August 3, 2009

Македонскиот грб од 1844 година

Македонскиот грб во црквата на Рилскиот Манастир од 1844 година. Рилскиот манастир во ХIV век се наоѓал во феудалниот посед на Реља Охмухчевиќ кој бил вазал на српскиот цар Душан. Токму Реља Охмухчевиќ од темели го обновил манастирот за многу подоцна на 13 јануари 1833 година да изгори речиси целиот манастир во пожар. Во периодот од 1844-1846 год. со султански ферман се дозволила обнова на манастирот во која учествувале Македонски живописци од “разлошката“ и “самоковската“ школа водејќи се од стематографијата на Жефаровиќ. Па така северниот дел од иконостасот, на порталот се зографирани четири грба: Српскиот, Бугарскиот, Босанскиот и Македонскиот. Сите грбови се прикажани токму онака и во оние бои како што се прикажани во Стематографијата на Жефаровиќ. Но зошто токму овие четири грба ? Преку овие четири грба зографите всушност сакале да ги истакнат четирите самостојни средновековни држави (Српската, Бугарската, Босанската и Самоиловото царство) , четирите самостојни јужнословенски цркви (богомилската, трновската, Охридската и пеѓската патријаршија) и четирите соседни и одделни јужнословенски народи. Македонскиот грб е на штит во шпанска форма и над него пишува“Македониа“ а се наоѓа во долниот дел десно на порталот. Превземено од Bratot

No comments: