Thursday, April 30, 2009

Лагите на бугаризмот 6

Лагите на бугаризмот 6

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Историјата на македонската држава почнова во 1944 година

Јас само ќе ги потсетам нашите соседи, пред се тнр. б'лгари за првата македонска средновековна држава на македонскиот народ, за која велат дека не постоела.

Секој оформен народ има и своја држава. Така и средновековните Македонци имале своја држава, која од византиските и латинските извори се нарекува СЛАВИНИЈА. Еден од најстарите историски извори за средновековните македонци е солунската хроника, историја, тнр. "Животот на Св. Димитрија Солунски", која почнува да се пишува од 6-от век; не само во хрониките од "Животот на Св. Димитрија Солунски", туку и во останатите византиски раносредновековни извори се потврдува дека средновековните македонци живееле во свои посебни кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со кнез (архонт, princ) "Evocatis ex tota provincia principibus conventum habuit"(извор:Livius XLV. 29).Од истиот најстар извор за средновековните Македонци, дознаваме и кои се склавените (словените), словенскиот народ во 7 век. : Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Венити, Брсјаци...

Овие македонски склавини, славини или славени (повеќе називи за ист народ), се здружиле меѓу себе во 7 век и формирале прва средновековна македонска словенска држава МАКЕДОНСКА СЛАВИНИЈА. А секоја држава имала свој водач, челник, така и оваа наша држава за свој прв КРАЛ го имала рекс ХАТСОН. По византиската средновековна литература, македонскиот крал Хатсон е познат како Рекс Хатсон, а титулата доаѓа од латинскиот поим рекс, кој означува крал. Рекс Хатсон ја водел првата средновековна македонска држава во 20-те години на 7 век (Mirac.,II ,p.1325-1333). Вториот познат крал на првата средновековна македонска држава е Крал ПРЕБОНД, кој владеел во 70-те години на 7 век (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / Mirac.,II,p.4, Tougard, p.148-176).

Хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава Македонска Склавиниа во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347).Византија го убива Пребонд и ја уништува македонската Славинија, при што државата ја дели пак не кнежевства- Склавинии, самоуправувани од кнезови, избирани од локалните македонски првенци. Македонскиот народ како нацио мацедонум за првпат е спомнат 1027 г. (9 г. по уништувањето на Самоиловата држава), во трите најважните средновековни документи од историјата на Бари: Annales Barenses, Lupi Protospatharii и Anonymi barensis chronicon. Во сите три документа, покрај македонскиот народ, за прв пат е спомнат во западната историографија и влашкиот народ, а целиот текст гласи: Anno 1027 ''descendit in Italiam cum exercitu magno, i.e. Russorum, Guandalorum, Turcorum, Burgarorum, Vlachorum, Macedonum, aliarumque ut caperet Siciliam''(Annales Barenses, MGH SS, V, 53). Понатаму, спомнати се и грците (граеци), што јасно укажува дека средновековните автори од Бари на овие документи, не мислеле ниту на географски, ниту на жители од темата Македонија.

Македонската државна традиција има континуитет од раносредновековните држави на Пребонд и Хатсон, продолжува со Самоиловото Царство, со кралствата на Волкашин, Углеша и Марко, преку Крушевската Република до прогласувањето на Р. Македонија во 1943 г. За сиви овие македонски држави ќе пишувам накнадно.

Wednesday, April 29, 2009

Лагите на бугаризмот 5

Лагите на бугаризмот 5

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Старословенскиот јазик бил старобугарски јазик

Бугарската историја тврди дека јазикот на Св. Кирил и Методиј бил бугарски, а глаголицата и подоцна кирилицата се бугарски азбуки. Но, со ваквите ставови, бугарската историографија е контрадикторна сама на себе. Од една страна вели дека бугарите биле први словени, а бугарската држава прва словенска држава, додека од друга страна според историските пишани и материјални извори, бугарските специјалисти за бугарска средновековна историја тврдат дека средновековните бугари биле турско племе со чисто турски јазик. И самата Бугараска Академија на Науките тврди: средновековните бугари се турци, со свој мајчин турски јазик (История на България. Т. II. С., издание на БАН 1981, стр.60).

Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992).

Во недостаток на свое писмо и кодифициран јазик, вистинските Бугари од првото бугарско царство како службен јазик го воведуваат грчкиот јазик. Подоцна, 993 година на преславскиот собор, бугарските болјари (туркобугарски властодршци), за официјален јазик го прогласуваат и словенскиот. Словенската азбука и јазик се кодифицирани 855 г., додека 40 години подоцна, туркобугарите го воведуваат тој јазик како службен во својата администрација. Но, воведувањето на словенскиот јазик како службен во Бугарија, не значи дека Бугарите се словенизирале. И Македонија во 2001 г. го воведе и албанскиот јазик како службен, но Македонците не станаа Албанци.

Како туркобугарите кои имале свој турски јазик (История на България. Т. II. С., издание на БАН 1981, стр.60.) го поставиле за службен туѓиот за нив, грчки јазик, така, истите во последната деценија на 9 век го воведуваат слoвенскиот за службен јазик. Но, вистинските турко-бугари не го говореле словенскиот јазик и турко-бугарскиот јазик бил жив се` до доаѓањето на турците во Бугарија, каде вистинските бугари се турцизирале т.е. се претопиле во османлии, а само мала група останале христијани, денеска познати како Гагаузи- православни турци кои живеат на територијата каде се населиле правите Бугари, во североисточна Бугарија. Имаме историски податок од 13 век од англискиот професор на оксфордиот универзитет др. Роџер Бакон (1211-1294), со највисока универзитетска титула Доктот Мирабилис, дека бугарите од денешна Бугарија говореле турски јазик. Но тој факт тој не го пренесол од некој друг извор, туку во 13 век лично ја посетил денешна Бугарија - Мала Болгарија (меѓу Стара Планина и Дунав) и вистинска азијатска Бугарија (Голема Бугарија), па во своето дело „Опус Мајус“ 1268 г. вели: „Мала Бугарија е во Европа и таму тие (бугарите) го говорат јазикот на болгарите кои живеат во Голема Болгарија, која е во Азија ("Kazan. The Enchanted Capital" (Flint River Press Ltd, London, 1995). Значи, словенскиот јазик никако не може да биде бугарски, а секако не во 10 век кога имаме постоење на турко-бугари, со свој бугарски јазик кои во својата држава прифатиле туѓи јазици за службени, прво грчкиот, а потоа словенскиот. Ако денешниве Бугари тврдат дека средновековниот бугарски бил словенски јазик, тогаш поправилно би било да велат дека бил грчки јазик, бидејки прво го прифатиле грчкиот за службен јазик.

Бугарскиот јазик, кој бил и е се’ уште е турски јазик, денеска се говори меѓу Бугарите во Болгаростан-Татарстан, Чувашија и неколку останати соседни државички каде живеат прави Болгари (турки народ). За себе тие прави Бугари велат дека се туркотатарски народ, па одтаму и името Татари за најголемата бугарска нација која живее во Татарстан. За изворен бугарски јазик се смета чувашкиот- оригинално наречен „Чăваш чěлхи“, кој припаѓа на групата источни турки јазици и се говори меѓу Болгарите (вистинските бугари) од Чувашија и Татарстан (види кај: 1. Chuvash language." Encyclopædia Britannica, 2. Ilminsky N.I., 1865, стр. 80-84, 3. Ashmarin N.I., 1902, стр. 123, 4. Rona-Tash А., 1973, стр. 149-156, 5. Kovalevsky A.P., 1956. Appendix. 108, 108-b итн. итн.).

Инаку, дискутабилно е дали е вистинско тврдењето на бугарската историографија дека на преславската конференција на туркобугариските болјари, словенскиот јазик е прогласен за службен. Прво словенско дело напишано во Бугарија е на Константин Преславски, моравски словен, кој од латинските свештеници е протеран, па спас бара во Бугарија, поточно Преслав и во исто време од Јоан Егзарх, кој бугарите ги нарекува „насилници словенски“. По прогласувањето на Симеон за бугарски цар 915 г., Константин Преславски и Јоан Егзарх изчезнуваат и воопшто нема словенско творење во Бугарија, ниту пак оставиле таму свои следбеници и ученици. Дури 4 века подоцна, во второто бугарско царство, во кое владееле романците т.е. власите, излегува 1273 г. првото словенско дело во Бугарија- „Трновско Евангелие“. Значи, говорењето на создавање некаква си бугаро-словенска нација е само говорење, празни зборови, оти историските извори такво нешто не познаваат. Доколку се создала нација т.е. народ на бугарските Анти (т.н.р. бугарски словени) со туркобугарите (правите Бугари) и овие последните биле словенизирани, ќе имавме словенска книжнина на територијата на права Бугарија, меѓу Стара Планина и Дунав, но немаме ниту едно дело од некој локален Бугарин во тоа време!
Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле заблудени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна).

Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гейкчилер, Болгарево, Бургас итн.

Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка “БЪЛГАРИТЕ ИЗВЪН РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ’’Пламен Павлов, председател на Агенцията за българите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од ВМРО Русе)).
Еве неколку примери од јазикот на вистинските Бугари, Гага-Узите:

GAGAUZ TÜRKLERİ (GÖKOĞUZLAR)
Ortodoks ayinler,
Verimli toprakların sunduğu şarap,
dilde,kültürde ve geleneklerde yaşayan görkemli geçmiş.
Anadolu Oğuzlarının hristiyan akrabaları..
Gagauzlar'ı Türk tutan en önemli unsurlar,
* İnat derecesindeki Türklük bilinci
* Türk dilinde yapılan ortodoks ayinler
Gagauzlar, 1000 yıllık ayrılığın ardından,Türk dünyası ile buluşuyor...

Гагаузкиот јазик спаѓа во истат група јазици како и чувашкиот (јазикот на Бугарите од Чувашија), татарстанскиот-болгарскиот (јазикот на Бугарите од Болгаростан-Татарстан), казачкиот јазик, турскиот, туркменистанскиот, узбескиот (Узбеките се бугарско племе), азербеџанскиот, киргискиот и јакут јазикот. Оригинално, гагаузкиот јазик бил пишуван со грчки букви, бидејки во бугарската држава на Балканот, која ја основа Хан Аспарух, како официјално писмо во средниот век го воведува грчкито. Дури во 20 век, Гага-Узите ја прифаќаат турско-латинската азбука и турското латинско писмо.

Јазикот на волшките Бугари, денеска Болгаростанци-Татарстанци од Татарстан е исто така турки јазик, но се пишува на кирилица од 1939 г.. Овој јазик е многу сличен на Гагаузскиот, оти Бугарите на Балканот се дојдени од денешен Татарстан, така што јазикот на вистинските Бугари од Татарстан (Волга) и Гагаузите имаат ист корен. Пример за болгарски-татарча јазик: интервју со татарскиот Председател, извадок од неговата ВЕБ страница: http://www.tatar.ru/president/vopros.php?lang=TAT. Еве еден друг пример за татарча, јазикот на Бугарите од Татарстан со латинска азбука:“Dungiz!!! Bashta Tatarcha soylesherge oyren. Annari Australia turinda uylarsin. Monda sinnen bashka da mankortlar kup. Hormet belen, Koala efende Ayuyev (The Tatar Gazzete, Editors Note, N 3-4, 18.04.2000).

Чувашите се Бугари од Република Чувашија и имаат исто потекло како и Бугарите од Болгаростан-Татарстан, Гагаузите (балканските Бугари) и Чувашија; и јазикот им е ист- туркобугарски. Самите Чуваши својата националност ја декларираат како бугарска.

Се наметнува прашањето: "Ако вистинските бугари говорат турки јазик, чиј е јазикот што денеска го говорат балканските Бугари? Не е можно само Бугарите од Чувашија и Болгаростан-Татарстан да се турки народ, со турки јазик, а балканските "Бугари", кои се дојденци од Волга, од денешен Татарстан, да не се турки народ. Гагаузите ете говорат ист јазик со Болгаростанците-Татарите и Чувашите, вистинските Бугари, имаат исти турки традиции и култура, па со сигурност може да се тврди дека тие се вистинските наследници на Бугарите на Хан Аспарух.

И сега, кога некој Бугарин зајдливо ќе ми рече Македонците се Бугари, јас му одговарам: дали си сигурен дека си ти Бугарин? Дали говориш гагаузка-туркче јазик, дали си азијат? После ова, бидете сигурни дека ќе го замолчите и најголемиот "Бугарин".

Tuesday, April 28, 2009

Општа Древна Историја на Славјаните

"Името Славјани постои од дамни времиња. Главно племињата Мизи и Македонци се состоеле од Славјани. Земјата се нарекувала Славинија. И првите староседелци на таа земја коишто биле Пелазгите, несомнено, според испитувањата на г. Чертков - Пелазго-Тракијските племиња коишто самите се нарекувале Славјани... Како натамошна потврда за тоа дека Македонците всушност биле и Славјани, може да послужи и следново: по распадот на Македонската империја, околу 320 п.н.е., кон Балтичкото море се преселиле многу од нив во нови населби под име Бодриче(и), и го чувале до самиот крај грбот на Александар Македонски, што го прикажуваше Букефал со Орел. Наскоро потоа еден дел се преселил во Илмењ и Ловат. Македонците имале доволно поводи да се нарекуваат славни" - Општа Древна Историја на Славјаните и Славјанo-Русите, Григориј Иванович Классен 1854, стр.18,19 Линк

Monday, April 27, 2009

Лагите на бугаризмот 4

Лагите на бугаризмот 4

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Македонците станале Бугари во 9 век

Татароманска лага: Македонците станале Бугари во 9 век, извадок од книгата "Десетте лаги на македонизмот" од бугаринот Божидар Димитров: "Прабугарите дошле и се населиле во Источна и Северна Македонија после победоносната војна на бугарскиот хан Крум во Тракија против Византија во 811 година. Проф. Микулчиќ покажува, дека во тврдините покрај Крива Паланќа, Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Штип се појавува грнчарија, бронзени предмети како и токи на ремени потполно идентични со откриените во бугарскатаа престолнина Плиска. А во рамнините покрај нив Микулчиќ ги одбележува посебните прабугарски населби зацврстени со земјен насип, наречени аули. Така за народот кој што живеел од Јадранското до Црното Море и од Дунав до Егеј се наметнало името, бугари заклучил Микулчиќ. Така е бидејќи тоа е историсќата вистина. Појасано и поточно неможат да го напишат ни бугарски историчари"

ОДГОВОР НА ИСТОРИЈАТА, ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ И ИЗВОРИ:

Оваа лага искажана од проф. Димитров, уште и човек на фyнкција во Р. Бугарија како директор на бугарскиот национален музеј, ги руши сите граници на пристојност и интелектуалнa дејност. Презентираноно погоре од бугаринот, Микулчиќ никогаш не го напишал, ама од ваквите недоветни постапки и фалсификации на бугарските историчари, можеме само да речеме "Боже, прости им, не знаат што прават", иако сите сме свесни дека сите овие лаги се наменети за ширење на бугарска пропаганда и бугаризација на Македонија, робувајки им на националните идеали од 19 век.

За разлика од денешниве бугарските "историчари" од 21 век, кои го негираат постоењето на посебен македонски народ, нивните претци и владетели, признавале посебен македонски народ уште во 9 век .

Автономијата на македонските кнежевства под власта на Бугарија

Македонците во 9 век биле разделени меѓу Бугарите и Византијците, но тоа ропство не било класично, ами под ропство се подразбирало плаќање данок на Бугарите и Византијците, за да не бидат напаѓани. На Византија плаќале данок Драговитите и Сагудатите, додека северно од нив била Стримионската тема каде Ринхините, Смолјаните и дел од Струмјаните (пиринска Македонија) плаќале Данок на Бугарите. Македонците си имале целосна автономија, со свои кнезови и војводи на чело на кнежествата, а Бугарите и Византијците не им се мешале во уредувањето на кнежествата, ниту имале свои војски таму [81. L. Niederle, 425—428; Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018)", IV. Борба с Византия за политическо надмощие, 1. Цар Симеон и първата му война с Византия]. Според тнр. историчари од Бугарија, Македонците станале Бугари во 9 век оти плаќале данок на Бугарија!

Историските извори докажуваат дека бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска етничка област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.). Од 811 година па натаму, Македонците кои потпаднале под вазалско ропство кон Бугарија имале автономна власт и свои кметови, кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9). Покрај спомнатите кнезови-кметови на Струмјанската, Ринхинската, Драговитската и Смолјанската Склавинија (кнежевство), познати се два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериoполските мaченици kaj Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.). Таков кмет (комитопул) на Берзитската Склавинија бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).

Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ на Бугарија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120) .

Од крајот на 9 век, Цар Борис го назначува Св. Климент за управник на македонската автономна област, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.

Така, Св. Климент ја добил титулата епископ велички: .

Неговите наследници, управителите на македонските автономни области ја носеле титулата "епископ на словенски јазик" , каде што старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос. Со тоа, Бугарите признавале посебен етнос во "третата автономна област на Бугарија". Можеме а закучиме дека во средниот век постоеле три етноса во Бугарија, а тоа биле македонскиот, бугарскиот и словено-траките од Бугарија, денеска тнр. "б’лгари".

Македонската средновековна книжнина докажува постоење посебен македонски народ и автономија на македонските етнички територии

Еве еден запис на средновековен Македонец- Иван Камениат од 10 век, кога според бугарските "историчари" македонците веќе биле "слеани" во бугарското племе. Toj бил солунчанец кој себеси се декларирал како Македонец, a ја има напишано историјата за Солун во 904 г., при неговата опсада од страна на Арапите; го опишува и карактерот на Македонците и македонските власти од 10 век, па пишува:
...На запад (од Солун) се простира една рамнина, која завршува до едни други планини, каде се издига еден град, нарекуван Вероја (Бер), град познат како по жителите, така и по сите особини, со кои може да се пофали еден град по урбанизираност . Во средното пространство на таа рамнина, се наоѓаат некои распрснати села, од кои едни близу до градов (Солун), нарекувани со име драговите и сагудати, потчинети на градов, други пак плаќаат данок на соседниот Скитски (бугарски) народ, кој не е далеку. Инаку селата живеат по соседство едни со други, па како и бидува, неретко влегуваат во сродство едни меѓу себе и со солунчаните, а тргуваат со бугарите....[79.
Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.].

Како што вели и самиот Македонец од 904 г., во средниот век немало ородување меѓу Македонци и Бугари во 10 век, туку само ородување и мешање меѓу солунчаните и жителите на македонските склавинии. Според бугарските историчари, веќе во овој период Македонците наводно станале Бугари, но самите средновековни Македонци ги демантираат. И книжнината оставена од македонските светци, просветители од средниот век, никогаш не спомнуваат Бугари или бугарски народ во Македонија, туку само словенски народ, кој не бил истороден со антскиот народ од Бугарија.

Во Пофалното Слово за Св. Кирил, за кое кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ словенски” (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил”, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во ”Житието Методиево” вели дека „сите солунчани чисто словенски зборуваат”.

Авторот на "Азбучната молитва на нашиот писател” ( ”
Cтихотворном прологе к Учительному евангелию”) од 10 век, вели дека Св. Климент го покристил словенското племе (Н. Туницки, Св. Климент, стр. 153).

Епископ Константин, ученик на Св. Кирил во својот ”Проглас кон евангелието” (временски потекнува почеток на 10 век) се обраќа кон "словенскиот род" од Македонија кој ги познавал само грчките книги, сега истите да ги замени со словенски (Архиеп. Антоний, каз. съч., стр. 231; ПСп, пак там, стр. 407. Горский и Невоструев, Опис. рук. Синод. библ., II, 2 стр. 425—426). Cпоред бугарската историја, во опишаниот историски временски период македонците веќе станале дел од "бугарското племе", a како македонците станале бугари, така и јазикот кој тие го говореле (старословенски), станал бугарски јазик!

Уште еден важен историски факт е тоа што Македонците во 10от век имале и своја посебна црковна организација, во времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната Црква, и покрај тоа што северна и центрлна Македонија биле окупирана од бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за „епископ Словенски” Марко, четврт епископ на Словените од Девол и на словенски јазик - народ (старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос), што јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија, како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10от век (Извор: „Житието на Св. Наум Охридски”, „Спомен за нашиот преподобен отец Наум”, 10 век, Охрид). Претходно, сите македонски склавинии имале свои посебни епископи. Познато е дека епископот Петар на Драговитите и драговитското кнежевство учествувал на Цариградскиот Собор 879 г. како представник на посебна црковна формација (
Dvornik, Slaves, pp. 235 - 236; Niederle, II, 424.). Да биле средновековните Македонците потчинети на бугарската или ромејската црква, тогаш, би биле покорни на бугарскиот преславски или ромејскиот константинополски патријарх, и нив би ги славиле и спомнувале по пишаните документи.Бугарската историја не се повлекува од квазитеоријата дека Македонците веќе во 10от век биле Бугари. Подоцна, Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска власт во почетокот на 11от век, а подоцна под српска. Но, како што гледаме во тоа време Македонците не биле Бугари, напротив, бугарското име македонските писатели не го спомнуваат.

Sunday, April 26, 2009

8-крако сонце од пред 5000 години

Камена плочка со исклесано 8-крако сонце слично на тоа од знамето на Р. Македонија.
















Според д-р Душко Алексовски, претседател на Македонскиот центар за карпеста уметност претставува апликацијата на македонско знаме. Атефактот е откриен во село Трновец, Орлов Камен, општина Кратово. Според анализа на Светската федерација за карпеста уметност, вршена во Мелбурн Австралија, артефактот е стар 5 милениуми, односно е изработен во третиот милениум пред новата ера.

Inspired from GIF by alex macedonian
















Уште една фотографија


Saturday, April 25, 2009

Илинденско востание

Веста за Илинденското востание на насловни страни на светските весници "The Graphic" и "Le Petit"




Friday, April 24, 2009

Лагите на бугаризмот 3

Лагите на бугаризмот 3

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Прабугарите се населиле во Македонија

Татароманска лага, прабугарите на Кубер се населиле во Македонија (извадок од книгата "Десетте лаги на македонизмот" од бугаринот Божидар Димитров): "Можеме да прочитаме што напишал во својот фундаментален труд „Средновековни градови и тврдини во Македонија" издаден во 1997г. во Скопје, истакнатиот македонски археолог и професор во универзитетот Св. Кирил и Методи - Микулчиќ. Што утврдил проф. Микулиќ? Двеста години според Микулчиќ, Македонија останала без население. Првите новонаселеници биле прабугарите под Водство на хан Кубер, син на основачот на Дунавска Бугарија хан Кубрат. Околу 680-та година со околу 600 семејства тој ги напуштил земјите на денешна Унгарија и по патот Белград - Ниш - Скопје се установил засекогаш на така наречените Керамисијсќи полиња - тоа се Битолско, Прилепско, Ресенско, Охридско и Корчанското поле. Визатиските хронисти и некои бугарски камени натписи околу Мадарскиот коњак во денешна Североисточна Бугарија покажува дека и хан Кубер, основал во денешна Јужна Македонија држава наречена Бугарија, која во сојуз со Дунавска Бугарија превземала во 7-ми почетокот на 8-ми век заеднички дејствија против Византија. Нејзините дејствија против Солун биле одбиени, но затоа пак територијалното проширување на државата на запад во рамките на Денешна Албанија било повеќе од успешно - во околината на селото Врап е пронајдена голема прабугарска ризница, која сведочи за самиот факт. Вториот бран преселници според проф. Микулчиќ во останатите ненаселени земји на Вардарска Македонија бил пак од... прабугари. "

ОДГОВОР НА ИСТОРИЈАТА, ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ И ИЗВОРИ

Од самата содржина на бугарската пропаганда, се гледа колку ниско паднале тие луѓе и како без тронка срам лажат. Историските извори не ги цитираат, туку ги лажираат и фалсификуваат во дневнополитичките и пропагандистички бугарски шовинистички цели. Да видиме што напишал стварно проф. Микулчиќ:

"Археолошките наоди од 7. и 8. век и кај нас укажуваат на жители-несловени. Од една страна, нив ги сочинувале преостанатите групации на староседелци — Ромеји (Византијци), со несловенска (византиска) материјална култура...

Како потврда за ова ќе спомнеме некои од наодите од 7. и 8. век кај нас, а кои не се словенски. Околу Охрид се откопани гробови со предмети од т.н. Комани-култура, која албанските историчари во занес ја прогласија за протоалбанска. (Во н.д. на Е. Манева 1992, 14 и заб.19). Во најново време вакви предмети се откриени на многу поширок простор отколку што е Албанија, до Средна Далмација на запад и од Прилеп до Малешево на исток (фибули), со што целосно се отфрла спомнатата хипотеза. Оваа регионална култура се врзува за домашното ромејско (византиско) население, а настанала по аваро-словенските инвазии и по повторното воспоставување на ромејската (византиска) власт во овие краишта.

На островот Голем Град во Преспа откопани се гробови со византиско-италски (несловенски) накит и монета на Константин IV (668-685). Монети на Констанс ИИ се најдени на Исарот во Валандово и во Селце кај Прилеп, а монети на Јустинијан II (685-695) на акрополата во Коњух. Во кастелот во Дебреште близу Прилеп ископани се повеќе предмети со византиско потекло од 7. век. Сето ова зборува за присутноста на Ромеите во нашите најважни тврдини. И градот Сердика (ден. Софија) повторно е под ромејската власт.

Во некрополата "Млака" пред тврдината во Дебреште, Прилеп, откопани се гробови со наоди од доцниот 7. и 8. век. Тие се делумно или целосно кремирани и не се ниту ромејски, ниту словенски. Станува збор најверојатно, за Кутригурите.

Ова протобугарско племе, под водство на Кубер, а како потчинето на аварскиот каган во Панонија, околу 680 г. се одметнало од Аварите и тргнало кон Солун. Кубер ги повел со себе и Сермесијаните, (околу 70.000 на број), во нивната стара татковина. Сермесијаните биле Ромеи, жители на балканските провинции што Аварите ги заробиле еден век порано и ги населиле во Западна Панонија, да работат за нив. На Кубер му била доверена управата врз нив.

По неколку победоносни судири со Аварите кои ги прогониле, Кубер со својот мешан народ успеал да дојде во Македонија. Од властите во Солун измолил дозвола тие да се населат во Прилепското Поле (Кампус Керамеенсис; Керамеиаи е античкото име за Прилеп). Властите од Солун им наложиле на Драговичите, како на најблиски соседи, во прво време да ги помагаат Сермесијаните во снабдувањето.

Со населување на Сермесијаните-христијани и гркофони во опустените северномакедонски простори, Византија планирала да ја зајакне одбраната. Со нив се поврзува и обновата на Стобската епископија во доцниот 7. век, макар што градот Стоби цел еден век пред тоа бил целосно разурнат и оставен без жители. Меѓутоа, Кубер го прака својот шпион Маврос во Солун, да планира напад. Ова е откриено и Кутригурите биле протерани од овие краишта. За натамошната судбина на Сермесијаните изворите молчат.

Археолошките наоди укажуваат дека Кубер тргнал кон граничниот северноепирски регион за да се насели таму (J. Вернер 1986, 1-71, Т.1-32). Во Ерзеке близу Корча и во Врап кај Елбасан најдени се делови од неговата благајна, заробена во борбите против аварскиот каган. Два дела од ова фамозно богатство се откопани уште на почетокот од нашиот век, а по третиот дел се уште се трага. (цитат од книгата на Иван Микулчиќ "Средновековни градови и тврдини во Македонија", Скопје, 1996 г., стр. 32/33 ).

Како што гледаме, Бугарите населиле Ромеи (староседелци, византијци) во Македонија, а тие биле протерани целосно од Македонија во Епир и археологијата тоа го докажува, како и сите странски историчари.
Инаку и проф. Микулчиќ, не е коректен; си ја интерпретира историјата на свој начин, занемарувајки ги историските факти и извори, со една цел- да докажe дека современите Македонци немаат ништо со античките Македонци. Кој го прочитал горниот текст, а добро ја познава историјата, останува фрапиран од пишувањето на проф. Микулчиќ.
Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid; p.86). Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос. Тоа се докажува и од спомнатите археолошки артефакти во Македонија од 7 и 8 век, кои биле италско-византијски. Македонците ја предале културата и религијата на словените (ако имало навистина доаѓање на словените), а пак словените го предале јазикот на староседелците. Византиските хроничари од 6/7 век го демантираат Микулчиќ дека Македонија биле ненаселена и несловенизирана во 7 и 8 век. Првите византиски документи, македонските Словени ги опишуваат како народ кој е домороден, а не доселен во Македонија. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“ (извор: Livius XLV. 29_. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Бенити, Брсјаци...
Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347).

БЕРЗИТИЈА

Почнувајки од Велес, па се до Лерин на југ и од Кичево/Струга на запад до р. Вардар на исток во 8 век се формирала држава Берзитија -Верзитија (L. Niederle, Slovan. starozhit., Dil. II, str. 428—29.). Тоа била држава на Берзитите (Верзитите), македонско словенско племе, во кои биле вклучени т.е. претопени и античките Македонци. Како што напишал проф. Милчиќ во својата книга од 1996 г. културата во Берзитија била итало-ромејска, значи жителите на таа држава имале континуитет со антиката, со античките Македонци. Византискиот хроничар и патеписец, Теофанес Конфесор ја спомнуваа оваа држава под името Верзитија (Theophanes, ibid., p, 447,10–13 ).

Берзитија (Верзитија) и берзитите (верзитите) не биле ниту Бугари, ниту поврзано со ова турско племе, како што буагрските квази историчари сакаат да пропагираат. Тоа го докажуваат и старите историски извори, кои тврдат дека Бугарите и Берзиќаните биле големи непријатели меѓусебе. Бугарскиот хан Телериг во 773 г. испраќа 12000 војска против Берзитија, за да ја опљачкаат, а населението како робови да го пренесат во Бугарија, но Византија ја спасува Берзитија со 80.000 војска (Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство. I. Епоха на хуно-българското надмощие (679—852)" I изд. София 1918, стр. 303, 302).

Ако Прилеп, центарот на Берзитија бил населен со Бугари, зарем бугарите од Бугарија ќе ги напаѓале своите браќа од Прилеп и ќе ги претвараат во робови, како најголеми непријатели? Согласно историските извори од 773 г. во Керамисиското Поле тогаш Бугари немало

Thursday, April 23, 2009

Macedonia in Greek schoolbooks








































Македонија во грчки школски книги / Macedonia in Greek schoolbooks
За да погледнете видео клип кликнете овде / To see the video click here

Wednesday, April 22, 2009

Лагите на бугаризмот 2

Лагите на бугаризмот 2

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Македонските Словени и бугарските словени биле еден ист народ

Татароманска лага, извадок од десетте лаги на македонизмот од бугаринот Б. Димитров : Тезата за чистото словенско потекло на населението во денешна Македонија и тоа од некакви посебни словени, различни од тие кои се населиле во Мизија и Тракија, не е подкрепена со ниту еден документ од средниот век. Словените, кои го поплавиле Источниот и Централниот дел на балканскиот полуостров во VI век убивајќи и протерувајки го локалното античко население, се од една јазична група, наречена од целиот образован свет „бугарска група".

ОДГОВОР НА ИСТОРИЈАТА И ИСТОРИСКИТЕ ИЗВОРИ:

Jordanes (Getica p. 119) разликува три словенски рода (gentes): Венети, Анти и Словени. Словените poteknuvale меѓу Вистула и Дунав чиј делумен , Антите потекнуваат од територијата меѓу Дон и Днестар, додека Венетите ги лоцира на Виста-Вистула (Oxford Dictionary of Byzantium (1991), vol.3, p.1916-1918).

Нашите словенски соседи, Бугарите припаѓаат на Антите-Северјани, антите, а не се чисти словени, туку некоја мешавина на словени и ирански племиња од Азија или пак словенизирани Иранци (Р у с а н о в а, И. П. Оп. цит., с. 85-112.). Антрополошките карактеристики на Антите забележуваат големо иранско влијание (Ибид, с. 111, 112), што значи и голем удел на иранската популација во етногенезата на овие квази Словени. Во прататковината на Антите, пронајдени се археолошки артефакти кои се аналогни на раната Сармантска, Аварска и Селотово-Мајак култура (Ибидем, с. 92-93, фиг. 33).

Некои автори тврдат дека Антите се
чисти Иранци и самиот етноним Анти е ирански, произведен од иранските племиња Анзи или Анзан од Еламит етничката група. Најголемиот број историчари од Русија, која е и прататковината на Антите тврдат дека тие настанале со словено-иранска симбиоза, следејки ги археолошките и антрополошките испитувања на Антите (Седов В.В. У истоков восточнославянской государственности. М., 1999. С. 51-52.).

Едно од најголемите антски племиња, Северјаните, настанато е од иранските племиња во симбиоза со Антите на територијата на денешна Русија, од каде се преселило во Бугарија (Васильев М.А. Этногенетические и раннеэтноисторические процессы в славяноязычном мире в позднеримское и раннесредневековое время: анты и словене // Славяно-германские исследования. Т.1-2. Москва, 2000. С. 428-430).

Правите Бугари (турките) кон крајот на 7 век во денешна Бугарија ги поробиле "Северјаните и седумте клонови" (Theophanes, р. 359; ср. Niederle, II, 415 - 416). Значи во Бугарија се имаат населено Северјани. Според бугарската историја, со поробувањето на Северјаните настанал "модернија б'лгарски народ".

Инаку, Северјаните биле составени од 7 клона-племиња (Г.В. Вернадский, "ОБРАЗОВАНИЕ КИЕВСКОЙ РУСИ (839-878 гг.)", Глава VIII, 1. Русские племена в девятом веке). Првоначалниот град на Северјаните, Абдарда, на ирански значи "седум страни", т.е. град на 7 племиња (Миллер, Следы, с. 240).

Дека Словените и Венетите, наспроти Антите биле различни етноси, потврдуваат и војните меѓу Словените (Венетите) со Антите кои се одвивале во раниот среден век. ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).

Значи, тврдењето дека македонските словени и бугарските се еден ист народ е како да се тврди дека Чесите се Руси!

Границата меѓу Словените и Антите е долината на р. Марица, која е граница на етничка пиринска Македонија со Бугарија (Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство, I, Епоха на хуно-българското надмощие (679—852) стр. 40. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами, Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].Славените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989).

Македонските словенски племиња се спомнуваат во многу извори во западниот свет. Татковината на македонските словенски племиња е источна Германија и Полска. Потеклото е венетско-словенско, од западната група на словени.

Берзитите живееле во германската област Пригниц, Покраина Бандербург, познати под името Brizaner (Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136; Bernhardi, Lothar, S. 600 f.; zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39.). Некои германски лингвисти сметаат дека нивниот етноним доаѓа од словенскиот збор Бреза, а не од Брз-јак (Etymologien gibt Vogel, Slawische Ortsnamen der P., S. 42; er deutet den Namen P. Als eine slawische Übersetzung des Namens „Vormark“; vgl. ferner Müschner, Zeitschr. für Etymologie, VIII, 1376). Презимето Brziak е карактеристично за западните словени, а најчесто е денеска во Чешка и Словачка. Баварскиот Географ Geographus Bavarus ги забележува Берзитите/Верзитите како Vereziti и во областа меѓу Краков — Бауцен — Ерфурт — Прага — Краков (Descriptio civitatum et regionum ad septentrionalem plagam Danubii) . Таму имале 10 градови (Verizane ciuitates X).

Во нивна близина, во долината на реката Елба живееле и Смолјаните, во германската литература спомнати Smeldingen (Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136; Bernhardi, Lothar, S. 600 f.; zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39.). Некој упорно сакаше да докаже сиве изминати децении дека Смолјаните се руско племе, дојдено во Македонија, а како доказ за тоа го спомнуваа градот Смоленск во западна Русија. Но, Смоленск го основало словенското руско антско племе Кривичи, како нивен главен град и тој податок може да се најде во секоја руска енциклопедија.

Потеклото на Драговитите е исто така од источна Германија, областа Алтмарк и не биле германизирани до 12 век. Како во случајот на Смолјаните, пак некој насила сакаше да ги поврзе македонските драговити со словенското балтиско племе Дреговичи од Белорусија; сп
оред археолошките податоци, Дреговичите како словенско племе биле образувани дури во последните векови од првото илјадолетие н.е. (Седов В.В. Восточные славяне в VI-XIII вв. (Археология СССР). М., 1982. С. 93, 1 13-119), многу подоцна од кога македонските Драговити биле образувани и дошле во Македонија и етнонимот на Драговичите доаѓа од тоа што живееле во блата (белорус, дрэгва, украин. дряговина: Иванов В.В., Топоров В.Н. О древних славянских этнонимах. Основные проблемы и перспективы // Славянские древности: Этногенез, материальная культура Древней Руси. Киев, 1980. С. 40, 41.). Драговичитe не се словени, туку словенизирани балтички народи (Zverugo J.G., 1990, p. 32-33). Во секој случај и Драговичите од Белорусија биле Словени, а не Анти (Ип., кол. 6.).Смолјаните имале основано 11 града во денешна источна Германија (Geographus Bavarus Anonimi, "Descriptio civitatum et regionum ad septentrionalem plagam Danubii").

Берзитите, Смолјаните, Драговитите и останатите словенски племиња во источна Германија се целосно германизирани, освен лужичките Сoрби и Линголците. Источните германски републики
, Брандербург и Саксонија претежно се населени од германизирани Словени (Венди, Венети).









Хералдичкиот грб на градот на Струмјаните, Струмиен во Шлезија, Полска

Понаисток во нив, во Шлезија/Силесија во денешна Полска живееле Струмјаните. До 1945 г. Шлезија била дел од Германија, а претходно под австриската монархија на Хазбурговците, кои придонеле за германизација на словенските народи од Шлезија. Во нивната прататковина се уште постои областа Струмиен, каде има град Струмиен и река Струмиен. Во полскиот јазик постои и зборот Струга, кој означува река.

Инаку, чесите градот Струмиен го нарекуваат Струмен, кој е во близина на нивната граница, а германците Schwarzwasser. Во Полска и денеска постојат многу топоними Струмјани (Strumiany) , пред се на села и мали градови. Струмjaните сега припаѓаат на шлезиската етничка група, која во најголем број е германизирана и мнозинството од Шлезите по 1945 г. емигрирале во западна Германија. Денеска, околу 170.000 негерманизирани Силесијци се изјаснуваат како посебна етничка група во Полска, со сопствен силесиски словенски јазик.

Византиските хроничари ги опишуваат македонските словени како носеле бечви, кои се задржани во македонската машка носија до денеска. Бечвите се и народна носија на пољаците.













Полски народни носии од планинските области од Силесија (Шлезија)















Македонски носии од Галичник. Македонските бечви се присутни во сите делови на Македониј
а.

За племињата Ринхини и Сагудати нема доволно историски извори, освен дека тие основале Склавинии, кнежевства во Македонија.

Tuesday, April 21, 2009

Лагите на бугаризмот 1

Лагите на бугаризмот 1

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Бугарите биле развиен европски народ

Първоначалната история на българите несъмнено трябва да търсим в историята на ония средно-азиатски турски народи, които са известни под общо име хун-ну (Hiong-nu, Hiung-nu) в китайските летописи и хуни (, — Hunni) у европейските автори, [1] защото често името — българи, у средновековните писатели се идентифицира с името , а у византийските автори от VI в., които повидимому не познават името , се приброяват към тъй наречените тъкмо такива племена, които по-сетне стават известни под името „българи”, както това ще покажем по-нататък (Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство". I. Епоха на хуно-българското надмощие (679—852), c 56) .

Потеклото на бугарските племиња треба да се бара во монголските степи, како и кај сите турко-бугарски народи. Припаѓаат на турската народносна група Алтаи, а јазикот им е турко-алтајски. Бугарите од Азија постопено се движеле кон Европа, за да во 2 век н.е. се населат меѓу каспиското и црното море. За прв пат на Балканите, Бугарите се забележани во 502 г. кога ја харале Тракија [THE BULGARIANS, Extract from the book "Bulgaria Illustrated History", Bojidar Dimitrov, PhD., Author, Published by BORIANA Publishing House, Sofia,Bulgaria].

Околу јужното устие на Волга и ден денеска живеат неколку бугарски народа и тоа Болгари-Татари, Чуваши и АлМаринци. Балканските Бугари потекнуваат од Волга, од познатата волшка Бугарија, денешен Татарстан, а до 1919 г. нарекуван Болгаростан. Болгарите по националност се декларираат како Бугари-Татари [Boryngy..., 1963, 17-51], [Vorobev N.I., 1948, 80; Kozlova K.I., 1964, 20-21], [Boryngy..., 1963, 17-51], а имаат и свој посебен бугарски јазик, кој припаѓа на групата турки јазици [Kashgari Makhmud, 1960, 66-68; Kononov A.N., 1972, 14].

Нема дилема, вистинските Бугари кои бугарската историја ги нарекува прото-Бугари, биле турски азијатомонголски народ, со свој турски јазик (History of the Bulgarian State, v. l, part 1, Sofia, 1938, pp. 332 337, by Prof. V. N. Zlatarski); официјалната бугарска историја тоа го потврдува, како и Бугарската Академија на Науките за која вистинските Бугари се турско племе со турски јазик (История на България. Т. II. С., 1981, с.60.). Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992).









Бугарски војсководец Мострич од 9 век

Материјалната култура на првото бугарско царство (до 971 г.) е чисто турска, со елементи присутни во сите останати култури од турскиот каганат: дванаесетгодишен животински календар, култ кон Тангра, итн. (Б е ш е в л и е в, В. Първобългарите. Бит и култура. С., 1981; Р а ш е в, Р. Дунавска България и Централна Азия. - Втори международен конгрес по българистика. Доклади. Т.6. С., 1987, с. 205-210). Замислете, во турци Бугарите го вклучуваат и Цар Самоил!

Археологија
Судејки по археолошките остатоци, кои се и најмеродавни, бугарите на балканскиот полуостров се населиле само во североисточна Бугарија и северна Добруџа. За средновековните бугари од денешна Бугарија и Волга (Татарстан, Чувашија) специфично е целосната деформација на черепите на главите, деформирајки си ги главите самоволно со еден вид менгеме. Своите мртви ги закопувале на специфичен начин, ориентирани север-југ, горејки ги телата на упокоените со оган (исчистување), легнати попреку, додека позицијата на нозете на покојниците биле скрстени (турски начин на седење). Идентични некрополи со карактеристичните бугарски ритуали на закоп и деформирани черепи се најдени и во Долна Волга, со што се заклучува дека правите бугари биле турки народ, истиот оној кој ги населува денешни Татарстан и Чувашија. Антрополошки, Бугарите од волшката низина и од североисточна Бугарија и северна Добруџа биле монголска група на народ, како и денешните наследници на вистинските Бугари- болгаростанците, татарстанците и чувашите [В. М и к о в. Последни могилни находки. — В: Мадара, I,1934, 429-438; Ст. С т а н ч е в, С т. И в а н е в. Некрополът до Нови пазар. С., 1958; Ж. В ъ ж а р о в а. Славяни и прабългари (по данни от некрополите.VI—XI в. на територията на България). С., 1976, 86-140, 141, 167, 169, 172: Ж. В ъ ж а р о в а. Двуобреден езически некропол край с. Бдинци, Толбухински окръг. — ИНМВ, 1981, XVII (XXXII), 77-109; Вл. З и р р а. Двуобрядный могильник раннефеодальной эпохи в Капул Вийлор — История. — Dacia, VII, 1967, 355-412; G. S i m i o n. Necropola feudal — timpurie de la Nalbant (Judetul Tulcea). — PEUCE, II, 1971, 221-248; Д. Ил. Д и м и т р о в. Новооткрит български некропол при Девня (предварително съобщение). — ИНМВ, VII (XXII), 1971, 57-76; Д. Ил. Д и м и т р о в. Раннобългарски некропол № 3 при гр. Девня. - ИНМВ, VIII (ХХIII), 1972, 45-67; Д. Ил. Д и м и т р о в. Двуобреден раннобългарски некропол при Варна. — В: Сб. Преслав, II, С., 1976, 107-125; Д. С т а н ч е в. Ранносредновековен некропол до гара Табачка. - ГМСБ, Х, 1984, 33-42; Д. С т а н ч е в. Ранносредновековен некропол до с. Батин, Русенски окръг. — ГМСБ, XI, 1985,45—54; Д. С т а н ч е в. Прабългарски компоненти в погребалния обряд и инвентара на ранносредновековните некрополи в Рубенско. — В: Проблеми на прабългарската история и култура. С., 1989, 241— 254; Ив. В а с и л ч и н. Двуобреден езически раннобългарски некропол при с. Черна, Толбухински окръг. — В: Проблеми на прабългарската история и култура. С., 1989, с. 213; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в. Ранносредновековен некропол при с. Ножарево, Силистренски окръг. — АОР за 1984, Сливен, 1985, С. 265; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Старобългарски езически некропол и селище при с. Ножарево, Силистренски окръг, АОР за 1985, В. Търново, 1986, 184-185; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Ранносредновековен некропол при с. Ножарево, Силистренски окръг. - АОР за 1986, Разград, 1987, с. 258; Р. Р а ш е в, С т. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Ранносредновековен некропол при с. Ножарево, Разградска област АОР за 1987, Благоевград, 1988, с. 206; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Старобългарски некропол при с. Ножарево, Разградска област. — АОР за 1988, Кърджали, 1989, 158-160; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в. Раннесредневековый могильник у с. Ножарево, Силистренский окрут (предварительное сообщение). — В: Проблеми на прабългарската история в култура. С., 1989, 214— 220; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Ранносредновековен езически некропол при с. Ножарево, Разградска област. – АОР за 1990. Ловеч, 1991, с. 170; Р. Р а ш е в. Средновековен некропол при с. Караманите, Варненска област. - АОР за 1988, Кърджали, 1989,160-161; Р. Р а ш е в. Ранносредновековен некропол в с. Караманите, Варненска област. — АОР за 1989, Кюстендил, 1990, с. 123; В. Й о т о в. Раннобългарски некропол при с. Хитово, Толбухински окръг. — В: Проблеми на българската исгория и култура. С., 1989, 221-230; В. Й о т о в. Ранносредновековен некропол Хитово — 3. — В: Проблеми на прабългарската история и култура. II. С., 1991, 101—108: М. Д и м и т р о в. Старобългарски некрополи в Балчик (VII—IX в.). — В: Проблеми на прабългарската история и култура. 2. С., 1991, 87—100. ].

Бугарската современа историја тврди дека бугарите се словенизирале и така настанал современиот бугарски народ. Но, дали е тоа така? Историјата вели дека немало мешање на правите Бугари (турки) со Антите (Словените) од Бугарија, освен со Антите од Добруџа, за што постојат многу докази како заеднички фолклор, посебни народни песни, ора, игри. Всушност, само во Добруџа и источна Тракија покрај црноморието се населиле правите Бугари (турки). По отоманската окупација на Бугарија во 14 век, правите Бугари поради културната, етничката и јазичната сличноста со турците селџуци, масовно преминуваат во ислам и целосно се претопуваат во Турци. Така, денешните милион турци во Бугарија и оние уште толку насилно преселени "Турци" од Бугарија во Турција за времето на Тодор Живков, се оригиналните Бугари, наследниците на Хан Аспарух. Но, дел од вистинските Бугари (турки) не се исламизирал и денеска уште ги носат своите турски карактеристики- тоа се Гагаузите. Името Гагауз доаѓа од изворните бугарски (турки) зборови гаг-гуг што значи никако; имено, кога мнозинството вистински Бугари (турки) преминувале во 14 век во верата на своите побројни и посилни турки браќа, Селџуците, имало Бугари кои се опирале на исламизацијата со зборовите НИКАКО, па тој збор Гаг-Гуг станал синоним за вистинските Бугари кои останале доследни на христијанството.

Зборот Узи, значи Бугар и така постојат денеска Гага-Узи т.е. Гага-Бугари, Бугари кои си ја задржале својата христијанска религија (Bakhshi Iman, "DJAGFAR TARIHI" (THE ANNALS OF DJAGFAR), Volume 3, KUL GALI, HON KITABY (BOOK OF HUNS), 28/29). Така, Бугарите од Узбекистан себе се нарекуваат Узбеки, што значи "да си Бугарин".

Гагаузите се туркомонголски народ, припадници на жолтата раса, со изразити монголски особини. Јазикот кој го говорат припаѓа на турки јазиците, а го нарекуваат туркче или гагаузче (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Гагаускиот јазик е јазикот на вистинските Бугари, оние на Хан Аспарух кој ги донел во денешна Добруџа. Гагаузите потекнуваат од Добруџа, Варна и источна Тракија, токму онаму кај што се населиле правите Бугари, турките. Денеска, историчарите од од Бугарија, за да ја одбранат својата хипотеза дека се мешавина на Буагри и Словени, одат дотаму дека Гагаузите се остатоци на Куманите и Печенезите, но во местата на Гагаузите од устието на Дунав до Русе, па на југ се до Бургас тоа се териториите каде што се населиле Бугарите. Ако се погледне етнографската карта на тој дел од Бугарија, тнр. права Бугарија од 1861 г., целата спомната област е чисто турска, населена исклучиво со православни и исламизирани туркобугари (Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА?).

Културата на Гагаузите е иста со онаа на добруџанските славенофони Бугари, така што можеме да речеме дека мешање на Бугари и Анти (Словени) имало само во Добруџа. Танците и народните песни, како и целиот фолклор на Гагаузите се идентични со Бугарите од Добруџа (Коларова 1998, објавено во Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176).








Таткото на нацијата: Хан Аспарух, представен од Бугарите како монгол

Гагаузите т.е. Бугарите, како сите христијани во Отоманската Империја биле изложени на притисоци за исламизација од нивните отомански браќа, па многу од Гагаузите заедно со словенофонски браќа Бугари од Добруџа, по руско-турските војни од 18 век, се селат во Бесарабија, денешна Украина и Молдавија- руски територии до 1918 г., а подоцна советски. Гагаузите се сметаат за чисти Бугари т.е. прави. Иселените Гагаузи во руската империја до крајот на 19 век, секогаш од страна на официјална Русија ce Бугари по народност (Скальковский 1836-1838; 1848, Бугньон 1853: 198, Свиньин 1867: 175, Могилянский 1913: 85).

Русите, за прв пат ги разграничуваат словенофоните Бугари од Добруџа (мешавина нa турките Бугари и Антите) и Гагаузите во средината на 19 век (Кепен 1850, c. 196; 1852: 40; 1861, c. 62, Каранастас-Радова 2001, c. 23). Во тој период, царска Русија се стреми да создаде руска марионета, вештачка држава Бугарија и нова словенска нација Бугари, од различните словенски племиња кои живееја на територијата на денешна Бугарија. За таа цел, Русите мораа да ги тргнат вистинските Бугари, да им го замрат името, па затоа ги нарекуваа Гагаузи, а вистинските Бугари во Болгаростан (руска колонија) почнаа да ги нарекуваат Татари и го променија името на нивната држава од Болгаростан во Татарстан. Едноставно, мораше да се скрие вистината дека вистинските Бугари се турки народ, азијатомонголски. Сепак, Гагаузите и во 20 век се декларирале по руските пописи како Бугари (Державин 1937, c. 87), односно како преселници од Бугарија во Русија, со своето вистински национално име (Державин 1914: 13).

Гагаузите како најблиски на себе ги сметаат Турците и бесарабските-добруџанските словенофони Бугари (мешани Анто(словени)-Бугари (турки)) и најчесто се среќаваат бракови меѓу нив добруџанските словенофони Бугари (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176).

Имаме историски податок од 13 век од англискиот професор на оксфордиот универзитет др. Роџер Бакон (1211-1294), со највисока универзитетска титула Доктот Мирабилис, дека бугарите од денешна Бугарија говореле турски јазик. Но тој факт тој не го пренесол од некој друг извор, туку во 13 век лично ја посетил денешна Бугарија - Мала Болгарија (меѓу Стара Планина и Дунав) и вистинска азијатска Бугарија (Голема Бугарија), па во своето дело „Опус Мајус“ 1268 г. вели: „Мала Бугарија е во Европа и таму тие (бугарите) го говорат јазикот на болгарите кои живеат во Голема Болгарија, која е во Азија ("Kazan. The Enchanted Capital" (Flint River Press Ltd, London, 1995).







знаме на Татарстан знаме на Бугарија

Сите историски извори тврдат дека Бугарите и Антите (бугарските словени), а особено Бугарите и Македонците биле непријатели. Во егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на туркобугарскиот хан Пресијан од 837 г. кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу болгари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур ПРОТИВ СМОЛЈАНИТЕ (Державин, Н.С. История на България. Том І, с. 213, цитат по Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА). Во денешно време, бугарските историчари намерно зборчето „против“ го фалсификуваат и го преименуваат во „кај„, со цел да се пропагира кај пиринските Македонци кои носат смолјански корен, дека се Бугари.

На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од 9от век од страна на турско-татарските бугари кои говореле турски јазик, стои: Хан Омуртаг ја поведе својата војска против словените ...да ги уништи словените и да не можат да се оправат се додека постои сонцето и тече реката Тича ("Първобългарски надписи", Веселин Бешевлиев, София, 1979 г., БАН).

Како што гледаме, Бугарите никогаш не се словенизирале, туку и денеска опстојуваат и го задржале својот турки јазик и својата туркобугарска изворна култура. По овие историски сведоштва, како е возможно да се тврди дека Бугарите се словенизирале? Бугарите биле поробители на бугарските словени, а обете едноса биле премногу различни, како расно, така и културолошки и лингвално. Со ова испаѓаат ступидни тврдењата на бугарската историографија дека Св. Кирил и Методиј биле Бугари, создале бугарска азбука и јазик. Едноставно тоа не е возможно, оти во 855 г. кога светите словенски апостоли ја создадоа словенската азбука, Бугарите се турки народ кој говорел свој турски јазик, а официјален јазик им бил грчкиот. Дури 40 години подоцна, Бугарите го воведуваат како официјален словенскиот јазик, бидејки најбројна поробена етничка група во нивното царство биле Словените. Словенскиот јазик, како и грчкиот кој претходно бил официјален во државата, е туѓ јазик за Бугарите. Нивниот јазик не го смениле, уште е жив и се зборува од нивните наследници- ГагаУзите. Па да биле Бугари Св. Кирил и Методиј ќе говореа турски, ќе создадоа турска азбука, а не словенска. Да беа Македонците Бугари, ќе бевме турки народ и ќе си зборевме туркча јазик како Гага-Узите т..е Гага-Бугарите во Бугарија и Молдавија.

Инаку, дискутабилно е дали е вистинско тврдењето на бугарската историографија дека на преславската конференција на туркобугариските болјари, словенскиот јазик е прогласен за службен. Прво словенско дело напишано во Бугарија е на Константин Преславски, моравски словен, кој од латинските свештеници е протеран, па спас бара во Бугарија, поточно Преслав и во исто време од Јоан Егзарх, кој бугарите ги нарекува „насилници словенски“. По прогласувањето на Симеон за бугарски цар 915 г., Константин Преславски и Јоан Егзарх изчезнуваат и воопшто нема словенско творење во Бугарија, ниту пак оставиле таму свои следбеници и ученици. Дури 4 века подоцна, во второто бугарско царство, во кое владееле романците т.е. власите, излегува 1273 г. првото словенско дело во Бугарија- „Трновско Евангелие“. Значи, говорењето на создавање некаква си бугаро-словенска нација е само говорење, празни зборови, оти историските извори такво нешто не познаваат. Доколку се создала нација т.е. народ на бугарските Анти (т.н.р. бугарски словени) со туркобугарите (правите Бугари) и овие последните биле словенизирани, ќе имавме словенска книжнина на територијата на права Бугарија, меѓу Стара Планина и Дунав, но немаме ниту едно дело од некој локален Бугарин во тоа време!

Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле забyлени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна).

Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гейкчилер, Болгарево, Бургас итн.

Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка “БЪЛГАРИТЕ ИЗВЪН РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ’’Пламен Павлов, председател на Агенцията за българите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од ВМРО Русе)).
Еве неколку примери од јазикот на вистинските Бугари, Гага-Узите:

GAGAUZ TÜRKLERİ (GÖKOĞUZLAR)
Ortodoks ayinler,
Verimli toprakların sunduğu şarap,
dilde,kültürde ve geleneklerde yaşayan görkemli geçmiş.
Anadolu Oğuzlarının hristiyan akrabaları..
Gagauzlar'ı Türk tutan en önemli unsurlar,

* İnat derecesindeki Türklük bilinci
* Türk dilinde yapılan ortodoks ayinler

Gagauzlar, 1000 yıllık ayrılığın ardından,Türk dünyası ile buluşuyor...

Јазикот на волшките Бугари, денеска Болгаростанци-Татарстанци од Татарстан е исто така турки јазик, но се пишува на кирилица од 1939 г.. Овој јазик е многу сличен на Гагаузскиот, оти Бугарите на Балканот се дојдени од денешен Татарстан, така што јазикот на вистинските Бугари од Татарстан (Волга) и Гагаузите имаат ист корен. Пример за болгарски-татарча јазик: интервју со татарскиот Председател, извадок од неговата ВЕБ страница: http://www.tatar.ru/president/vopros.php?lang=TAT. Еве еден друг пример за татарча, јазикот на Бугарите од Татарстан со латинска азбука:“Dungiz!!! Bashta Tatarcha soylesherge oyren. Annari Australia turinda uylarsin. Monda sinnen bashka da mankortlar kup. Hormet belen, Koala efende Ayuyev (The Tatar Gazzete, Editors Note, N 3-4, 18.04.2000).
Минтимер Шаимиев, претседател на Татарстан

Чувашите се Бугари од Република Чувашија и имаат исто потекло како и Бугарите од Болгаростан-Татарстан, Гагаузите (балканските Бугари) и Чувашија; и јазикот им е ист- туркобугарски. Самите Чуваши својата националност ја декларираат како бугарска.

Се наметнува прашањето: "Ако вистинските бугари говорат турки јазик, чиј е јазикот што денеска го говорат балканските Бугари?" . Не е можно само Бугарите од Чувашија и Болгаростан-Татарстан да се турки народ, со турки јазик, а балканските "Бугари", кои се дојденци од Волга, од денешен Татарстан, да не се турки народ. Гагаузите ете говорат ист јазик со Болгаростанците-Татарите и Чувашите, вистинските Бугари, имаат исти турки традиции и култура, па со сигурност може да се тврди дека тие се вистинските наследници на Бугарите на Хан Аспарух.

Второто бугарско царство

Второто бугарско царство го основаат во 1186 г. браќата Асан и Петру од влашко-куманско потекло. Во почетокот на владеењето на Јован Асен I и Петру, додека не ја ослободиле целата територија на права дунавска Бугарија, во 1189/1190 г., секој од нив носел титула "Император на власите и најголем дел од бугарите" или "Император на власите и куманите". Поимот "влав" се однесува на романизираните Траки од Бугарија, додека куманите се турки народ, сроден со правите болгари, кои се турки. Во тоа време (крајот на 12 век, почеток на 13 век), поимот "бугар" се однесувал на турки народите кои ја населувале дунавска Бугарија (територијата меѓу Дунав и Стара Планина), пред се куманите, болгарите и печенезите. Подоцна, со целосното ослободување на дунавска Бугарија, во 1204 г. бугарскиот цар Калојан се декларира пред римскиот Папа Инокентиј Трети како "Император на сите бугари и власи"(Imperator omnium Bulgarorum et Blacorum), а бугарскиот архиепископ ја носел титулата "Примас на цела Бугарија и Валахија Прима" t.e. totius Bulgariae et Blaciae Primas [History of the Byzantine Empire, A.A. Vasiliev, University of Wisconsin Press, 1964, p.442].

Треба да наведеме, дека Македонија во 1204 г. не била окупирана од бугарскиот цар Калојан , а како тој се декларирал за Император на сите бугари, многу јасно е дека Македонците не биле бугари, ниту сметани за такви од самите вистински бугари. Подоцна, во 1221/22 г., бугарскиот цар Јован Асен II почнува освојувачки походи кон Македонија, при што бил многу суров кон Македонците; сите македонски градови, села и тврдини ги уништил и претворил во пустина, што е уште еден доказ дека самите средновековни бугари, не ги сметале македонците за свој, истороден народ, туку за непријатели. Најпознатиот византиски историчар од ова овреме, Глигора, за овој поход на бугарскиот цар Асен на Македонија пишува: «…така лесно Јован (Јован Асен II 1218–1241 гг.) ги прегазил сите места до Солун и Македонија и ги претворил сите села, градови и тврдини како што се вели во скитска пустина…(και ούτω πάντα 'ράδίως ό Ιωάννης κατέδραμεν άχρι θεσσαλονίκης και Μακεδονίας, όπόσα εκ κώμαις και πόλεσι και φρουρίοις , ν έρημίαν, το δη λεγόμενον, άποδείξας)» [Nicephori Gregorae Вуzantia hiѕtоria. I-еd. L. Ѕсhореnus, Воппае 1829, 16 (понатаму скратено Gregorae I; ГИБИ, XI, 125]. Зарем некој би го уништувал својот народ и својата сопствена земја?Но овој бугарски μικρού напад бил со грабачки карактер, бидејки кон Солун се проширил епирскиот владетел Теодор Ангел. За тоа Н. Григора вели «најпосле го покорил и самиот главен град ν Солун, кој што е прв во земјата на Македонците… (έως και αυτήν ή της τ ν θεσσαλονίκην)» [Gregorae 1, 26; ГИБИ, XI, 125]. Токму ς έχειρώσατο μεγαλόπολιν τη ηται γη Μακεδόνων προκά овој податок А. Милев и Л. Јончев го коментираат дека «се однесува на жителите на темата Македонија» [ГИБИ,Х1,125 бел. 21], а знаеме дека Солун не бил главен град на таа тема, туку тоа бил градот Одрин и уште повеќе Солун не влегувал во составот на темата Македонија. С. Чирковиќ овој дел го преведува нешто поинаку: «го зазел и Солун главен град на Македонија» [ВИИНЈ, VI, 153] (МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДЕЛОТО НА НИКИФОР
ГРИГОРА – ВИЗАНТИСКИ ИСТОРИОГРАВ ОД XIV ВЕК- А. Атанасовски). Како што може да се забалежи, македонските соседи, со "благи" корегирања на историскитецитати, насекаде се трудат да го негираат македонското име и народ и вршат груби фалсификати.
Бугарија и во Првото и во Второто Бугарско царство ја владејат исклучиво луѓе од турки-потекло; тие биле раководната и елитната структура на државата. Словенизираните траки т.е. тракословените од Бугарија биле најбројна етничка група во државата, но, немале никаква власт; биле само крепосни селани, поробени од бугарите и нивните турки браќа, куманите и печенезите кои ја населуваа северна Бугарија т.е. вистинска дунавска Бугарија. Бугарските еднородни турки народи меѓусебно соработувале, не само интерно од Бугарија, туку и на меѓународно ниво. Бугарскиот Цар Ивајло (1277-1280 г.) во 1280 г. барал помош за одбрана на Бугарија од Татарскиот хан Ногај, од кој на крај бил и убиен. Во 1280 г. на бугарскиот трон доаѓа Ѓеорѓи Тертер Први, куман, кој секогаш се декларирал како бугарин, а ќерка си ја омажил за синот на татарскиот хан Ногај. Во 1299 г. на бугарскиот престол седнува синот на татарскиот хан Ногај, Царот TATAP Чака. Со еден збор, бугарите до 1878 г. и создавањето на бугарска словенска држава од страна на Русија, претставувале смеса на турки народи: татари-болгари, кумани и печенези. Од 1878 г., Русија создава бугарската словенска нација, која всушност нема ништо бугарско, освен што долго време овој словенски народ живеел под ропството на бугарите и останатите турки народи.

И сега, кога некој Бугарин зајдливо ќе ми рече Македонците се Бугари, јас му одговарам: дали си сигурен дека си ти Бугарин? Дали говориш гагаузка-туркче јазик, дали си азијат? После ова, бидете сигурни дека ќе го замолчите и најголемиот "Бугарин".

Monday, April 20, 2009

Ceramic seal - Cerje

Кермички печат, пронајден на локалитетот Церје, Говрлево, во близина на Скопје, Република Македонија. Печатот е од неолитот - 5 милениум п.н.е.

Ceramical seal found at Cerje, Govrlevo, near Skopje, Republic Macedonia. The seal is from 5 millenia B.C.


Sunday, April 19, 2009

Никола Карев - интервју

















Досега необјавено интервју со претседателот на Крушевската Република за грчкиот весник „Акрополис“ од 8 мај 1903 година.

— ‚Македонец ли си?‛, го прашувам.
— Да.
— И следователно Грк?
— ‚За ова не знам‛, ми одговори, ‚јас сум Македонец‛.
— ‚Непосреден наследник на Александар Велики?‛, му велам иронично.
— Да.
— И Александар Македонски што беше, ве молам?
— Не знам, но историјата вели дека бил Грк.
— Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк.
— ‚Не‛, ми одговори.
— ‚Тогаш‛, го прашувам пак, ‚зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку Бугарија?‛.
— Која Бугарија, мислиш на Комитетот?
— Да.
— Ти одговорам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото наше срце.
— Бугарската заштита ја гледате само површно, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини.
— Хм! Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нè интересира штп мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: " Си ја постигнуваме ли целта"? Си ја добиваме ли нашата слобода? Не нè интересира дали ќе нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност.
— Добро, ако се ослободите, што сакате да бидете, автономна?
— Да, како што е во Швајцарија, во која трие различни племиња живеат во крајна хармонија и љубов.
— Да, но, знаете дека на таков начин вршите услуга на интересите на Панславистичката Етерија, чиј огранок е и Комитетот?
— Каква услуга вршиме?
— Како што се изјасни погоре Македонија е грчка земја, а ако секоја грчка земја бара да биде антономна тогаш доаѓа до ослабнување на Грција, а тоа го бара Панславистичката Етерија.
— Зошто го бара?
— За еден ден да нè пороби и нас и вас, и затоа сака да нè најде слаби за да го постигне тоа полесно.
Карев за момент изгледаше замислен. Јас побрзав да го прекинам молчењето.
— Зошто не сакате да се обедините со Грција?
— Затоа што ако не земе Мора (Грција) ќе стане една голема држава и следователно монархија. Во таков случај ќе произлезат многу зла — прво монархијата и тоа што произлегува од неа, а второ, Грција ќе не натера да војуваме со Бугарија, нешто што (ние) не го сакаме.
— Вие што сакате?
Ми ја покажа капата:
— Сакаме република.
— Демократија и пријателство со Бугарија?
— Не само со Бугарија, туку со секој што ќе ни помогне да се ослободиме.
— Со Бугарија сакате да се обединете?
— Не, не!
— И ова ви го проповеда Комитетот?
— Да.
— Тогаш овој Комитет кој толку многу се грижи за вашата независност зошто не бара заштита од Грција која има повеќе должности да ве ослободи, туку клоните кон варварите?
— Да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек кој паднал во морето и се наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве молам, овој човек за да се спапи ќе се фати ли за сè што ќе најде во тој момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабниме со благодарност.
— Но, грчките првенци, свештеници и учители зошто ги убивате кога немате ништо посебно против никој?
— Ова се лаги. Комитетот не убива само Грци, туку и Бугари и Срби и Турци и секого кој предава.
— Ова се изговори за гревовите, уништивте многу грчки патриоти затоа што не даваа пари за вашиот Комитет.
— Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.
— Кои други?
— Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските атентати, б.м.).
Не можев да се воздржам и страшно се насмеав што предизвика љубопитност кај сопственикот Таску Квата, кој ми се приближи.
— Што ти вели? Ме праша.
— Тоа и тоа.
— Хм! Ама како ќе се види дека е Бугарин дебелоглавец, ако не беше Бугарин не ќе кажуваше такви зборови, особено сега кога и ѕидовите имаат уши.
— Да, да ова што ви го велам јас повтори Карев — едно дрво кое ја проби земјата и изникна, зошто да не го вадат сите за да порасне?
— Да.
— Да, но знаете со што го вади Бугарија. Со отров на омраза кон грцизмот.
— Како и да е ова вадење (полевање), не освежува и не натера да ги завртиме гранките кон онаа страна кон која, признаваме дека ништо не не поврзува и да бегаме од вас со кои немаме иста крв и иста историја; ова е на некој начин протест против грчкото интересирање (за нас).
— Ова што го велиш е резултат на бугарското вадење, зашто Грција никогаш не престанала да ве поддржува и со писменоста и со оружје.
И пак Карев не ми одговори.
— ‚И сега, по последните настани што мислите да правите?‛, го прашав. (Се мисли на таканареченото Горноџумајско востание од есента 1902 б.м.)
— Ништо друго освен да ја продолжиме борбата.
— Да, но зар не знаете дека зад таа борба се крие борба подла и нечесна?
— Тоа нас не нè интересира, доволно е да си ја постигнеме нашата цел.
— Значи и со убиста?
— Штом се вршат за доброто на еден народ.
— Имате право какви учители имавте такви лекции научивте...
Карев пак не ми одговори, само стана и полека тргна кон неговата соба, додека зад него сите гости на хотелот на разни начини ги коментираа неговите зборови

Превземено од Wikipedia
















Никола Карев - слики

Enter your email address:

-
 
Macedonian Documents © 2007 Template feito por Templates para Você