганда тврди дека во нивната средновековна држава се населиле српски доселеници, па настанала србизација на Македонија. Секако, ништо од тоа не е точно. Сите српски средновековни документи велат, дека во Македонија немало Срби, а сите Македонци се наречени политички Грци, Византијци. Затоа, подолу презентирам документи од последните владеења на Србите во Македонија, каде што никогаш не се забележани Срби; подоцна, Македонците не би можеле да станат Срби, оти потпаѓа Македонија под турка власт.Во големата даровна повелба на Хиландар од 1348 г., Цар Душан вели дека државата е поделена на два дела: Романија и Србија; Романија е целата територија од Полог и Скопје т.е. цела Македонија, а народот на Македонија го нарекува „Романих“- Византијци (Извор:Владимир Ћоровић: “ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА”, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 1997 г.). Истата поделба се спомнува и во Меѓународниот Договор со Дубровник од 20. септември 1349 г., каде што Цар Душан, пак Македонците ги нарекува Романи (Византијци) или пак Грци (Византијци). Неговиот син Rex iunior Урош е прогласен за крал и е задолжен за романските (грчките, византијските) земји- Македонија, да ги владее по „ромејските“ т.е. византиските закони (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Сочуван е и запис на овчеполски монах од 14 век за српскиот крал Урош Стефан, син на Цар Душан каде се вели „јас слуга божји Станислав, ја завршив оваа книга во деновите на превисокиот крал Урош Стефан, чиј татко го ослепи и го прати кај Ромеите. И оти 7 години минаа, го прими кралството на сите земји српски, поморски и подунавски и ОВЧЕПОЛСКИ ...“(Lj Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi, Beograd, 1902, I, zapis 56). Според записот на овчеполскиот монах, во Овчеполието живееле Ромеи (Византијци) т.е. Македонци, во кои се вбројува и самиот, а овчеполските земји не биле српски.

Најверојатно, поради долгогодишната византиска окупација на Македонија и византиската култура која ја имале средновековните Македонци, средновековната српска држава Македонците ги нарекува со име Рoмеи, Византијци, додека цела Македонија е наречена Романија, со спомнати следниве градови: Просек, Штип, Брегалница, Струма, Струмица, Сер, Редина, најверојатно и Скопје (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 1997 г.).

Во Житието на Цар Душан пак се зборува дека Македонија е Романија (Грција, Византија), а Македонците се Ромеи (Византијци, Грци), а тука како ромејски (грчки градови) се спомнати: Охрид, Прилеп, Костур, Лерин, Железнец, Струмица, Воден и Чемрен; во споменатите места, никогаш не живеело елинско население (Извор: Житије Цара Душана, критика академика Симе Ћирковића и Божидара Ћирковића). Историските податоци се недвосмислени: Македонија за средновековните Срби била Византија-Романија-Грција, а народот бил несрпски и небугарски, бидејки по освојувањето на делови од Бугарија, во некои средновековни списи се спомнуваат и Бугари, секако покрај Македонците (Ромеи). Во повелба на Цар Душан од 1346 г. од Дечани се титулира како „цар на српските, приморските и грчките земји“ (F Miklosic, Monumenta, CXXI, str 141). Под грчки земји се подразбира секогаш Македонија.

Сочувани се неколку Повелби на кралот Волкашин и Деспотот Углеша, владетели на териториите на денешна пиринска и вардарска Македонија, каде Македонците, по ист обичај, пак ги нарекуваат Грци; на спомнатата територија, никогаш не живееле Грци, па со сигурност се утврдува дека името Грци е дадено на Македонците. За Волкашин, пиринските и вардарските Македонци се Ромеи, т.е. Византијци, Грци („Monumenta Serbica”,Wien, 1851, str 180/181). Деспот Углеша во неговата феудална држава на територијата на денешна пиринска Македонија, вели дека живеат само Грци, никаде не спомнуваат Бугари и Срби, па себеси се титулира како „господар на сите Грци и Поморјето“ (S. Novakovic, Zakonski spomenici srpskih država srednjeg veka, 1912, str 509).

За крсните слави

Србите тврдат дека крсните слави се српска традиција и секој кој слави слава е Србин. Но, тоа е далеку од вистината. Србите христијанството го прифаќаат подоцна од Македонците; познато е дека Охрид како културен сесловенски центар образувал свештеници, кои се испраќале по сите словенски земји, вклучувајќи ја и Србија, па христијaнските чествувања и традиции, Србите ги имаат прифатено од нас Македонците. Славење Слава за прв пат во историјата е забележана од византискиот историчар Скилица и тоа кај Војводата Ивец (XI век)- војсководец на македонскиот цар Самоил, но и последен македонски феудалец кој се опирал на Византија (Петар Влаховиќ, КРСНА СЛАВА И НЈЕН ЗНАЧАЈ У СРПСКОМ НАРОДУ, напишано во "Братство", часопис друштва " Свети Сава ", Београд, 1997. година). Значи, можеме сосема одговорно и историски потврдено да говориме дека крсните слави се македонски обичај. Крсна слава слават дури и католиците Албанци, кои секако не се Срби (Др Јован Вукмановић, Цетиње- "Слично и специфично у славским обичајима Арбанаса и Црногораца", Извор: зборник "Рад ЏИВ конгреса Савеза фолклориста Југославије (у Призрену 1967)", Београд 1974.).

Со фалсификацијата на историјата на Македонија и Македонците, нема крај. Многу историски документи се презентираат делумно, се вадат од контекст, со цел да прикаже бугарски или српски карактер на Македонците. Најчесто, фалсификациите се поврзуваат со градот Кратово; во Банат има село Крашова (Кратова), а има и Кратов - Киратов во Бугарија, името на бугарскиот град Видин по 14 век. Има стари записи од Срби и Бугари, кои потекнуваат од „Кратова“, но не македонското Кратово, туку војводинското или бугарското Кратова.

Бугарската (и големосрпската, разбира се) пропаганда ни ги представува историските документи, целосно искривени, па тоа ќе го поддржам со следниов пример кој ни го дава бугарската историографија, за некој Велко Попович, кој запишал дека потекнува од „отечество“ (родно место) „Бльгарскïе земли, от места Кратова“. (Й.Иванов, op. cit. 183), цитирајчки го само делумно Стојановиќ. Но, целиот текс на овој запис е „..Велко Попович отачаством же от блгарские земли од места Кратова, при државе светлаго ромскаго цесара Леополда, а под властиу српскословенскаго светјишаго патријарха нашего Хаџи Кир Арсениа Чрноевича, в лето 1704“ (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi,II, br 2128, Beograd, 1903). Од текстот се гледа дека тоа Кратово или Кратова се наоѓа некаде во бугарските земји на австристиот император Леополд и под власт на патријархот Арсение Чрноевич, а македонското Кратово никогаш не било под власт на Леополд, нит под власт на Арсение Чрноевич. Најверојатно, се работи за некој Велко Попович, родум од денешно банатско село Крашова (Кратова), каде има иселеници од Бугарија или пак мисли на Банат како бугарска земја, поради тоа што била под власт на првото бугарско царство.

Friday, June 5, 2009

Лагите на бугаризмот 16

Лагите на бугаризмот 16

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Македонците со радост ја прифатиле Егзархијата и сите биле бугарски духовни чеда

Бугарофилска лага: Како да си го објасниме фактот, дека Источна Македонија, која е вклучена во Ќустендилската епархија, а исто и Велешката епархија, која што ја опфаќа централна Македонија, се вклучени директно во Егзархијата уште при нејзиното создавање во 1870 година. Во спорните епархии, каде што живееле многу срби и грци, биле проведени избори. Во Охридско и Скопско тие биле спроведени во 1874 г. и придобиени од Бугарската Егзархија со над 90% од гласовите на христијаните. Со истиот резултат се добиени после војните и востанијата во 1875-1878 г. изборите во корист на Бугарската Егзархија и во Битолската, Дебарската, Неврокопската и Струмичката епархии. А тоа веке е и цела Македонија. Лоша работа. Признавам дека ако бев ренегат во корист на Белград не би можел да измислам нешто во корист на македонската теза. Тоа не се еден или два - тоа се стотици печати на градовите и селата во Македонија на кои што пишува „Бугарската црковна општина" /Прилеп, Битола, Велес, Охрид и т.н./. Како да ги сокриеш? Тоа се 750 цркви, над кои што стои натпис „изградени од бугарите во Битола 1863 г." /црквите „С6. Недела" и „Св. Богородица"/, „изградени од бугарите во Скопје 1864 г." /„Св.Димитар" во Скопје/ и т.н. и т.н. Тоа се 650 бугарски училишта, тоа се стотици илјадници луѓе од Македонија кои што учествувале во борбата, многу од нив го загубиле својот живот со бугарско име на устата (Извадок од книгата "Десетте лаги на македонизмот" од Божидар Димитров).

ИСТОРИСКИ ОДГОВОР:

Ако Македонците биле приврзаници за Егзархијата, зошто тогаш се јавило унијатското движење во Македонија, засилено и обединето во источна Македонија токму по основањето на Бугарската Егзархија? Зошто Бугарскиот Егзарх го испратил Петко Славејков 1874 г. за свој Секретар во Македонија, да се бори против католицизмот и обновата на Охридската Архиепископија, генерирани од македонските владици и нивното папство?

Горноспомнатиот Славејков, во 1870-те како представник на бугарската егзархија во Македонија се бори против македонската црковна борба за обнова на Охридската Архиепископија и унијатење со Ватикан, како единствено средство за неутрализација на бугарското и грчкото влијание во Македонија; за
својата антимакедонска работа редовни извештаи праќа до бугарскиот Егзарх. Голем дел од свештенството и владиците на бугарската Егзархија во Македонија било локално, македонско, но, се борело за црковно осамостојување на македонците, и покрај тоа што тие биле финансирани од Русија и бугарската Егзархија. За ова црковна македонска борба, Славејков пишува до неговиот егзарх: "се јави во тукашните (македонски) патриоти мисла да дејствуваат сами за себе за и да го официјализираат своето месно наречје за своја лична, сопствена македонска хиерархија, што е бугарска идеја (зборовите "што е бугарска идеја" се додадени накнадно од некој бугарски фалсификатор), за несреќа засилена како што можев да разберам од љубомора на еден од нашите владици (г. Натанаил Кучевишки), кој допушти да се протнат и растространат тие погубни идеи на едно национално самосознание" (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал. Ръкопис.). Борбата на македонското свештенство со Егзархијата, била и антибугарска национална борба. Како што гледаме, Славејков неќе да го спомне ниту македонското име по писмата и да го каже дури и името на националната самостојна мисла што се јавила во Македонија или пак бугарските издавачи македонското име "заборавиле" да го спомнат при објавувањата на славејковите писма. Иако македонците не се чувстувале како бугари во 70-те години на 19 век, Славејков упорно ги нарекува бугари кои сакале преку унијатстворо и Ватикан да добијат своја црковна администрација.

Македонците зеле пример на унијатското движење од бугарите, кои пред добивањето на Егзархијата 1871 г., за да извршат притисок врз грчката патријаршија од Цариград, исто така почнаa да се унијатат. Со основањето на Егзархијата, во Бугарија замира унијатското движење. Македонците со унијатсвото покажувале отпор како кон Егзархијата, така и кон Цариград.

Во унијатското движење бил активен и Димитар Малешевски, кој се спомнува како еден од потпомагачите и главните организатори на унијатството. Подоцна него го гледаме како организатор на Кресненското востание, од кога се сочувани доста документи. По “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4), додека во член 15 од Уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа (чл. 186), но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61). Како што гледаме, македонските унијати имале чисто македонска национална свест.

Во истото писмо, Славејков пишува дека македонските владици г. Нил и г. Харитон веќе ги отцепиле од бугарската црква серската, мелничката, струмичката, воденската, кукушката и солунската област и ги приврзале кон католицизмот; во Солун сите православни македонци станале католици, освен г-н Буботинов, бугарин од Софија (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал.).

Според информацијата на католичката сестра Augustine Bewicke од St. Paul's Hospital во Солун, која ја доставила до британската делегација на версајската мировна конференција 1919 г. истакнува дека до 1913 г. во Солун имало околу 10.000 католици, "словени, кои се нарекуваат Македонци и она што тие го посакуваат е автономија под Европска контрола" (Public Record Office (London) – Foreign Office Document 608/44. Peace Conference (British delegation), 1919).

"Солун не е още българский град и не стои начело на движението" продолжува Славејков, за да каже дека на чело на католичко-унијатското антибугарско движење стои Кукуш, "подпомаган денеска доволно силно од досега успиениот Дорјан, а учествуваат во него јавно Струмица со Малешево и Воден. После нив следат солунските села, серските села, Мелник и Драма" (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал.).

Бугарскиот секретар во Македонија се чуди како грчките свештеници во Македонија не реагираат како бугарите, бурно против католицизмот што како зараза се ширел низ Македонија со следниве зборови "Много еще помага за разпространението на уинятската зараза възобновеното преследвание от страна на гръцките владици. Вижда ся явно, че гръцките тъдези владици, вместо да вземат някакви мерки за ограничение на злото или за потушаванието на раздражеиието, с едно равнодушие съдействуват да ся възползуват от туй вълнение в противно отношение, и в такъв дух както ги блазнеше да ся възползуват и от схизмата".

На крајот на извештајот до бугарскиот Егзарх се заклучува дека македонските владици водат "проповеди да ја воскреснат Охридската архиепископија" (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал).

Во друг извештај до својот претпоставен, бугарскиот егзарх ЙОСИФ I, Славејков ги анализира оние малку македонци кои не се унијателе, но пак се изјаснувале како потомци на Александровите македонци, па не можејки да ја оправда развиената македонска национална свест и кај овие православци, ги обвинува дека ја прифатиле српската и грчка пропаганда и вели: "на малкуте оние мали чистокрвни бугари од Македонија, кои од тесна љубов кон татковината (Македонија) и неопишаното инсистирање на родниот јазик, кои што работат на неговото преовладување, ја прибавија на крај српската пропаганда и грчката, кои без да ги покажат задните мисли на населението, им всадуваат многу погубни идеи: напр. дека тие не се бугари, но се македонци (Александрови потомци), т.е. нешто повредни од погорните други бугари и дека тие можат и треба да бидат водачи и првенци на бугарскиот народ, зошто егзархијата бугарска била нивна, со такви проповеди на странците, поткрепени од наши нерaзумници, раздразнувајки го населението, успеаја да ги распространат доволно овие мисли и да гo насочат народот кон погубитниот пат на сепаратизмот" (5 март 1874. Солун, ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 203, л. 2–3. Оригинал. Ръкопис). Како што гледаме, човеков е премногу контрадикторен и противречен самиот на себе; македонците ги нарекува бугари, па дека се сметале за наследници на античките македонци, па дека требало да бидат предводници на бугарскиот народ, а самите македонци всушност ce сметале за посебен народ, за надмени, и со омаловажување гледале кон бугарите. Тоа се реченици на очаен човек кој очигледното бело го прави црно, македонците ги прави бугари, а немало македонци со бугарска национална свест. Дали тоа го правел за да го задоволи и даде романтичарски занес на бугарскиот егзарх или пак да се оправда за неуспешната бугаризација на македонците, за која бил и задолжен, останува загатка. Факт е дека грците ширеле пропаганда дека македонците се елини, додека пак србите пропагирале дека македонците се чистокрвни срби., но ниту србите, ниту грците не го учеле народот дека е посебен македонски народ; тогаш не би имале ќар, а без ќар работа (во овој случај пропаганда) нема.

Тука презентирам и неколку пасуса од српската пропаганда, која целосно ја демантира бугарската пропаганда која тврди дека "србите го измислија македонизмот; за србите, Македонците биле само старо-србијанци:
" Тим послом бавио се Веселиновић а нарочито Стојан Новаковић. Осим другога наштампао је Новаковић у 12. Гласу Српске Краљевске Академије врло важну расправу, ''ћ и ђ у македонским народним дијалектима'', у којој говор Македонаца и Старо-Србијанаца дијели на овчопољско-кратовски, велеско-прилепски и дибрански говор, претреса потанко велеско-прилепски говор и налази, да је то наријечје српскога језика. Посао овај настављен је у Јагићеву Архиву."...
..."Ношња и обичаји исти су који и у сјевернијех Срба. Они славе славу и преславу ту пар еџелленце српску свечаност, они знају за додолу, за лазарицу и коледу, држе мобу и побратимство. За све то не знају Бугари."
..."Од свега тога најљепше говоре народне пјесме и народна свијест. Српски народ чувен је у свијету са својих народнијех пјесама. Напротив Бугари не имају никаквијех старијих пјесама народнијех. Ну да заварају свијет, наштампаше Македоњани браћа Миладиновци, Бошњак Верковић, Рус Качановски и Бугарин Чолаков српске народне пјесме, које су посакупљали по разнијем предјелима Македоније, Старе Србије и шопских крајева, под именом ''бугарскијех'' пјесама, пошто су их прије тога прекројили према бугарскоме изговору. а да те пјесме изгледају бугарскије, замијенише имена српскијех краљева и јунака бугарскијем царевима и војсковођама, о којима народ нити зна нити пјева..."
"Да су Македонци Срби, држали су и стари дамлатински писци. Шпљећанин Алберти /1617/ пише, да је некада народ словенски под Александром Србљанином /Александар Велики/ давао законе свему свијету. Мавро Орбини /1601/ вели, да је на балканскоме полуострву од давнина живио словенски /а то је исто што и српски/ народ, да је загосподовао у Азији и Африци, да се побио с Мисирцима и са Александром Великијем, да је покорио Јелинију, Македонију и Илирик, да је војевао с Римљанима, да је развалио Рим и присилио римске цареве, да му плаћају данак..." (Симеон Кончар "ПРАДОМОВИНА СРБА", 1894 год.)

Дека секретарот на бугарската црква има право за антиегзархиската дејност на македонските митрополити, потврдува и сочуваната архива на скопскиот митрополит г. Теодосиј Гологанов, роден неврокопчанец (пиринско, сега град Гоце Делчев). Иако митрополит на бугарската Егзархија во Македонија, тој е жесток противник на оваа црковна формација и бугаризацијата што ја спроведувала во Македонија. Митрополит Гологанов пишува „Бугарите ја вршат најмизерната работа, го негираат Македонското име и јазик и го заменуваат со ново (бугарско), со цел бугарските господари да се прошират на туѓи територии...тоа е ново ропство, потешко од турското..турците го убиваат телото, а не духот ...Егзархијата го убива сето тоа подоцна...ние Македонците не страдаме толку од Турците, како од Грците, Бугарите и Србите кои како сакаат како волци да ја разделат намачената македонска земја...Ние македонските духовници по потекло, треба да се обединиме и да го разбудиме народот, да се отфрли странската власт, да се отфрлат дури и Патријаршијата и Егзархијата и духовно да се обединат под закрилата на Охридската Архиепископија, единствената вистинска Мајка Црква“ (Юни 22, 1891 г. Теодосий Скопски, "Централен Държавен исторически архив" (София) 176, оп. 1. арх. ед. 595, л.5-42 / Разгледи, X/8 (1968), п.996-1000).

На 01.12.1891 г. Теодосиј за да го спаси македонскиот народ од Бугарите и Грците, бара Унија со Римокатоличката Црква. Во неговото барање за унија со Ватикан до Папата Лео XIII, Митрополитот Скопски образложува: „во името на целиот македонски православен народ...историското право на македонски православен народ да се ослободи од јуриздикцијата на странските цркви- бугарската Егзархија и цариградската Патријаршија...да се обнови Охридската Архиепископија...границите на Охридската Архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија (Archivio della S. Congregazione de Propaganda Fide - Roma: Indice della Potenza - Marzo 1892-93, Somm.XV, f.132-141). По ваквата промакедонска борба, На 11 Март 1892 г., Митрополитот Скопски Гологанов е сменет од функцијата и бугарски тајни агенти го притвараат и го носат во заточение во манастир во Бугрија (Archivio della S. Congregazione de propagande fide – Marzo 1892-93, Somm. XV, f. 132-141).

Најголем удар на бугарската пропаганда во Македонија задава проф. по историја. Георги Бакалов, инаку социјалист. Антицарски ориентиран, проф. Бакалов не подлежи на софиската политика на лажење и измислување бугари во Македонија пред бугарската и светската јавност, па ја опишува вистинската состојба на националните чувства на македонците во 1890 година: „во селата во Македонија, ако сретнеш селанец што говори словенски и припаѓа на православната религија...деветорица од десет од овие луѓе на прашањето што се по националност ќе ви одговорат дека се МАКЕДОНЦИ и покрај што се предмет на пропагандите на трите соседни држави “ (Георги Бакалов, "Претендентите на Македония", стр. 22, Варна 1890 г.).

На извештаите на Славејков, еден континуитет за бугарската пропаганда во Македонија која се одвивала преку Егзархијата и нејзиниот неуспех даваат патеписите за Македонија на бугаринот од гр. Враца, Васил Кънчов . Ја опишува состојбата во Македонија 1893/4 г., а инаку во тоа време тој работи како бугарски пропагаторски учител во солунската машка гимназија. И тој како и Славејков, ја распламтува онаа бугарска фама за постоењето на бугарски народ во Македонија, зборува за бугари од Македонија, но такви ретко наоѓа. За Охрид забележува дека со отворањето на бугарската егзархија, таа отворила и општина на Бугарската егзархија, која во почетокот била жива, оти на чело на истата се наоѓал митрополит Данаил Кучевишки и Охридски, кој како што видовме од извештајот за бугарскиот егзарх од 1874 г. (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал)., се борел за обновување на Охридската архиепископија, а работел против Бугарската егзархија, иако бил плаќан од истата. По неговото заминување и кога Бугарската егзархија ставила свој човек во Охрид co основна задача бугаризација на Охрид, па бугарската општина замрела. Иако бугарската пропаганда вели дека Охрид бил центар на бугарската преродбенска борба во 19 век, град со најголем број бугаромани во Македонија, всушност, тоа било само една голема бугарска пропаганда, такво нешто немало, за што Кънчов вели: "Бугарската (црковна) општина во Охрид денеска (1893/1894 г.) едвај дише. Таа делува повеќе на име, отколку на дело, зошто никаква дејност не се забележува. Од пред 2 години не е преизбрана. На заседание се собираат едвај по 3-4ца и пак ништо не се врши, оти општинските работи се сосема занемарени. Општината секоја година ги кани граѓаните да се соберат, но никој не доаѓа" (Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 451).

Секаде кога во своите патеписи ги опишува бугарските општини по Македонија, К'нчов дава иста бројка на "општинари", по 3-4 кои земале плата од Бугарија. Но, иако плаќани од Софија, К'нчов опишува нивните деца "ги даваат на грчко образование...Во Сер (1894 г.) има 4 души бугарски општинари чии што жени не стапнуваат во бугарска (егзархиска) црква. Еден таков случај видов и во Неврокоп" (Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 253). Како што гледаме, дури и оние Македонци кои работеле за бугарската егзархија, своите деца ги праќале по неегзархиски училишта, за да не подлегнат на бугарската пропаганда. За да изнајде оправдување за немањето бугарска национална свест во Македонијa, пред самиот себе- бугарскиот пропагатор и неговата читателска публика, К'нчов ги обвинува македонските жени, кои во најголем број сакале и се школувале по грчките училишта од каде излегувале антибугарки, со мисла дека "се' што е бугарско е просто, долно, грубо и недоделкано"(Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 252). Но тие македонски девојки биле испраќани да учат по грчките училишта од нивните татковци; никогаш детето не одлучува каде ќе го започне школувањето во прво одделение основно училиште, туку неговите родители.

Интересно е што при пропатување низ пиринска Македонија и денешна источна Македонија, бугаринот К'чев прикриено ни разоткрива дека тамошните Македонци претежно биле антибугарски настроени, дури повеќето гркомани или протестанти.

За пиринските Македонци од гр. Мелник, К'нчов заклучува дека бил гркомански град, каде дури и дома македонците (кои тој ги нарекува бугари) говореле грчки. Во Мелник покрај домородните жители, најбројни во 1894 г. биле бегалците од гр. Негуш, егејска Македонија, од македонското племе пуливаци "(Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр.141).

Петричаните повеќе биле "славјански" па како опишува К'нчов "имат 16 църкви, от които в 14 се служи сега по славянски и в две по гръцки, именно в малката градска и в църквата на селото Кърнилово".

Во Горна Џумаја (Благоевград), според К'нчов, мнозинството македонци биле гркомани кон крајот на 19 век. Кога пристигнал во градот, горноџумајци го пријавиле на локалниот кајмакам со обвинувања дека тој бил шпиун на бугарската влада, дека цртал планови на градот и ја опишувал околијата, при што турската полиција го уапсила (Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 167).

Дури и денешните тнр. б'лгари од Софија и целиот шопскиот крај немале бугарска национална свест кон крајот на 19 век. Врочем, шопите се словенско племе, кои врска немаат со бугарите. Кога Русија ја ослободува денешна Бугарија од османлиите 1878 г., шопскиот крај востанал против нивното вклучување во државата Бугарија; тие, како словени, поблиски ги чувствувале до себе србите отколку бугарите, кои "биле соседи по местоживеење и сродни души по многу работи" (Цит. по М. Семов, Д. Иванов. С минало като в роман. Чужденците в политическия, материалния и духовния живот на българската столица 1878-1908. С., 1999, с. 11.).

На 21 Мај 1878 г., кога Бугарија се уште не била устроена како држава, главната власт ја имале русите на чело со руски губернатор, шопите заедно со српската војска го зазеле целиот шопски крај со интенција да го приклучат кон Србија; тогаш, шопите се изјаснувале како срби по националност (Цит. по М. Семов, Д. Иванов. С минало като в роман. Чужденците в политическия, материалния и духовния живот на българската столица 1878-1908. С., 1999, с. 11.). Само да напоменам дека под шопски крај се подразбира целата територија на северо-западна Бугарија која граничи со Македонија и Србија, а во неа спаѓа и Софија, чие домородно население е шопско.

Туку што ослободени од турците и влезени во руската губернија Бугарија, шопаците, се кренале на оружје против нивното влегување во состав на идната бугарска држава и преферирале да бидат срби, отколку бугари. Затоа, Русија интервенирала и шопскиот крај бил насилно повторно припоен кон Бугарија, а шопско-српските војници биле разоружани, а некои пребегнати и во Пирот. Како целта на Русија било создавање колема Бугарија, а шопите биле антибугари, Русија решила главниот град на Бугарија да биде Софија, а не Велико Трново, како што веќе решиле вистинските б'лгари (Цит. по М. Семов, Д. Иванов. С минало като в роман. Чужденците в политическия, материалния и духовния живот на българската столица 1878-1908. С., 1999, с. 12.). За овој настан, италијанскиот хронист Вито Мантегаца запишува "Русија сакаше главниот град да биде блиску до српската граница- противтежа на Србија, покровителствувана од Австрија (Цит. по М. Семов, Д. Иванов. С минало като в роман. Чужденците в политическия, материалния и духовния живот на българската столица 1878-1908. С., 1999, с. 15).

Thursday, June 4, 2009

Лагите на бугаризмот 15

Лагите на бугаризмот 15

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Србите на чело со Стојан Новаковиќ ги измислиле Македонците во 1888 г.

Бугарофилска лага: "Македонската нација, јазик и држава се продукт на великосрпската државна политичка мисла од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Теоријата за нив, формулирана од српските научници Новаковиќ, Цвииќ, и др... беше плод на заклучокот, ???дека бугарското население во Македонија кое останало под власта на Османската империја, после создавањето на бугарската држава во 1878 г... неможе директно да биде посрбено". Новаковиќ јавно пишува: како не можеме да ги посрбиме, нека барем во прво време да го отргнеме тоа население од бугарскиот народ, создаваќи му илузија, дека тоа е една одделна нација. Ако тоа се случи таа ќе биде мала и слаба и ако во иднина влеза во границите на Србија, лесно може да биде посрбена" (извадок од книгата "Десетте лаги на македонизмот" од Божидар Димитров").

ИСТОРИСКИ ОДГОВОР:

Самите овие бугарофилски тврдења, дека Новаковиќ го измислил македонизмот во 1888 г., не само што ја минуваат границата на историската објективност, туку и одат во жанрот на научна фантастика .Овие бугарофилски лаги на современата бугарска историографија, прелесно се демантирани од пишаните дела за Македонците и Македонија од бугарските хроничари, културни и политички дејци од 19 век, пред наводното измислување на македонизнот од страна на Новаковиќ. Постојат премногу написи за македонското национално чувство во текот на 19 век, забележано од перото на тогашните Бугари.

Да видиме како национално се чувствувале Македонците од 1871 г., 17 години пред наводното измислување на македонизмот, од старијата "Македонското прашање" на Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков. Toj пишува: "...Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци...Сме слушнале и друг доказ. Некои македонисти се двојат од Бугарите врз друга основа, според која тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам ти што". Понатаму и самиот Славејков го опишува "она мислење дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени", каде авторот на гореспомнатата статија јасно укажува дека за голем дел од Македонците, поимот бугар означувал словен, не етноним, а тие се сметале за наследници на античките Македонци, кои пак биле чисти бугари т.е. чисти словени. Ова македонистичко движње во Македонија било масовно, за што Славеков вели "идеја што многумина сакаат да ја спроведат во живот", а притоа заклучува дека на целиов овој процес во Македонија гледа "како знак на освестеност (македонска)" на Македонците, додека бугарскиот народ се уште не бил создаден или како што Салвејков вели "неустроениот наш народ". На крајот, Славејков заклучува дека Македонците (за него претставувале долни Бугари, а вистинските Бугари биле горни Бугари) не се сметале за Бугари и не биле освестени како такви во 1871 г., па вели: "Во однос на стравот (на Македонците) од бројноста на горните Бугари и од нивното порано пробудување, тоа не прилега ни да се спомнува, како што не треба да се гледа така ни на децата на еден татко. Само затоа што некои браќа (Бугарите) се освестиле час понапред, од тоа не следува дека тие треба да бидат погорни". Меѓутоа, треба да се потцрта дека целава македонска преродба, Бугарите вешто ја криеле како од својата, така и од светската јавност, но, работава излегла во јавност "благодарение на непретпазливоста на еден од нашите собраќа". Извор: (Статия на Петко Рачов Славейков във вестник ”Македония”, издаван в Цариград, година В, бр. 3 от 18. И. 1871 г. Цитирано по Събрани съчинения, т. 7. Публицистика, С: Български писател, 1981 г., стр. 21 – 24).

Славејков сам ги демантира современиве бугарски историчари, оти неговата статија "Македонското прашање" се појавува 1871 г., 17 години пред наводното измислување на македонизмот од страна на Новаковиќ. И тоа не постојат само македонци по национално сознание, туку и критична маса која добро ја познавала историјата.

Ќе додадам цитати од бугарскиот учен од 19 век, Атанас Б. Шопов, кој ги демантира своите сонародници од 20 век и вели :„Па дури ни денес, во 1885 година кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме, дека поголем дел од Македонија ќе ни летне од раце, со исклучок на две - три околии од северна Македонија . Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари.....” (Офейков (Атанас Б. Шопов ), „Македония въ време на хилядагодишнината на св. Методий“, Пловдив, 1885 г., стр. 109-110). Да не заборавиме дека тогаш, во Македонија спаѓале и делови на денешна јужна Србија. Шопов се осврнува на две пропаганди во Македонија: грчката и австриската, за која прв пат слушаме од него, додека српската пропаганда целосно ја игнорира, најверојатно не била толку експонирана.Под австриска пропаганда се подразбира унијатството во Македонија со Ватикан.

Во унијатското движење бил активен и Димитар Малешевски, кој се спомнува како еден од потпомагачите и главните организатори на унијатството. Подоцна него го гледаме како организатор на Кресненското востание, од кога се сочувани доста документи. По “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание (1878) во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4), додека во член 15 од Уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа (чл. 186), но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61). Како што гледаме, македонските унијати имале чисто македонска национална свест. Димитар Поп Георгиев Беровски го напишал Уставот на Македонското Востание, каде што спомнува Македонци како етнос во Македонија, 10 години пред бугароската квазитеорија дека Новаковиќ го "измислил" македонизмот.

Според информацијата на католичката сестра Augustine Bewicke од St. Paul's Hospital во Солун, која ја доставила до британската делегација на версајската мировна конференција 1919 г. истакнува дека до 1913 г. во Солун имало околу 10.000 католици, "словени, кои се нарекуваат Македонци и она што тие го посакуваат е автономија под Европска контрола" (Public Record Office (London) – Foreign Office Document 608/44. Peace Conference (British delegation), 1919).

Најголем удар на бугарската пропаганда во Македонија задава проф. по историја. Георги Бакалов, инаку социјалист. Антицарски ориентиран, проф. Бакалов не подлежи на софиската политика на лажење и измислување бугари во Македонија пред бугарската и светската јавност, па ја опишува вистинската состојба на националните чувства на македонците во 1890 година: „во селата во Македонија, ако сретнеш селанец што говори словенски и припаѓа на православната религија...деветорица од десет од овие луѓе на прашањето што се по националност ќе ви одговорат дека се МАКЕДОНЦИ и покрај што се предмет на пропагандите на трите соседни држави “ (Георги Бакалов, "Претендентите на Македония", стр. 22, Варна 1890 г.).

Ако пак се вратиме 200 години пред постоењето на Новаковиќ, во времето на Каропошовото Востание, пак ќе најдеме само и само македонски народ, како единствен народ во Македонија во тие времиња.

За време на карпошовото востание во Македонија, во 1669 г. заедно со австриската војска се повлекува голема група Македонци, од сите делови на Македонија во Австрија, каде што често биле напаѓани од австриските военополициски сили. За да ја подобрат својата состојба во Австрија, Македонците пошле при Леополд Први, Император Австриски, барајќи заштита за пребеганиот македонски народ; македонскиот народ (gens Macedonica) го представувале двајца Македонци, Краида од Кожани и Поповиќ од Солун, кои и се декларирале официјално како Македонци, па Леополд Први на 26.04.1690 г. издава заштитна нота за македонскиот народ „gens Macedonica“ (Ј.Ронић, Прилози за историју Срба у Угарској у XVI, XVII и XVIII веку. Прва књига. Књ. Матица српске, бр. 25 и 26. Нови Сад 1908, стр. 52-53)

Македонците кои бегале по Војводина, најчесто се населувале во најблиските погранични градови со турската империја: Земун и Панчево. По црквите во Земунскиот Магистрат, сочувани се изводите од матичните книги на родените и умрените од 18 век, каде иселениците од Македонија, се изјаснувале по националност како Македонци. Всушност, во тнр. протоколи од матичните книги на родените и умрените, за секое новородено дете или починат човек требало да се напише и националноста, при што многу честа е и националноста Македонци, за луѓето со словенски имиња и презимиња, кои потекнувале од сите краишта на етничка Македонија. (Извори: ИАБ, ЗМ = Историјски архив Београда, Земунски магистрат (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи I = Протоколи матичних књига рођених и крштених Цркве Св. Николаја, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи 1а = Протоколи матичних књига рођених и крштених цркве Рождества Св. Богородице, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи II = Протоколи матичних књига венчаних цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III = Протоколи матичних књига умрлих цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III а = Протоколи матичних књига умрлих цркве Рождества Богородице, Земун). Според документите од Земунскиот Магистрат, покрај Македонците, се населувале и бегалци кои по националност се изјаснувале како Власи, Куцовласи, Цинцари, Грци и Бугари.

Изјаснување на националноста на македонските бегалци во Русија (18 век)

Многу руски документи од 17 и 18 век говорат за населување на Македонци во Руските краишта. Зачувана е молбата од Македонскиот Народ до царска Русија, за нивно населување во Русија (Полное собрание Россiйской имперiи съ 1649 года , Томъ XIII, С. Петербургь 1830), а на 24.12.1751 г. руската царица Елизабета Петровна со Указ го дозволува населувањето на Србохорватите, Македонците, Бугарите, Власите и другите православни народи во Русија и да формираат свои полкови (Петъръ Кеппенъ, Хронологическiй указатель матерiаловъ для исторiи инородцевъ европейской Росiи, Санктпетербургъ 1864 г. ). Како Буагри во Русија се изјаснувале остатоците на вистинските турко-бугари тнр. Гагаузи, кои ги задржале своите турки карактеристики и јазк, како и православната вера. До крајот на 19 век, во како Бугари се сметале Гагаузите во Русија и така тие се изјаснувале (Скальковский 1836-1838; 1848, Бугньон 1853: 198, Свиньин 1867: 175, Могилянский 1913: 85).

Македонскиот полк е формиран 1752 г. од страна на Иван Хорват со униформа во македонските национални бои: жолта и црвена (Скальковски, Хронологическое обозърнiе исторiи Новороссiйскaга края, 1731-1823, I, Оддеса 1836). Зачувани се списоците со имињата на македонските војници од македонскиот полк, со нивни податоци kako место на раѓање, брачна состојба и нивно изјаснување по националност; сите од нив се изјасниле како припадници на македонската нација ( Централний державний исторический архив УРСР - Киев фонд 1413, опис 1, зб. 6/1756).

Wednesday, June 3, 2009

Лагите на бугаризмот 14

Лагите на бугаризмот 14

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Миладинови, Шапкарев, Ѕинѕифи-Жинзифов најголеми македонски бугари

Bо 50те години на 19 век, почнува активно да се вклучува Русија во балканската политика, чија цел била создавање голема Бугарија, која потоа би станала само една руска колонија и целосно управувана од Русија. Во голема Бугарија, требало да влезе и Македонија. Како во тоа време во Македонија немало никакво бугарско национално чувство, русите морале некако да го афирмираат и распространат бугарското име. Затоа, русите почнуваат да го неметнуваат термиот бугар како етничко, а не општословенско значење, за што постајат многу историски извори. Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства (Робевци (власи) и Лазаревци од Битола) да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офейков, Материали за българското възраждание в Македония, София 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчета “, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација. Пред се', тие врбувале за свои пропагандисти немакедонци, најчесто власи од Македонија.

Русија не застанала само на тоа. Почнала се повеќе Македонци да испраќа на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дейност на Хаджи Партения". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.
Цела Македонија ја крстосувале руски тајни агенти; толку многу биле зафатени со убедување на Македонците да се приклучат кон бугарската држава, при што се забележани и вакви сведоштва за нивните убедувања упатени кон Македонците „ако останете надвор од Бугарија, вашата земја (Македонија) ќе биде полоша од она што беше порано, но ако се приклучите кон нас и нашата кауза, ќе ги добиете сите добра кои произлегуваат силно кралство, под руска заштита (Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187).

Во Русија, Македонците ги образувале дека најјужното словенско племе е бугарското, дека бугарите биле словени, а не турки народ. Иако на Русите предобро им било јасно дека бугарите се турки народ, бидејки бугари биле нивните Татарстанци, чуваши и АлМаринци, сепак, заради својот интерес за создавање голема Бугарија ја искривувале историската вистина.

Еден од најголемите руски шпиуни и ширач на бугарската пропаганда е Димитар Миладинов (Миладини). Неговиот татко бил по потекло од влашкото село Магарево (Битолско), од каде семејството се преселило во Мислешево, па на крај во Струга. Неговиот зет Кузман Шапкарев, негов следбеник, во неговата биографија сакајки да го скрие вистинското влашко потекло на Миладин, измислува дека неговото семејство избегало од Магарево од влашките зулуми врз македонското население во селото. Но, с. Магарево е основано од власи, преселници од Епир и никогаш немало Македонци во истото (Ибид, стр. 218). Неговата мајка, Султана е родена во с. Магарево и е ќерка на влашки поп.

Димитар и неговиот брат Константин се имаат школувано во гимназијата во Јанина, неофицијалната престолнина на власите во Епир. (ДИМИТЪР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ, 1986 Sofia, стр. 198-201 , Димитър Райков). Биле и двајцата учители на влашки јазик, во пелистерските влашки села Трново и родното Магарево (пак таму, стр. 201).

Интересно е, што во нивните млади годинио не го познавале македонскиот јазик, нит словенското писмо, па во една преписка меѓу Димитар и Константин забележано е дека "ќе одат во Русија да го научат словенскиот јазик, за да предаваат бугарски во Македонија" (Братя Миладинови. Преписка. Издирил коментирал и редактирал Н. Трайков. С., 1964, с. 126.). За разлика од словенскиот јазик кој не го владееле, многу добро го научиле италијанскиот јазик, кој како романски е многу сличен со влашкиот (Табаков, Н. Братя Миладинови. Биография. С., 1966, с. 12.). Инаку и двајцата престојувале и работеле едно време во албанскиот Драч.

Во 50-тите години на 19 век, прво Димитар, а сетне и Константин се испратени на обука во Москва од страна на руската амбасада во Цариград (пак таму, стр. 204). Во Русија, браќата Миладинови се целосно финансирани од руската држава и црква, каде дури и рускиот архиепископ давал пари на Константин Миладинов (Ив. Хаджов. Александър Рачински за Братя Миладинови. Училищен прегред, XXXI, 1932, кн. 1, с. 114).

Русите за Контсантин и Димитар Миладинов имале отворени шпиунски досиеја. На 25.5.1861 г., рускиот консул во Битола г. Хитрово пишува до азијатскиот департамент на руското министерство за надворешни работи дека "учителот Миладинов е познат по своите заслуги во полза на бугарската народност и распространувањето на образованието меѓу православните жители на Македонија, беше неодамна упасен од турците поради сомнение за врска со руските агенти" (Селишчев, А.М. Семъя Д. Миладинова. Из донесений консула М. Хитрово (1864 г.). — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, 65).

Според руските дипломатски служби, Димитар Миладинов бил нивен шпиун за ширење на бугарската нaродност во Македонија (Селишчев, А.М. Семъя Д. Миладинова. Из донесений консула М. Хитрово (1864 г.). — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, 67) т.е. бугаризација на Македонците.

За бугаризацијата што ја спроведувал Миладинов, финансира и осмислена од Русија, пишуваат и останатите дипломати во Македонија.

Чарлс Калберт, британскиот конзул во Битола во извештајот до британскиот амбасадор Хенри Булвер во Цариград и до англискиот државен Секретар Џон Расел по повод апсењето на Димитар Миладинов пишува: "Димитар Миладинов е еден руски пропагандист (Никола Трайков. Братя Миладинови..., с. 215.). Понатаму британскиот конзул објаснува до своите претпоставени: " Доста големата преписка на Димитар Миладинов, составена од добиени писма и преписи од испратени писма, не остава ни најмало сомнение, дека тоа лице е агент на руската пропаганда" (Никола Трайков. Братя Миладинови..., с. 217.).

Миладинови, како бугаризатори на Македонија, а воедно и учители во македонските краишта, испраќале свои ученици на школување, односно бугаризација во Русија по наредба на руските дипломати; дури, Димитар Миладинов испраќал млади Македонци во Русија без знаење на нивните семејства, кои се противеле на нивната бугаризација. Забележан е протестот на македонскиот револуционер Ѓорѓи Капчев од Охрид до турските власти, каде тој го обвинува Димитар Миладинов дека без знаење на семејството го пратил брат му Иван Капчев во Русија (ДИМИТЪР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ стр. 215/216, Димитър Райков, Софија 1986 г.).

Во Зборникот на Народни Песни од Македонија, браќата Миладинови измислуваат 3 песни каде се спомнува бугарското име. Имено, требало да го претстават македонскиот фолклор како бугарски, а немало во Македонија ниту една песна, предание каде се спомнува бугарското име или некој бугарски владетел. За овие нивни измислици пишува и ширачот на српската пропаганда, Симеон Кончар во својата брошура "ПРАДОМОВИНА СРБА", 1894 год., кој пак тврди дека Македонците се Срби, оти никаде во нивниот фолкор не се спомнува бугарското етничко име, ниту пак постоела бугарска национална свест кај Македонците.

Друг руски агент кој е важен за нас и работи во полза на ширењето бугарска народност во Македонија е Ксенофон Дзиндзифи, кој по наредба на руските дипломати и неговиот учител Димитар Миладин, го променува своето влашко име во словенско и станува Рајко Жинзифов. Потекнува од семејство на битолски власи, есктремни гркофили, а роден е во Велес, додека татко му Ioani Dzindziphi учителствувал таму, како грчки учител.

Ѕинѕифи (Рајко Жинзифов), дете на епирски власи, бегалци во Македонија, по наредба на своите руски ментори пишува пропагандистички дела дека Македонците биле Бугари:
"Кога ќе стигнеш во моја земја
во Бугарска Македонија
ќе видиш Бугари јунаци
нестрашливи македонци...
Речи речи: Македонии вие Бугари јунаци
докога вие во темница ќе седите црни лица?
Сите согласни станете,
Бугарски школи отворете
во цркви Бугарски читајте,
од никого не се плашите!"
(1860 год. "Гулаб")

Иако руски пропагатори во Македонија, делото на Миладинови и нивните ученици Жинзифов и Шапкарев е особено значајно за македонската историја, јазик и литература. Сите тие се надарени поети, прозеисти, собирачи на македонски народни умотворенија и иако несвесни, пишувајки на македонски јазик, истиот го промовираа. Го промовираа и македонскиот фолклор, како уникатен и својствен само на македонскиот народ, едно богатство и сведошто на посебноста на еден цел народ.

Tuesday, June 2, 2009

Лагите на бугаризмот 13

Лагите на бугаризмот 13

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Најголемиот бугарски преродбеник Паисиј Хилендарски бил Македонец

Бугарската пропаганда за да натури бугарски карактер на пиринските Македонци, тврди дека Паисиј е по потекло од Банско, иако по јазикот на пишувањето се докажува дека е од Софиско, поправо од Кралев Дол, каде што во почетокот на 20 век се уште жувее неговата фамилија ( "Отец Паисий Хилендарски е родом в с. Кралевдол (Софийско)" , Веле Кралевски, в. "Независимост" (броя от 15.Х.1923 г.) / "Нещо за езика на Паисиевата история", Иван П. Кепов в кратката си статия в сп. "Родна реч" (1931/32 г., кн. II)). Читателот, само може да си замисли до каде иде бугарската пропагандна машинерија.

Monday, June 1, 2009

Лагите на бугаризмот 12

Лагите на бугаризмот 12

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Македонските преродбеници биле бугари

Бугаристичка лага: "македонските преродбеници биле восхитени бугарски патриоти, кои пишувале на бугарски јазик и го истакнувале не еднаш своето бугарско национално самосознание" (извадок од книгата "Десетте лаги на македонизмот" од Б. Димитров).

ИСТОРИСКИ ОДГОВОР:

Византија, Источното римско царство своите жители ги декларираше не на етничка база, туку географски, по Темите каде што живееле. Тема е византиска воено-административна област, со своја сопствена управа, но потчинета на Византија т.е. Романија. Вистинското, изворно име на Византија е Романија.

Грците, како основачи и лојални граѓани на Романија (Византија) во текот на целиот среден век, па се' до 19 век се нарекувале Ромеи (Римјани), а нивниот јазик ромејски (римски); грците биле дел од источното римско царство- Романија, па следствено, по тогашниот византиски обичај луѓето да се декларираат по географската припадност, тие биле Ромеи-Византијци. Инаку, многу познато е дека грците не се римјани, ниту пак имаат некаква лингвистичка или крвна врска со римјаните.

Во состав на Византија имаше голем број на Теми, населени со повеќеетничко население; Византија за полесно да ги лоцира луѓето ги нарекуваше по името на Темата, а не со етничкото име, но и со тенденција сите нив да ги асимилира во Ромеи (Византијци). Така, жителите на темата Стримион, беа стримионци, жителите на темата Македонија беа географски Македонци, но не и етнички.

Од 972 г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија; слободните територии на Самоил и неговите браќа не беа признати за посебна држава, туку тие беа за Византија само бунтовници. Тогаш, Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и неговата околина се сместени во тема Тракија, а жителите на Тракија биле нарекувани Тракијци. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).


Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.

Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија.

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден 811 г. во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.

Како ермено-словенот Василиј Втори Македонецот беше Македонец, така и Цар Самоил беше бугарин за Византија- жител и владетел на териториите кои припаѓаа на темата Воулгарија.

Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.

Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26).

Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).

Византискиот хроничар Михаил Псел за востанието на Петар Делјан (внукот на Цар Самоил) тврди дека тоа е востание на племето на "бугарите", а почнало во денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија, за на крај да стигне во Македонија. Крунисувањето на Петар Делјан во цар е одржано во Белград (главниот град на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгарои).

Белграѓани прикажани како Бугари со Петар Делјан, Скилица 11 век

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора. Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата тема Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија.

Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале за Бугари т.е. географски Бугари, жители на Византиска Тема Бугарија.

Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия ИИИ, папка ИВ.)

Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св. Климент бил "прв епископ на бугарски јазик" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия ИИИ, папка ИВ.).

Оттогаш, за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен, а бугарски јазик синоним за словенски јазик.

"Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), koj сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: "тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик, а и голем дел од Македонија и Тесалија" (Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Kлимент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171). За Грците, сите словенски народи што ги населуваат Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија за грците биле бугари и ги нарекуваа со едно име, почнувајки од 10 век.
Дека навистина поимот "бугар" означувал словен, но, не и посебна народност во средниот век, доказ се и останатите документи од времето на охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, ракоположен на охридскиот архиепископски трон во 1216 г. Од негово време имаме зачувано записи на Македонци кои се декларирале "по род Македонци" во времето кога Охрид бил дел од Епирската држава, па со сигурност можеме да констатираме дека Македонец во тие документи представува етникум, а не географски поим, поради тоа што Охрид припаѓал географски на Илирик, а државно на Епир. Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денeска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315).

Во Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите, кнежевствата на племињата Милинги и Езерци, Војунити и Велегезити. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church).

Грците го наметнуваат терминот бугар, бугарски јазик, како синоним за словен и словенски јазик од крајот на 18 век

Од 1767 год. Охридската Архиепископија е укината по ургенција на Грците и Македонија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, целосно контролирана од грчки и гркофилски клир. Во тоа време, Патријаршијата отвара грчки училишта ширум Македонија, на грчки јазик. Грчките учители го наметнале терминот бугар, бугарски јазик, како синоним за словен и словенски јазик. Инаку, пред тој период, во Македонија НИКОГАш не се употребувал зборот бугар како синоним за словен и не постои ниту еден пишан постар од 18 век каде некој Македонец се изјаснил како бугарин или својот јазик го нарекол бугарски.

Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.). Др. Јован Цвијиќ, познат српски етногеограф и академик, српската влада го има пратено во Македонија во 1905 г. и за големосрпски владини интереси има напишано дека Македонците се аморфна маса, без национална свест и книжевен јазик, кои имале симпатии и кон Србите и кон Бугарите, па лесно можеле да се претопат или во Срби или во Бугари. Но, истиот тој Цвијиќ, подоцна сведочи дека кога бил во Македонија, Македонците имале развиено македонска национална свест па самиот се демантира и вели: "малите луѓе од народот, селаните, знаат само дека се Македонци" (Svetozar Pribicevic: „ Diktatura kralja Aleksandra”, 5. poglavlje, str.128).

Во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја, селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“; се’ градско били „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (Wilkinson 1951: str. 149). Самите Бугари велат дека поимот Бугар немал национално значење: „Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот „Грк“, а граѓанската носија за него беше „грчка носија...Нашиот селанец, кога ќе речеше „ние сме Бугари“, мислеше „ние сме христијани“, т.е. православни. Рускиот цар беше за него „бугарски цар“ не по народност, ами по православно христијанство.....“ (А. Т. Балан, Една македонска теория, Периодическо списание LXV, 1904, стр.818).

Според најновиот „Речник на современиот елински јазик“, зборот бугар - воулгар, на елински, означува простак („Речник на современиот елински јазик“, Г. Бабиниотис, Атина, 1998 г.).

Во едни такви услови, кога Македонците учеле грчки училишта и кога се словенско’ било нарекувано бугарско, за нашите предци од 19 век словенското значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски.

Господин Генадиј, Митрополит Велешки (роден во село Подкожене, Поградец) ни кажува дека во 19 век, во Македонија поимот Бугар означувал чист Словен, дека сите словенски народи се Бугари, па тој запишува: "од Бохемија и Моравија сите тие се Словени, чисти Бугари, наши браќа". Покрај тоа што за г. Генадиј денешните Чеси и Словаци се Бугари, тој своето потекло го влече од античките Македонци, па за него Аристотел е "првиот учител во Грција, учител над учителите, чист Бугарин (Словен)" (Извор: Симеон Радев, "РАННИ СПОМЕНИ", наслов: "ПОСРЕЩАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА БЪЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ", Ново, коригирано и допълнено издание под редакцията на Траян Радев, Изд. къща Стрелец, София, 1994).

Глигор Прличев во својата автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор Пърличев, Автобиография). За него и Србите се Бугари т.е. Словени; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска. Никола Попфилипов, македонски учител вели дека бугарскиот јазик е општ балкански јазик (вестник "Македония" Цариград, 6. Април, 1868 г.).
Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, јасно кажува дека за него поимот Бугари значи Словени, па во неговата "Солунска Легенда" објавена 1859 г. во "Гласник друштва српске словености" вели дека Св. Кирил и Методиј се апостоли на сите Бугари (Словени) (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147).

Варијанти на преписи на "Солунската Легенда", каде пак се гледа дека во Македонија, поимот бугар, означуал само словен, па во истата се вели дека Св. Кирил и неговиот брат Страхота (св. Методиј) ја создале словенската азбука за просвета на "бугарите" (словените) од Моравија и дека кнезот на Велика Моравија бил "бугарски" кнез (Й. Иванов, "Български старини из Македония", БАН, 1970 г. ).

Шопот, Отец Спиридон Габровски, во 1792 г. ја пишува „Историјата на бугарските народи“, за кого сите јужнословенски народи се Бугари, и Србите и Македонците- Словените. Во неговата кратка историја тој вели: „Болгарите ги завладеале Тракија, Македонија, Далмација, Белото Море и Рим...Илирите се нарекуваат Болгари...од Болгарите произлегоа Србите..., а од кога Александар ја зеде целата илирска војска да го бие светот...од тогаш Болгарите почнаа да се нарекуваат Словени и Македонци (Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском, превод М. Г. Минчев (ц), ред. П. Тотев, худ. доц. Ив. Кънчев (ц), предп. инж. Д. Кънев, печ. УИ "В. Априлов" - Габрово, ИК "Луна", 2000 г. ; - Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском 1792, пр.Б. Христова, проф. Б. Райков, БАК при НБ "Св. Кирил и Методи", И "ГАЛ-ИКО", София, 1992 г.). Пак имаме доказ дека “Бугар” во тоа време значело Словен, а тогашните „Бугари“, себеси се сметале за чисти Словени, ист народ и со Србите, и со Македонците и со Илирите (Хрватите, Црногорците и Словенците).

Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин:
“Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари". …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко.. Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( “За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“ 1903 ).

Кирил Пејчиновиќ на својата книга "Огледало" од 1816 г. ставил дека е напишана на "препростејшим и некнижним јазиком Болгарским долнија Мисии". Тогаш не постоел книжен - литературен бугарски јазик, ниту пак некој друг јужнословенски литературен јазик. Најпрво од јужнословенските јазици е стандардизиран српскиот, за дури кон крајот на 19 век да се создаде литературен бугарски јазик. Единствен книжен (литературен) јазик во 1816 г. бил старословенскиот, кој како што погоре опишав се нарекувал болгарски во Македонија, а некнижен болгарски јазик го означува словенскиот народен говор.

Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков, главниот во спроведувањето на бугаризацијата во Македонија, во 1871 г. објавува статија под наслов "Македонското прашање", каде прави осврт на македонското преродбенско движење, критикувајки ги Македонците кои себеси се сметале за потомци на античките Македонци и дека за нив, поимот бугар означувал словен, а не етноним бугар, па лошо е настроен кон "она мислење (на македонистите) дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени" (Статия на Петко Рачов Славейков във вестник “Македония”, издаван в Цариград, година В, бр. 3 от 18. И. 1871 г. Цитирано по Събрани съчинения, т. 7. Публицистика, С: Български писател, 1981 г., стр. 21 – 24).

МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕРОДБЕНИЦИ ОД 19 ВЕК СЕ СМЕТААТ ЗА НАСЛЕДНИЦИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

И навистина, Македонците од 19 век сметале дека се наследници на античките Македонци, за кои за нив биле чисти словени, но наместо словени го користат опишниот термин бугари, погоре детално објаснет.

За Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, Македонците од 19 век потекнуваат од античките Македонци и нивната култура, од Пеонците, па дури и од античките митолошки народи како Мирмидонците, а сите тие биле чисти Бугари т.е. Словени („Цариградски весник“ бр. 458 од 21.11.1859, „Цариградски весник“. бр. 211 од 05.02.1855 г.). И за Ѓеорѓија Пулески античките Македонци се чисти Словени (Славјано-Македонска општа Историја, Софија 1893 г.).

Познатиот македонски учебникар Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува дека античките Македонци не ги голтнала земјата, туку дека се чисти Словени: „...Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари (мисли на Словени)... оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (в. Македонiя од 16.02.1871).

Во својата „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречје)“, печатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., пишува:
„П.[Прашање] Кои се оние Бугари (Словени), што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?
Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија
П. Од кого се покрстени тие?
О. Од Апостол Павле, кој најнапред проповедал во Филипи и Солун...

Апостол Павле ги покрстил прво античките Македонци во Филипи, а сето тоа е многу убаво објаснето во Библијата. Димитар Македонски сосема е сигурен во своето потекло- дека е ист со првите Христијани, крстени од Апостол Павле, а тоа се античките Македонци, кои според него се чисти Бугари (Словени).

Факт е, дека сите оние македонски преродбеници кои го користат бугарското име како словенско се школувани по грчките училишта. Сите тие прво биле гркофили, за дури при крајот на својот живот да сватат дека се Словени (они го користат терминот Бугари), што потврдува дека дома, од нивните родители, дедовци не биле воспитувани дека се бугари, туку напротив.

РУСКО-БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА ОД 19 ВЕК

Bо 50те години на 19 век, почнува активно да се вклучува Русија во балканската политика, чија цел била создавање голема Бугарија, која потоа би станала само една руска колонија и целосно управувана од Русија. Во голема Бугарија, требало да влезе и Македонија. Како во тоа време во Македонија немало никакво бугарско национално чувство, русите морале некако да го афирмираат и распространат бугарското име. Затоа, русите почнуваат да го неметнуваат термиот бугар како етничко, а не општословенско значење, за што постајат многу историски извори. Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства (Робевци (власи) и Лазаревци од Битола) да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офейков, Материали за българското възраждание в Македония, София 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчета “, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација. Пред се', тие врбувале за свои пропагандисти немакедонци, најчесто власи од Македонија.

Русија не застанала само на тоа. Почнала се повеќе Македонци да испраќа на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дейност на Хаджи Партения". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.

Во Русија, Македонците ги образувале дека најјужното словенско племе е бугарското, дека бугарите биле словени, а не турки народ. Иако на Русите предобро им било јасно дека бугарите се турки народ, бидејки бугари биле нивните Татарстанци, чуваши и АлМаринци, сепак, заради својот интерес за создавање голема Бугарија ја искривувале историската вистина.

Еден од најголемите руски шпиуни и ширач на бугарската пропаганда е Димитар Миладинов (Миладини). Неговиот татко бил по потекло од влашкото село Магарево (Битолско), од каде семејството се преселило во Мислешево, па на крај во Струга. Неговиот зет Кузман Шапкарев, негов следбеник, во неговата биографија сакајки да го скрие вистинското влашко потекло на Миладин, измислува дека неговото семејство избегало од Магарево од влашките зулуми врз македонското население во селото. Но, с. Магарево е основано од власи, преселници од Епир и никогаш немало Македонци во истото (Ибид, стр. 218). Неговата мајка, Султана е родена во с. Магарево и е ќерка на влашки поп.

Димитар и неговиот брат Константин се имаат школувано во гимназијата во Јанина, неофицијалната престолнина на власите во Епир. (ДИМИТЪР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ, 1986 Sofia, стр. 198-201 , Димитър Райков). Биле и двајцата учители на влашки јазик, во пелистерските влашки села Трново и родното Магарево (пак таму, стр. 201).

Интересно е, што во нивните млади години не го познавале македонскиот јазик, нитy словенското писмо, па во една преписка меѓу Димитар и Константин забележано е дека "ќе одат во Русија да го научат словенскиот јазик, за да предаваат бугарски во Македонија" (Братя Миладинови. Преписка. Издирил коментирал и редактирал Н. Трайков. С., 1964, с. 126.). За разлика од словенскиот јазик кој не го владееле, многу добро го научиле италијанскиот јазик, кој како романски е многу сличен со влашкиот (Табаков, Н. Братя Миладинови. Биография. С., 1966, с. 12.). Инаку и двајцата престојувале и работеле едно време во албанскиот Драч.

Во 50-тите години на 19 век, прво Димитар, а сетне и Константин се испратени на обука во Москва од страна на руската амбасада во Цариград (пак таму, стр. 204). Во Русија, браќата Миладинови се целосно финансирани од руската држава и црква, каде дури и рускиот архиепископ давал пари на Константин Миладинов (Ив. Хаджов. Александър Рачински за Братя Миладинови. Училищен прегред, XXXI, 1932, кн. 1, с. 114).

Русите за Контсантин и Димитар Миладинов имале отворени шпиунски досиеја. На 25.5.1861 г., рускиот консул во Битола г. Хитрово пишува до азијатскиот департамент на руското министерство за надворешни работи дека "учителот Миладинов е познат по своите заслуги во полза на бугарската народност и распространувањето на образованието меѓу православните жители на Македонија, беше неодамна упасен од турците поради сомнение за врска со руските агенти" (Селишчев, А.М. Семъя Д. Миладинова. Из донесений консула М. Хитрово (1864 г.). — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, 65).

Според руските дипломатски служби, Димитар Миладинов бил нивен шпиун за ширење на бугарската нaродност во Македонија (Селишчев, А.М. Семъя Д. Миладинова. Из донесений консула М. Хитрово (1864 г.). — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, 67) т.е. бугаризација на Македонците.

За бугаризацијата што ја спроведувал Миладинов, финансира и осмислена од Русија, пишуваат и останатите дипломати во Македонија.

Чарлс Калберт, британскиот конзул во Битола во извештајот до британскиот амбасадор Хенри Булвер во Цариград и до англискиот државен Секретар Џон Расел по повод апсењето на Димитар Миладинов пишува: "Димитар Миладинов е еден руски пропагандист (Никола Трайков. Братя Миладинови..., с. 215.). Понатаму британскиот конзул објаснува до своите претпоставени: " Доста големата преписка на Димитар Миладинов, составена од добиени писма и преписи од испратени писма, не остава ни најмало сомнение, дека тоа лице е агент на руската пропаганда" (Никола Трайков. Братя Миладинови..., с. 217.).

Миладинови, како бугаризатори на Македонија, а воедно и учители во македонските краишта, испраќале свои ученици на школување, односно бугаризација во Русија по наредба на руските дипломати; дури, Димитар Миладинов испраќал млади Македонци во Русија без знаење на нивните семејства, кои се противеле на нивната бугаризација. Забележан е протестот на македонскиот револуционер Ѓорѓи Капчев од Охрид до турските власти, каде тој го обвинува Димитар Миладинов дека без знаење на семејството го пратил брат му Иван Капчев во Русија (ДИМИТЪР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ стр. 215/216, Димитър Райков, Софија 1986 г.).

Во Зборникот на Народни Песни од Македонија, браќата Миладинови измислуваат 3 песни каде се спомнува бугарското име. Имено, требало да го претстават македонскиот фолклор како бугарски, а немало во Македонија ниту една песна, предание каде се спомнува бугарското име или некој бугарски владетел. За овие нивни измислици пишува и ширачот на српската пропаганда, Симеон Кончар во својата брошура "ПРАДОМОВИНА СРБА", 1894 год., кој пак тврди дека Македонците се Срби, оти никаде во нивниот фолкор не се спомнува бугарското етничко име, ниту пак постоела бугарска национална свест кај Македонците.

Друг руски агент кој е важен за нас и работи во полза на ширењето бугарска народност во Македонија е Ксенофон Дзиндзифи, кој по наредба на руските дипломати и неговиот учител Димитар Миладин, го променува своето влашко име во словенско и станува Рајко Жинзифов. Потекнува од семејство на битолски власи, есктремни гркофили, а роден е во Велес, додека татко му Ioani Dzindziphi учителствувал таму, како грчки учител.

Иако руски пропагатори во Македонија, делото на Миладинови и нивните ученици Жинзифов и Шапкарев е особено значајно за македонската историја, јазик и литература. Сите тие се надарени поети, прозеисти, собирачи на македонски народни умотворенија и иако несвесни, пишувајки на македонски јазик, истиот го промовираа. Го промовираа и македонскиот фолклор, како уникатен и својствен само на македонскиот народ, едно богатство и сведошто на посебноста на еден цел народ.

Enter your email address:

-
 
Macedonian Documents © 2007 Template feito por Templates para Você