Macedonian "Yankee" in the I World War

Macedonian "Yankee" in the I World War

As Macedonian immigrants arrived to U.S. they were living the full freedom od self determination. From the beginning of the I World War in 1914, the U.S.A. holded up a neutral position and managed to kept itself away being involved in the "Big War". But that position was abandoned in 1917, when 24 millions od American recruits were sent to participate in the war. Among those recruits were soldiers of Macedonian origin from Ohio. Facing the opportunity to declare themself as "Bulgarians" and to avoid the recruitation, they chosed to remain Macedonians, and gave their lives in the war. According to the proclamation of the President of the U.S.A., Woodrow Wilson, all man of German origin, including the allies of Germany, were declared as alienated enemies and were discharged from army service. So, Bulgaria as a German ally was included in this proclamation of the U.S. President. All man of Bugarian origin were released from the recruitation. These brave Macedonians, chosed to fight in this war along with the American troops, and to die only as MACEDONIANS.

Со преселувањето на илјадници нови македонски имигранти во Америка, во 1914 година започна голема војна во Европа . Соединетите Американски Држави сакајќи да останат настрана од било какво вмешување во Европските настани и проблеми сепак, во 1917 одлучуваат да влезат во оваа војна . Околу дваесет и четири милиони Американци побрзаа да потпишат картички за регистрација, а околу четири милиони од нив завршија директно учествувајќи (борејќи) се во оваа војна, која подоцна станува позната како Големата Војна, всушност Прва Светска Војна. Незабележлив бил бројот на младите момчиња Македонци од Охајо кои доброволно служеа во оваа војна, како американски војници. Веднаш потоа некои од нив биле ангажирани во непријателски оган некаде на полињата на Европа, многу поблиску до нивните домови кои што ги оставиле само неколку години пред самата војна. И покрај се, тие сепак биле предалеку од својата сакана Македонија.

За тројца од нив надежта била дека кога повторно ќе ја видат својата прекрасна Македонија остана засекогаш запечатена на тие безмилосни полиња во Европа каде иста судбина ги исчекувала повеќе од 50,000 други несреќни, млади и храбри американски војници. Веста за нивниот трагичен крај бавно пристигнала до нивните домови од детството, а крајот на војната не успева да донесе долго очекуван мир и Правда за Македонија. Соништата на тие млади македонски војници се ненадејно прекинати и остануваат неисполнети како последица на одлуките и настаните што не зависеле од самите нив и не биле во нивна контрола. Ги загубиле своите животи борејќи се за слобода и демократија кои немале можност да ги доживеат во својата родна Македонија.

Тие три неопеани Македонски херои биле:
Стефан Карамицио 24, роден во Македонија, местото не е познато, убиен во акција на 28 септември 1918, закопан во Американската гробница Мус-Аргон во Франција; Том Џон 22, роден во Моловишти, Македонија, убиен во акција на 20-ти Октомври 1918, закопан во истата гробница и Џејмс Георгиев 27, роден во Македонија, местото не е познато, закопан на националната гробница Џеферсон Баракс во Сент Луис, Мисури. Овие несреќни, млади и храбри мажи биле американски војници, но истовремено и македонски синови. Нивните имиња остануваат запишани во американските воени гробници, а нивната смрт вечно врежана во македонската свест. Овие млади и храбри македонски војници можеле да го избегнат трагичниот крај на своите животи. Се што требало да направат е да им кажат на назначените офицери дека тие не се Македонци туку Бугари или дека се родени во Бугарија.

Таквиот став би можел да ги спаси нивните животи бидејќи под директно прогласување на Претседателот Вудроу Вилсон, сите мажи кои биле германци или припаѓале на германската империја и сите нејзини сојузници биле декларирани како отуѓени непријатели на САД и со тоа ослободени од воената служба. Како сојузник на Германија, истото ослободување се однесувало на сите личности родени во Бугарија или личности од Бугарска припадност.

Како резултат на тоа, за тројцата Македонци постоела можност да излезат од воената служба, доколку би се декларирале себеси како Бугари или би ја име-нувале Бугарија како своја родна земја. Наместо тоа, тие одлучуваат да се борат и подоцна загинуваат во Првата Светска Војна како Македонци, подобро отколку кога би биле наречени Бугари. Меѓутоа само храбри и мажи патриоти се одлучуваат на вакво дело на несебично жртвување, овие тројца млади мажи се жртвуваат докрај наместо да го поминат животот со лажен идентитет.

Овие три "Јенки" војници не биле единствените Македонски момчиња кои се бореле за САД во Првата Светска Војна. Тие биле единствените чија судбина била да останат неопеани македонски херои. Повеќе од девеесет други млади и храбри Македонци им се приклуциле на редовите на илјадници други млади момчиња од државата Охајо кои доброволно се бореле против непријателите на САД во Првата Светска Војна. Било која и да била причината за нивното учество и кревањето рака за Америка, можноста за нивно ослободување од неа доколку би се декларирале како Бугари или државјани на Бугарија постоела. Меѓутоа, како и тројцата кои биле убиени, така и тие не погледнале кон оваа можност. И оваа група од деведесет Македонски војници можеле да се декларираат како Грци или Срби, затоа што во тоа време Македонија веќе била поделена од Грција, Србија и Бугарија. Во спротивно, со нивната одлука да се борат тие потврдиле дека се Македонци од Македонија-единствената земја што ја чувствувале како своја. Со чест заслужуваат нивните имиња да бидат споменети поради нивниот придонес за слобода и демократија. Нивните имиња и кратката воена биографија се појавуваат во Официјалниот прозивник на војници и морнари од Охајо во Првата Светска Војна, 1917-1918, вол. I-XXIII, Колумбус, САД.

За да избегнат да се борат во I С.В., требало да се декларираат како Бугари, но тие не го направиле тоа

#5 Where were you born?
#6 If not a citizen, of what country are you a citizen or subject?
#10 Race (specify which)?

Anastasoff 1917








Barney Christ 1917











Dimitri Doroff 1917











Elia Anastasoff 1917










George Apostoloff 1917










Gligor Doreff 1917










John Christ 1917










Spirko 1917











Stase Argeiroff 1917









Vasil Alexoff 1917







Листа на Македонско-Американски војници од Првата Светска Војна:
Абрахам Абдул, Несилич, Македонија; Тони Ангелов, Манастир; Џон Т. Бандо, Манастир; Менилос Басарас, Егејска Македонија; Мајкл Бранов, Егејска Македонија; Том Бадлс, Македонија; Мајк Цас, Македонија; Јордан Н. Криста, Гопеси, Македонија; Луи Кристо, Македонија; Џон Коста, Вардарска Македонија; Џејмс Костос, Мануел Димитри, Вилиам Демос, Егејска Македонија; Константин Димитри, Флорина, Македонија; Џон Димитро, Џорово, Македонија; Флорал Димитри, Зеленице, Македонија; Фезола Елмас, Незвилиц, Македонија; Крист С. Ерца, Македонија; Горге Иванов, Македонија; Крсте Еванов, Лазарополе, Македонија; Лазо Евцев, Македонија; Ахмет Гами, Македонија; Кемал Дзеладин, Македонија; Крист Џорџ, Манастир, Македонија; Џон Џорџ, Македонија; Том Џорџ, Белкомен, Македонија; Мајк Џорџ, Сетина, Македонија; Ханес Горгев, Манике, Егејска Македонија; Анастин Герскоцин, егејска Македонија; Џон Гилот, Гуменџа, Македонија; Христо Грозданов, Цапари, Македонија; Томас Гургев, Македонија; Стив Џејмсон, Егејска Македонија; Амин Џенил, Македонија; Таси Д. Караџов, Македонија; Александрија Костив, Мокра Лец, Македонија; Глигор Костраков, Егејска Македонија; Типа Коцев, Македонија; Томас Луи, Брезница, Македонија; Мухат Махамед, Гравена, Македонија; Џејмс Г. Манов, Македонија; Тале Метров, Подмочани, Македонија; Гаст Мидис, Македонија; Пит Мајк, Маловиште, Македонија; Крис Милер, Прилеп, Македонија; Џорџ Минас, Македонија; Вангели Мустрику, Гопес, Македонија; Наум К. Настов, Македонија; Луи Неданов, Македонија; Далип Неџип, Македонија; Тони Ник, Македонија; Сем Николов, Мокрани, Македонија; Луи Николов, Пиринска Македонија; Томас Ц. Нолце, Македонија; Лазо Нолев, Македонија; Мајк Пафал, Македонија; Тони Пит, Македонија; Крис Петерс, Македонија; Јон Петро, Лахехеј, Македонија; Џејмс Петров, Македонија; Ник Петров, Македонија; Стив Петов, Сабоник, Македонија; Дамјан Филипс, Сердес, Македонија; Кузо Попов, Церсиенца, Македонија; Миц Повлов, Македонија; Костос Стамас, Македонија; Дин Стајанов, Лубетина, Егејска Македонија; Вина Стефо, Македонија; Џорџ Стрезов, Македонија; Џејмс Танис, Македонија; Ник Г. Танов, Македонија; Еван Тодоров, Македонија; Том Трпе, Егејска Македонија; Џим Тони, Монастир, Македонија; Луи Трифон, Егејска Македонија; Џон Цанакас, Егејска Македонија; Танас Вело, Македонија; Цветко Јованов, Македонија, Ник Земан, Егејска Македонија; Милан Змејко, Вардарска Македонија; Петер Т. Зозов, Македонија; и Џон Мајк, Гевгелија, Македонија.

By Bratot

No comments: