Sunday, May 31, 2009

Слобода или смрт - знаме

Припишани знамиња на ВМРО од списанието на македонската емиграција во Бугарија - "Слобода или смрт" кој излегувал од 1924 до 1934 година

Знамето од првиот број на списанието (10 декември 1924)












Знамето од број 86 на списанието (18 јануари 1929)


Saturday, May 30, 2009

Лагите на бугаризмот 11

Лагите на бугаризмот 11

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Битолската плоча и декларирањето на Јоан Владислав за Бугар

Бугарите за да докажат бугарскиот карактер на Самоиловото Царство ја користат тнр. Битолска плоча од некој Јоан, Цар и Самодржец бугарски (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.). Тие тврдат, дека тоа е натпис од Иван Владислав, внук на Цар Самоил. Но, ако се прочита плочата, ќе се види дека натписот воопшто не одговара на ранокириличен натпис. Имено, зборот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владетел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Цезари (Цри) за терминот Цар. Зборот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век.

Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од бугарскиот цар од кумано-влашко потекло Јоан Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].

Friday, May 29, 2009

Лагите на бугаризмот 10

Лагите на бугаризмот 10

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Охридската Архиепископија е бугарска црква

Бугаристичка лага, извадок од "Десетте лаги на македонизмот" на Бугаринот Божидар Димитров "Официалното име на архиепископијата било во годините помеѓу 1019-1767, кога била затворена „Бугарска автокефална архирпископија". А нејзиниот титулар и се потпишувал во сите документи во текот на тие седум и пол века од нејзиното постоење „Архиепископ на Охрид /или Јустиниан Прима - античкото име, како што се мислело тогаш, на Охрид/ и на Цела Бугарија". Спор меѓу научниците во светот по прашањето чија е архиепископијата во Охрид меѓу 1019-1767 г. никогаш немало, затоа што илјадниците документи, кој излегле од канцелариите, се недвосмислени - тоа е бугарска црковна институција. Со тоа се согласувале и нејзините титулари со грчко потекло. Познатиот книжевник Теофилакт например се потпишувал во официални документи /и покрај омразата која ја имал кон бугарите а ја изразувал во писма до пријатели/ со името Теофилакт Бугарски. А Во 1292 г. Византијскиот император Андроник Палеолог подарил на нејзиниот титулар навезана со злато плаштеница со надпис испишан со злато „на пастирот на бугарите, за да го спомнува во своите молитви императорот". Таа плаштеница до 1918 година беше чувана во Охридската црква „Св. Климент" а после таа година е во Националниот историски музеј на Бугарија."

ИСТОРИСКИ ОДГОВОР:

МПЦ има долга традиција. За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.

Потоа, таа црковна традиција ја наследуваат епископите на македонските склавинии-кнежевства. Познато е дека секое средновековно македонско кнежевство, склавинија имала свој епископ. Забележано е дека дури на Цариградскиот сецрковен собор 879 г., заедно со лидерите на сите помесни цркви, рамноправно учевствувале и епископите на македонските кнежевства, но, во пишаните документи е задржано само името на Епископ Петар од Драговитија, кнежевството на Драговитите (извор: види кај Dvornik, Slaves, pp. 235 - 236; Niederle, II, 424.).

Уште во 866 г., Папата наредил на бугарскиот цар Борис секој народ во неговата држава да избира свој епископ, а сите епископи да избираат Архиепископ на Бугарија. Како северна и централна Македонија била под власта на Бугарија, само за тие области од македонската етничка територија, се избирал заеднички епископ на македонскиот народ. Но, тоа правило се почитувало дури од последната деценија на 9 век. Инаку, македонските кнежевства-склавинии кои биле под Византија, како Драговитија, си ги задржале своите епископи.

Со тоа, Бугарија требало да ги признае националните права на различните етникуми, кои плаќале даноци на Бугарија како и целосно призната автономија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120)

Така и сторила Бугарија. Кон крајот на 9 век, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент. Таткото на бугарската средновековна историја Проф. Др. Златарски констатира дека Македонија била "третата част на българската държава която била населена с компактно славянско население" (Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.239-240); затоа, Македонците како посебен броен народ во бугарското царство морале да се одделат од останатите народи.

Рускиот славист Туницкиј според Краткото житие на Св. Климент и Џуканжовиот список тврди дека македонските автономни области тнр. Кутмичевица ја зафаќале територијата на Македонија до Солун на југ, на запад до јадранскиот брег, додека северната граница не може авторот да ја определи (Ср. Воронов, Главнейшие источники, стр. 200. / Н. Туницкий, Св. Климент, стр. 177—182). Св. Климент, македонскиот етнички простор го поделил на 12 околии (Н. Туницкий, пак таму, стр. 189—190), каде официјален јазик и писмо бил словенскиот, а црковниот клир бил ослободен од плаќање даноци на Бугарија (Пространното житие, издание Туницки, гл. XVIII, § 58—59, стр. 170—121).

Наследниците на Св. Климент, духовни и граѓански управители на македонските автономни области ја носеле титулата "епископ на словенски јазик" , каде што старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос. Со тоа, Бугарите признавале посебен етнос во "третата автономна област на Бугарија".

По Св. Климент, имало уште 3 генерации словенски епископи од кои зачувано е името на "епископ Марко на словенскиот народ" .

Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г. Прв Патријарх е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Стандард Нењс, Софиа, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Од тој запис се зачувани само делови и можат да се прочитаат имињата на следниве епархии Видинска, Кефалониска (Главенишка), Вериска, Ираклиска (Пелагониска), Скопска, Сардикиска ), Селасфорска (Деволска), Пелска и Призренска. Несомнено, епархии на Охридската Патријаршија биле и Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска, Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска. За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).

За време на патријархот Герман, во Бугарија тојпрво го затекнал бугарскиот патријарх Дамјан, а после него доаѓа патријархот Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА). Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј добива помала титула Митрополит и се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“; како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква).

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора. Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата тема Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простираше во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што представува десеттина отсто од територијата на цела Бугарија. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за "бугарскиот народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од Срем, цела Србија, Косови делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија (Иван Снeгаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1. От основаването до завладяването на Балканския полуостров от турците, стр. 55-62). Од таму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а бугарскиот народ е словенскиот народ од спомнатите територии, оти покрај него, спомнува и турци Вардариоти и власи, мислејки на Романците на север од Дунав.

Како што истакнав погоре, бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите, Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА, но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија. За да го оправдаат ова смешно тврдење, од бугарите ќе слушнете дека бугарскиот архиепископ Дамјан избегал во Самоиловото Царство и таму ја пренел својата патријаршија, но археолошки е докажано дека тој останал во Силистра. Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамян“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова).

Други пак сакаат да докажат дека Бугарскиот Патријарх Глигориј и македонскиот Патријарх Герман се еден ист Патријарх, но пак е тоа една голема лага, оти Св. Глигориј е канонизиран во светец и упокоен како Митрополит Бугарски, со смалена титула од Патријарх во Митрополит од самиот Цар Самоил и македонскиот Патријарх Герман.

Охридската Архиепископија цело време од 1018 г. па се додека е под византиска јуриздикција ја носи титулата "Архиепископија на цела тема Бугарија", но и вон византијската управа, кога архиепископи биле грци, за да докажат дека тоа е византиска црква со византиски титули.

Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.). Како што истакна и Божидар Димитров, Теофилакт стварно се титулирал како Архиепископ на Бугарија, но на тема Бугарија, област од Византија, а не на територијата на бугарското царство. Тој бил пастир на жителите на темата Бугарија, Македонците, Србите, Црногорците, дел од Босанците и Херцеговците- жителите на тема Бугарија, но не и на правите Бугари, кои тогаш живееле во тема Паристрион (Мизија, Загоре) и тема Македонија (источна Тракија).

Охридската Архиепископија го шири македонското име

Поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале истата како Македонска и таа всушност го ширела македонското име, кое станало синоним за словен. Така, до 17 век, во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители ПРЕДЕЛИ МАКЕДОНСКИ.

"Зборник" на Божидар Вуковиќ, подгоричанин од пределите македонски ( XVI век).

Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски „грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест ва пределех мађедонских“ (Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, (Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, završeno 27. jula 1537. g. - Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, (Praznični minej, Venecija, 11. juna 1536 - 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 - 433`. ZIN I 494.). Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по душановото царство, своите земји ги сметаат за делови на Македонија.

Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник", печатан во Шкодра-Скадар од некој г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., пределите македонски, во родниот град Скадар...“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).

И учените од шопскиот крај на денешна Бугарија, ја сметале својата татковина како дел од Македонија. Во 16 век се познати двајца учени шопи Јаков Крајков „от пределех македонских“ и Јаков „от Македоние“.

Првиот, на еден печатен псалтир запишал: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син... И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.“

Вториот, во 1566 г. поговор на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. (Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88)
Првиот познат македонски книжар е Кара Трифун. Тој во Скопје во втората половина на 16-ти век во неговата „словенска книжарница“ (така стои во старите книги) ги продавал венецијанските изданија на Јаков Крајков, на Ј.Загуровиќ и други црковни книги.

Страница од „Часловот“ на Јаков Крајков, „от пределех македонских, од места зовом Софија“.

Според Скаловска: „Јаков, Крајков син од Софија и Јаков од Камена Река, село под Осоговската планина се печатарски трудбеници кои работеле во една од најстарите јужнословенски печатници на Божидар Вуковиќ во втората половина на 16 век.

Thursday, May 28, 2009

Лагите на бугаризмот 9

Лагите на бугаризмот 9

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Цар Самоил бил бугарски цар

Историски одговор

Цар Самоил е син на Брсјачкиот кнез Никола, кој ја владеел Брсјачката Склавинија во средината на 9 век. Грците (Византијците), словенската титула кнез, ја преведуваат како комитопул. Затоа, не само таткото Никола, туку и неговите синови Давид, Мојсеј, Самоил и Арон во грчките извори се споменуваат како комотопули-kнезови (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 347).

Кнезови (грч. комитопули) се владетели на македонските средновековни кнежевства тнр. склавинии. Македонските склавинии ги основале македонските словени (склавени), во која биле инкорпорирано и староседелското македонско население. Така и настанала симбиоза меѓу староседелците и новодојдените словени од западната група; словените ја примиле византијската култура, додека староседелците словенскиот јазик, поради целосното словенско опкружување не само во цела Македонија, туку и во Тракија, Тесалија, Елада, Мизија. Тоа го докажуваат и археолошките пронајдоци во Македонија, каде сите откриени артефакти во Македонија до 9 век целосно припаѓаат на ромео-италската култура, т.е. визатинско-римска, како кај сите стари народи (Иван Микулчиќ, "Средновековни градови и тврдини во Македониjа", Скопје 1996 год., стр. 28-31).. Од 9 век, почнуваат да се јавуваат и артефакти типично словенски, поради фактот што словенските просветители (Наум, Ангелариј, Климент и Сава) се враќаат од Моравија во Македонија и пренесуваат искуства, традиции, обичаи и воопшто моравска култура во Македонија (пак таму). Поради тоа што културата во Македонија до 9 век била чисто ромео-италска, Микулчиќ тврди дека до 9 век Македонија била населена со византијци, немало словени, а дека дури во 9 век доаѓаат словените, што се коси со сите историски извори (вклучувајќи ги и византиските) дека веќе во 7 век имаме македонски склавинии, кнежевства, па држава Склавинија и словенизирање на староседелците; тоа се прави за да се негира симбиозата на староседелското македонско население со словените и да се докаже чист словенски карактер на денешните Македонци, што е надвор од здравиот разум и искривување на историските факти.

Првата македонска држава и македонските кнежевства- склавиниите
Првите македонски склавинии (кнежевства) се јавуваат од крајот на 6 век. Сите жители на склавиниите по византиските извори се наречени словени (склавенои). Склавиниите честопати стапувале во сојузи меѓу себе со цел подобар напад на Византија, а подоцна и одбрана како од Византија, така од Бугарија и од Антите, Северјаните тнр. бугарски славјани. Во Македонија, Пеонија, најдолна Мизија, Тесалија, Епир, и Тракија до р. Марица се населиле Склавени. Источно од нив се населиле антите, северјаните, за кои се смета дека се словенизирани староседелски ирански племиња. (Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство, I, Епоха на хуно-българското надмощие (679—852) стр. 40. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами, Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].Славените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989).
Источно од р. Марица во Тракија и во Добруџа се населиле спомнатите Анти (7 племиња) и Северјани , кои биле непријатели со македонските склавени и забележени се нивни меѓусебни борби ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).

Македонските склавинии се државни формации, а во 7 век формирале и своја држава Македонска Склавинија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Таа држава се формирала на етничка Македонија, зафаќајки ја географска Македонија, Пеонија, долна Мезија со Метохија, западна Тракија до долината на р. Места. Cекоја држава имала свој водач, челник, така и оваа наша држава за свој прв КРАЛ го имала рекс ХАТСОН. По византиската средновековна литература, македонскиот крал Хатсон е познат како Рекс Хатсон, а титулата доаѓа од латинскиот поим рекс, кој означува крал. Рекс Хатсон ја водел првата средновековна македонска држава во 20-те години на 7 век (Mirac.,II ,p.1325-1333). Вториот познат крал на првата средновековна македонска држава е Крал ПРЕБОНД, кој владеел во 70-те години на 7 век (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176).

Од крајот на 8 век, Византија ја уништува Македонска Склавинија и држават ја разделува на кнежевства- склавинии. Тогаш, склавиниите биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во 9 век, дел од Македонија, пред се северна, централна и источна Македонија потпаѓаат под бугарска власт. И под власта на Бугарите, македонските склавинии ја задржале внатрешната самоуправа, а на бугарите биле должни да плаќаат данок [79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.]. . Тоа многу убаво го обајснува средновековниот македонски автор Јоан (Иван) Камениатес кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок на градот Солун (Византија), а дел на скитите (бугарите), но имале кнезови кои одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето воена помош на принципалот Византија или Бугарија (81. L. Niederle, 425—428). Вазалноста на македонските склавинии од Бугарија и Византија може да се спореди со вазалниот однос на Република Рагуза (Дубровник) кон Турција, на која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија.

Брсјаците/Берзитите и државата Берзитија
Како што спомнав, кнез на Берзитската Склавинија, една од најголемите, бил таткото на Самоил. Потеклото на Берзитите/Брсјаците е од долината на реката Елба, во денешната германска република Брандербург, во северозападната област Пригниц (Prignitz). Се спомнуваат во средниот век како Бризанер (Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136; Bernhardi, Lothar, S. 600 f.; zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39.). Нивни најблиски комшии во старата татковина, сегашна Германија биле Моравците, Смолјаните (Smeligden), итн. Брсјаците во Германија за време на доцниот среден век се целосно германизирани, а источните Германски Републики Брандербург и Саксонија се претежно составени од германизирани словени.

Како една од најголемите склавинии прераснала и во средновековна македонска држава Берзитија (L. Niederle, Slovan. starozhit., Dil. II, str. 428—29.), која ја спомнува и познатиот хроничар Теофан Конфесор (Theophanes, ibid., p, 447,10–13 ). Берзитија плаќала данок прво на Византија, за да од 9 век ја покори Бугарија и вазалски од тогаш данокот го плаќала на Бугарија. Од бугарските историчари ќе слушнете кретенски контрадикторности и во еден пасус напишани од нив, дури и од познатиот Златарски кој во една реченица тврди дека Берзитите сакале да влезат во бугарскиот сојуз и да докаже дека така станале Бугари, бидејки не може никако бугарската историографија логично да објасни како Македонците, со свои кнежевства, држави кои се бореле против бугарите (прабугарите) и бугарските словени и биле непријатели, станале бугари како нив; во следната реченица пак самиот се негира и вели дека бугарскиот хан Телериг во 773 г. испраќа 12000 војска против Берзитија, за да ја опљачкаат, а населението како робови да го пренесат во Бугарија, но Византија ја спасува Берзитија со 80.000 војска (Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство. I. Епоха на хуно-българското надмощие (679—852)" I изд. София 1918, стр. 303, 302).

Македонија под Бугарија и автономијата на македонските етнички територии
Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ н а Бугарија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120)

Тогаш, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.); за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.

Македонија станала третиот дел од бугарското царство со своја управа. Според , Св. Климент станал автономен управител на целата територија на Македонија, на југ се до Халкидик и Јанина (Ibid. pp. 157 et seq.). Но, забележни се пред Св. Климентовото време и два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериуполските маченици кај Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии во склоп на Бугарија со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9).

Таков кмет (комитопул) бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).

Обновата на Македонска Склавинија

Борбите со Бугарија
Во 968 г. права Бугарија (територијата меѓу Дунав и Стара Планина) е нападната е нападната од Русија и Русите поминувајки ја слабата Бугарија напредуваат кон Византија. Во 969 г. користејки ја зафатеноста на Бугарија со руските напади, четирите брсјачки кнезови (комитопули) кренале бунт против Бугарија и ја отцепиле Берзитија, а кон нив почнале да се приклучуваат и другите делови на етничка Македонија (Васил Н. Златарски, История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), страна 609) . Се формирала нова македонска држава, се отцепиле македонските етнички територии од зависноста кон Бугарија.

Бугарија не можела ова да прифати формирање нова држава на своја територија. Во 970 г., бугарските цареви Роман и Борис II ја напаѓаат државата на четворицата брсјачки кнезови, со цел да ја уништат и да го задушат востанието на средновековните Македонци (Skyl.255.73-80). Но, Бугарија ослабена од руските напади и од борбите со Византија не успеала да го задуши бунтот во Македонија против нивната власт.

Борбите со Византија
Во 971 г. Византија ја покорува Бугарија, а во 973 г. и новосоздасдената, непризната држава на Самоил, освен Берзитија, за која се смета дека останала непокорена. По смртта на Византискиот Император Јован Цимискиј, во 976 г. комитопулите креваат ново востание, сега против Bизантија (Skyl.328f).

Бугарскиот развластен Цар Роман како сојузник на Византија против Самоил
Во 977 г. бугарските соцареви Борис и Роман се ослободени од Византија и пратени во Бугарија за да се борат против комитопулите. Борис II бил убиен од "бугарски" граничар, а Роман заминал во Видин (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4357–13 ). Роман заедно со вистинските бугари се борел во корист на Византијците против Самоил и стигнал се до Скопје. Откако го освоил Скопје, бугаринот Роман го предал градот на византискиот цар Василиј II и за тоа големо дело Роман бил назначен за стратег на Абидос, а ја добил и ромејската почест сан патрициј и препозит (Skul—Cedr., ibid., II, p. 45513–18 ) .

Македонска Склавинија
Името на Самоиловата држава се нарекува Славинија. Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дужд Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348).

Преспанската плоча, редок ранокириличен запис од Цар Самоил
Инаку, единствен оригинален запис од Цар Самоил и неговата фамилија е Преспанската Плоча од с. Герман (егејска Македонија), која представува надгробен споменик на неговите тродители, таткото Никола, мајката Римпсинија и братот Давид. Плочата е земена од бугарите и се чува во Националниот музеј во Софија. Сочуван е само краток текст во долниот десен агол на плочата, додека целиот останат тескт е издлабен и плочата e израмнета (”Надгробната плоча најдена во село Герман кај Преспа, Илјада години од востанието на Комитопулите, Преспа 1969 г., стр 85, коментар на Павловиќ). Плочата ја содржела и оригиналната титула и името на Самоиловата држава, што не одговара на бугарската историографија, па затоа најголемиот дел од текстот на плочата е преклесан и израмнет.

Битолскиот натпис, од 13 век или бугарски фалсификат
Бугарите за да докажат бугарскиот карактер на Самоиловото Царство ја користат тнр. Битолска плоча од некој Јоан, Цар и Самодржец бугарски (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.). Тие тврдат, дека тоа е натпис од Иван Владислав, внук на Цар Самоил. Но, ако се прочита плочата, ќе се види дека натписот воопшто не одговара на ранокириличен натпис. Имено, зборот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владетел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Цезари (Цри) за терминот Цар. Зборот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век.

Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од бугарскиот цар од кумано-влашко потекло Јоан Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].

Македонија во византиската тема Бугарија
Од 971 г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија; слободните територии на Самоил и неговите браќа не беа признати за посебна држава, туку тие беа за Византија само бунтовници. Цариградскиот Патријарх не го признал Самоил за Цар, туку тоа морал да го стори папата Грегур V. Тогаш, Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува тема Македонија (уште во 9 век), а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Тема Тракија станува Цариград, Босфорот и делови на мала Азија. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).

Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.

Печат на темата Воулгариа, со седиште во Скопје. За Византијците Бугарија била само област, а не етногеографска област, со цел асимилација на нејзините многубројни етнички групи. Византија намерно ги менува етногеографските имиња на териториите со нови, туѓи, па така тема Македонија станува географска област Тракија, а тема Паристрион-Мизија станува права Бугарија.

Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија.

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.

Како ермено-словенот Василиј Втори Македонецот беше Македонец (родем во тема Македонија), така и Цар Самоил беше бугарин за Византија- жител и владетел на териториите кои припаѓаа на темата Воулгарија.

Бидејќи бугарските ханови и цареви ја владееле географска Тракија, а византиска тема Македонија од страна на византиските хроничари почнувајќи од 10 век, биле наречени владетели на Македонија и Македонци. Значи, по потпаѓањето на балканските словенски земји под целосна византиска власт кон крајот на 10 век, поимите Бугар и Македонец за Византијците не означувале етноном, туку темоним- жители на византиска тема, дел од Византиската Империја.

Невпактскиот митрополит Константинос Манасес (р. ? - у. ок. 1187 ), како Византиец исто така ја користи истата византиска номеклатура, па во неговата Хроника тнр. Манасиева Хроника сите жители од тема Македонија (Тракија) ги нарекува Македонци, а сите жители на тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора)- бугари. На една минијатура на Манасиевиета хроника стои дека бугарскиот Хан Крум ја владее Македонија (мисли на тема Македонија, географска Тракија) „De Cruma rege Macedonie“ и „Cruma rex Macedonie“. За византискиот хроничар Манасес, бугарскиот цар Јоан Александар (1131-1165) бил Македонец, родум од византиската тема Македонија и напишал: Sanctus Johannes Alexander Macedo (Македонец - С.А.), односно Јоан Александар Македонец!

Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.

Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава не само Србите, туку и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).

Белграѓани прикажани како Бугари со Петар Делјан, Скилица 11 век

Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале за Бугари т.е. географски Бугари, жители на Византиска Тема Бугарија.Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.)

Оттогаш, за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен, а бугарски јазик синоним за словенски јазик. "Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", за кое се смета дека е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: "тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), а и голем дел од Македонија и Тесалија" (Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Kлимент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171). За Грците, сите словенски народи што ги населуваат Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија за грците биле бугари и ги нарекуваа со едно име, почнувајки од 10 век.

За да ги разликуваат правите Бугари од самоиловите "бугари" т.е. жители на темата Воулгариа, од 972 г. византијците почнуваат да ги нарекуваат Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриноци од тема Парастрион или како Македонци, владетели и жители на географска Тракија, византиска тема Македонија. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249). И Скилица - Кедрин (11 век) исто така пишуваат за Мизи и за Мизија или пак за Македонија и Македонци, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294).

Невпактскиот митрополит Константинос Манасес (р. ? - у. ок. 1187 ), како Византиец исто така ја користи истата византиска номеклатура, па во неговата Хроника тнр. Манасиева Хроника сите жители од тема Македонија (Тракија) ги нарекува Македонци, а сите жители на тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора)- бугари. На една минијатура на Манасиевиета хроника стои дека бугарскиот Хан Крум ја владее Македонија (мисли на тема Македонија, географска Тракија) „De Cruma rege Macedonie“ и „Cruma rex Macedonie“. За византискиот хроничар Манасес, бугарскиот цар Јоан Александар (1131-1165) бил Македонец, родум од византиската тема Македонија и напишал: Sanctus Johannes Alexander Macedo (Македонец - С.А.), односно Јоан Александар Македонец!

Wednesday, May 27, 2009

Знаме на Македонија - ВМРО

Реконструкција (А.С.) на припишано знаме на Македонија од значка (1923 година) на ВМРО (автономистичка)













Вакво знаме е опеано и во народната песна "Ај, в Македонија глас се слуша" (Конак)

Ај, вие браќа Македонци,
вие славни јунаци,
алово знаме да развееме
над македонски долини.

Ај, на знаме е напишано:
„Слобода или смрт”.



Ваквото знаме е опишано и во Крушевскиот манифест:

“Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање.













За речиси исто знаме (разменет е редоследот на зборовите "слобода" и "смрт") се пее и во македонската народна песна Нешто ќе те питам бабо:

"...Четата им беше аго с’червено знаме.
И на знаме пише аго смрт или слобода!..."

Автор Александар Стеванов

Tuesday, May 26, 2009

Лагите на бугаризмот 8

Лагите на бугаризмот 8

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Од 10 век Византијците зборуваат само за етнички Бугари во Македонија

Византија, Источното римско царство своите жители ги декларираше не на етничка база, туку географски, по Темите каде што живееле. Тема е византиска воено-административна област, со своја сопствена управа, но потчинета на Византија т.е. Романија. Вистинското, изворно име на Византија е Романија.

Грците, како основачи и лојални граѓани на Романија (Византија) во текот на целиот среден век, па се' до 19 век се нарекувале Ромеи (Римјани), а нивниот јазик ромејски (римски); грците биле дел од источното римско царство- Романија, па следствено, по тогашниот византиски обичај луѓето да се декларираат по географската припадност, тие биле Ромеи-Византијци. Инаку, многу познато е дека грците не се римјани, ниту пак имаат некаква лингвистичка или крвна врска со римјаните.

Во состав на Византија имаше голем број на Теми, населени со повеќеетничко население; Византија за полесно да ги лоцира луѓето ги нарекуваше по името на Темата, а не со етничкото име, но и со тенденција сите нив да ги асимилира во Ромеи (Византијци). Така, жителите на темата Стримион, беа стримионци, жителите на темата Македонија беа географски Македонци, но не и етнички.

Од 972 г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија; слободните територии на Самоил и неговите браќа не беа признати за посебна држава, туку тие беа за Византија само бунтовници. Тогаш, Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и областао колу него, станува тема Тракија, а жителите на тема Тракија географски Траки. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари (Voulgaroi). Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион, Загорје или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци, Загорци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).


Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Следствено од бугарската пропаганда, ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.

Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија.

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.

Како ермено-словенот Василиј Втори Македонецот беше Македонец, така и Цар Самоил беше бугарин за Византија- жител и владетел на териториите кои припаѓаа на темата Воулгарија.

Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.

Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26).

Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора. Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата тема Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија.

Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале за Бугари т.е. географски Бугари, жители на Византиска Тема Бугарија.

Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия ИИИ, папка ИВ.)

Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св. Климент бил "прв епископ на бугарски јазик" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия ИИИ, папка ИВ.).

Оттогаш, за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен, а бугарски јазик синоним за словенски јазик. Но, таа класификација на жителите по теми ги користела само и исклучиво Византија и Византијците. Жителите на темите си се изјаснувале по нивната етничка припадност. Така, НЕ ПОСТОИ НИТУ ЕДЕН ИСТОРИСКИ ДОКУМЕНТ ОД СРЕДНИОТ ВЕК, КАДЕ НЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ СЕ ИЗЈАСНИЛ КАКО БУГАРИН, ЖИТЕЛ НА ТЕМА БУГАРИЈА. ИСТИОТ СЛУЧАЈ Е И СО СРБИТЕ, ЦРНОГОРЦИТЕ И СЛОВЕНИТЕ ОД БУГАРИЈА.

"Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда" е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: "тие (бугарите) беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, бугарите со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик, а и голем дел од Македонија и Тесалија" (Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Kлимент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171). За Грците, сите словенски народи што ги населуваат Илирик, Далмација и Панонија биле бугари и ги нарекуваа со едно име, почнувајки од 10 век. Илирик е територијата на денешна Хрватска, Србија, Босна, па грчкот од 13 век ги нарече и Хрватите, Србите, Црногорците, словените од Панонија ништо друго, туку Бугари. Зошто овој факт Бугарите не го користат да ги прикажат и сите јужнословенски народи како Бугари, туку само ова важи за Македонците? Или тогаш би се открила вистината дека за Византијците жителите на темата Бугарија се Бугари и тој термин се користел како синоним за словени, почнувајки од 10 век, кога правите Бугари и Бугарија се уништени?

Дека навистина поимот "бугар" означувал словен, но, не и посебна народност во средниот век, доказ се и останатите документи од времето на охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, ракоположен на охридскиот архиепископски трон во 1216 г. Од негово време имаме зачувано записи на Македонци кои се декларирале "по род Македонци" во времето кога Охрид бил дел од Епирската држава, па со сигурност можеме да констатираме дека Македонец во тие документи представува етникум, а не географски поим, поради тоа што Охрид припаѓал географски на Илирик, а државно на Епир. Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денeска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315).

Во Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите, кнежевствата на племињата Милинги и Езерци, Војунити и Велегезити. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church).

Бугарија го користи фактот што Македонија била дел од темата Бугарија, да ги прикаже Македонците како Бугари. Воедно бугарската историографија лаже дека античките Македонци се населиле во источна Тракија, тема Македонија, па по ова нивно "правило" да испадне дека жителите на темата Воулгарија се Бугари. Притоа "забораваат" да спомнат дека во Византија, како жители на темата Бугарија и бугари (тематски, географски) фигурираат и србите, црногорците како и словените од Срем. Инаку, не постои ниту еден пишан или усен историски извор дека античките Македонци се иселиле во источна Тракија околу Едрене. А и каде таа мала територија околу Едрене би ги собрала сите Македонци од етничка Македонија која се простираше на 68.000 км2? Темата Тракија беше Цариград и околината, па ако пак одиме по умот на Бугарите, зарем сите Траки отишле во Цариград и цариградските села? Знаејки дека Траките биле најголемиот антички народ и се чудам како ги собрало сите Траки во Цариград? Би требало да се изградат илјадници облакодери од по 100 ката за да ги собереле сите Тракијци во тогашниот Цариград и градот да зафаќа површина од стотина км2.

Ако одиме по логиката на бугарската пропаганда дека Македонците во 10 век биле Бугари оти живееле во тема Воулгариа, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаа.

Monday, May 25, 2009

Лагите на бугаризмот 7

Лагите на бугаризмот 7

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Македонец е географски поим, а не етнички

Од нашите соседи, не само бугарите и грците, туку и србите, ќе слушнете дека ние, Македонците, своите име го носиме по територијата Македонија што ја населуваме т.е. дека сме географски, но не и етнички Македонци. Очигледно е дека премногу наивно лажат и јас тука веднаш ќе ги демантирам, само со едноставно покажување на неколку антички карти на балканскиот полуостров.

Најчесто, една територија го добива своите име по народот кој ја населува. Македонскиот народ, етнос, не живее само на територијата на античка Македонија, туку, се простира и на територијата на соседната Пеонија (северно од денешно Градско), најјужна Дарданија (некогашна долна Мизија), источен Илирик (западна Македонија) и западна Тракија до реката Места (пиринска Македонија). Значи, македонските етнички територии ги опфаќаат и деловите на гоеграфските територии Пеонија, Дарданија- долна Мизија, Тракија и Илирик и поради тоа што на сиве овие различни гоеграфки области, населени со Македонци се наречени Македонија.
торијата на соседната Пеонија (северно од денешно Градско), најјужна Дарданија (некогашна долна Мизија), источен Илирик (западна Македонија) и западна Тракија до реката Места (пиринска Македонија). Значи, македонските етнички територии ги опфаќаат и деловите на гоеграфските територии Пеонија, Дарданија- долна Мизија, Тракија и Илирик и поради тоа што на сиве овие различни гоеграфки области, населени со Македонци се наречени Македонија.

Мапа на античка Тракија и Македонија
Во западна Тракија, од античко време најбројни биле античките Македонци, кои во зенитот на античка Македонија ја владееле и цела Тракија, а Филип Втори Македонски го изградил градот Филипоп, денешен Пловдив. Смешни се бугарските историчари кога ќе речат дека пиринските Македонци се нарекуваат Македонци, поради тоа што живеат во географската област Македонија. Или не знаат, или пак безобразно лажат дека пиринска Македонија, од р. Струма до р. Места е дел од географската област Тракија, а не Македонија.

Sunday, May 24, 2009

Attributed Flag of Macedonia (1921, 1923)

Реконструкција на припишано знаме на Македонија според картичка Илинден 1921 , и календар Илинден 1923 (фото 2) година (Организација Илинден)


Saturday, May 23, 2009

Знаме на ВМРО по 1920

Знаме на ВМРО (1919–1934) по 1920 година (реконструкција А.С.)













Знамето (вертикално свртено) на корицата на книгата Македонија под иго - 1919-1929, објавена во 1931 година - врска.

Friday, May 22, 2009

Македонско знаме - Петроград











Знаме на Македонската колонија во Петроград, Русија од 1914 година. Во колонијата бил и македонскиот деец Димитија Чуповски.

Во горниот лев агол на знамето е прикажан црвен еднорог (коњ - Букефал коњот на Александар Македонски) исправен на задните нозе и свртен кон лево, поставен во бел квадрат.

Во долниот десен агол на знамето има златно (жолто) сонце со повеќе зраци околу кое со златни (жолти) букви е испишан текстот „ЕДИНА НЕЗАВ“ИСИМА МАКЕДОНÏА (Една независна Македонија). Основата на знамето е со цревена боја.

Thursday, May 21, 2009

Знаме на Младотурската револуција

Знаме извезено по нарачка на Гого Кратовалиев од скопски еснафи (?) во чест на младотурската револуција (1908 година), во којашто учествувале и неколку македонски чети.

Денес се чува во Музеј на Македонија - Скопје

На знамето е присутна полумесечина и осмокрака ѕвезда, а околу симболот во круг е испишано: "Да живее свободата, да живее народа"

На долниот дел стои текстот: "Да живее отечеството"

Wednesday, May 20, 2009

Flag of the Republic of Kruševo

Flag of the Republic of Kruševo from 1903













Втора верзија ЛИНК

Се смета и за знаме на револтот на Македонците за ослободување од таканареченото турско ропство како што и пишува во статија од 23 мај 1904 година, во американскиот весник New-York tribune (стр. 2):



Tuesday, May 19, 2009

Илинденско знаме (струшка чета)

Реконструкција на знаме припишано на Илинденското Востание (Македонија) според илинденското знаме на струшката чета.



Monday, May 18, 2009

Струшкото востаничко знаме

Знаме на струшките востаници за време на Илинденското востание против Османлиите од 1903 година. Жена облечена во темно со меч во десната рака и знаме во левата. На знамето со црни букви стои натписот „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ“ (Слобода или смрт).

Кликнете на сликата за да ја видите во целосен размер










Sunday, May 17, 2009

Охридско востаничко знаме

Знаме на охридските востаници за време на Илинденското востание од 1903 година.

Жена со бело, зелено, црвено знаме во раката со натпис "СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ (Слобода или смрт) и натписи МАКЕДОНИЯ и IIий окрѫгъ VIта околия".


















Кликнете на долните слики за да го видите знамето во поголем размер!

































Кликнете овде за да го видите алтернативна слика на знамето!

Saturday, May 16, 2009

Знаме на Крушовската чета

Знаме на Крушовската чета за време на Илинденското Востание.

Црвено знаме на кое кружно е испишано "СМРТ ИЛИ СВОБОДА" горе и "ЗНАМЕ НА КРУШОВСКАТА ЧЕТА" долу.

Кликнете на сликите за да ги видите во целосен размер! (реконструкции)


Friday, May 15, 2009

Илинденско (Македонско) знаме

Реконструкција на знаме припишано на Илинденското Востание (Македонија) според илинденското знамето на кумановската чета.


Thursday, May 14, 2009

Кумановско востаничко знаме

Знаме на кумановските востаници за време на Илинденското востание против Османлиите од 1903 година.

Илинден - 1903 / Црвено знаме, со жолти букви испишано Ослободена Македонија - Куманово.

Жена облечена во македонска традиционална носија. Во позадината изгрева 8 крако сонце слично на денешното знаме на Република Македонија. Позадина

Wednesday, May 13, 2009

Знаме на Загоричани

Илинденско знаме на Загоричани (1903).

Лав со сабја во десната, пушка во левата шепа и круна на главата. Над него има натпис „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ“, а под него „20 юли, 1903, ЗАГОРИЧЕНИ“.

Кликнете на сликите за да го видите знамето во целосен размер!

Слика лево - реконструкција на знамето врз основа на слика на Berasil (Deviantart).

Click on the images to enlarge!

Macedonian Documents

Documents-Mk.Blogspot.com

Tuesday, May 12, 2009

Кратовско Илинденско знаме

Кратовско Илинденско знаме

Предна страна: исправен златен лав на црвено поле. Над лавот со златни букви пишува "Кратово", а под него "1903", односно годината на кревање на Илинденското востание.

Задна страна: череп, со две прекрстени коски.













Кликнете на сликите за да ги видите во целосен размер!

Monday, May 11, 2009

Copper seal - Cerje

Бронзен печат пронајден на археолошкиот локалитет Церје, Говрлево, во близина на Скопје. Датира од бронзеното време (3.000 - 1.200 г. п. н. е.) околу 1.500 г. п.н.е.

Copper seal found at archeological site Cerje, Govrlevo, near Skopje, Republic of Macedonia. It dates back around 1.500 years B.C.

Sunday, May 10, 2009

Илинденското Востание

Реконструкција на припишано знаме на илинденското Востание според ЛИНК


Friday, May 8, 2009

Демирхисарско илинденско знаме

Демирхисарско илинденско знаме

Thursday, May 7, 2009

La Macedoine

Picture called “La Macedoine”. On the flag it is written “Macedonia for the Macedonians“.

Click on the image to enlarge! Photo 2

Припишано знаме на Македонија. На знамето е напишано "Македонија на Македонците"

Брошура од Васил Главинов „Македонија и каде е надежта“ (Софија 1902) како дел од револуционерното движење на македонската емиграција во Софија

Wednesday, May 6, 2009

Знаме на Разловечкото востание

Македонското население од Источна Македонија го крена Разловечкото востание против Османлиската Империја во 1876 година, со центар во селото Разловци. (слика 2)

Главен иницијатор и организатор на востанието бил Димитар Поп Георгиев Беровски (1840-1907 г.) и неговиот дедо Поп Стојан од Разловци.

Знамето е црвено со жолт квадрат на средината на кој има поставено лав

Tuesday, May 5, 2009

Бајракот Македонски

Најстариот зачуван македонски бајрак e Знамето на Мијаците. Најстарите сочувани два примерока се стари 200 години.

Мијачкиот бајрак е сочинет од следниве елементи:
- централно е поставено сонце, симболот на Македонците уште од античко време;
- во сонцето е впишан крст ; околу крстот на празните полиња пишува ИС - ХР / НИ - КА, односно "Исус Христос Победник;
- на аглите на знамето има три животински симболи со црвена или бела внатрешност. Горе лево има змеј, горе десно има исправен македонски лав, долу лево - двоглав орел без крилја со впишани И-С-Х-С на стомакот околу едноставен крст, а на долниот десен агол е претставена полумесечина со мала ѕвезда над неа. Бајракот е порабен со истите црвено-жолти сончеви зраци, какви што се наоѓаат околу централниот крст.

Но, иако сите го знаат како мијачки, бајракот е општомакедонски, бидејќи бил користел кај сите Македонци во минатото, а се задржал до денешни дни кај мијаците, поради нивната излолираност во високите западномакедонски планини. Мијакот Исаја Мажовски (1852 г. -1922 г.) од с. Лазарополе, во своите Спомени пишува дека македонскиот бајрак се користи уште од времето на античка Македонија, а особено по поделбата на Александровото Македонско Царство меѓу “Македонските Војводи (цит.)“ (ИСАЙЯ МАЖОВСКИ "Възпоминания", София, 1922 г., 19/20 стр.).

Според Мажовски, македонскиот бајрак бил забранет да се користи од страна на турците во време на османлиското владеење на Македонија. Но, бајракот останал најдоцна во употреба во градска средина во градот Костур (егејска Македонија) до втората деценија на 19 век, кога турците официјално го забраниле по иницијатива на фанариотите - грчките свештеници (ИСАЙЯ МАЖОВСКИ "Възпоминания", София, 1922 г., 19/20 стр.).

За македонскиот бајрак постои и стара македонска народна песна, која според Мажовски потекнува од античка Македонија и била посветена на Војводите на Александар Македонски:

“Застоjaл ми се воjвода,
Над големи град Солуна,
До него стоjaт два брата,
Два брата, два баjрактара
Високо баjрак држеје.
Тихиoт ветeр вееше,
Широко знаме ширеше,
Широка сенка држеше.
Све Солун града покрило,
И солунските чаршии,
В чаршии има седлари
И е млади златари,
Седлари седла правеjе,
Златари јузди лееје,
За тиа силни ајгри,
На македонските војводи.
Античка македонска песна, запишана од ИСАЙЯ МАЖОВСКИ „Възпоминания”, София, 1922 г., 20 стр.

Дека тврдењето на Мажовски за античкото потекло на македонскиот бајрак не е така наивно, е фактот што змејот кој се наоѓа на знамето е симбол на античките Келти-Гали. Сонцето и лавот се антички македонски симболи. Двоглавиот орел е антички симбол на обединетата духовна и световна власт и владеењето на истокот (Азија) и западот (Европа), а Александар Македонски и неговите наследници навистина ја владееја и Азија и Европа. Превртената полумесечина и ѕвездата се симболи на Богомилите од Македонија.

Симболот на македонската воена сила и надмоќ е лавот. По победата на обединетите Грци кај Херонеја во 337 г.п.н.е., македонскиот цар Филип Втори гради огромен споменик на лав, кој е зачуван до денешно време. Александар Трети Македонски ковал пари со својот лик, заедно со маска од лав. Во средниот век, македонскиот лав станува македонски хералдички грб, под кој македонските револуционери од 19 и 20 век се борат за македонската слобода.

И македонското сонце е задржано како национален симбол кај македонскиот народ во континуитет. Знамето на крушевската република е карта на цела етногеографска Македонија, од која изгрева сонце, македонскиот грб од 1945 г. содржи сонце. Интересно е што дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано; не само сонцето, туку и лавот. Јас си поставувам прашање, ако денешните Македонци немаат врска со античките, од каде кај нас, современите Македонци култот кон античките македонски национални симболи? Дури по 1977 г., Грците почнаа да го користат македонското сонце во пропагандистични цели, да докажат елински карактер на Македонија. Тие, кои се удираат во гради дека се наследници на античките Елини, немаат национален симбол кој го негувале во континуитет, наследен од нивните антички предци.

Превземено од http://makedonskaistorija.blog.com.mk/

Enter your email address:

-
 
Macedonian Documents © 2007 Template feito por Templates para Você