August 6, 2009

Георги Димитров - писмо

Георги Димитров е бугарски политичар со македонско потекло и голем подржувач на идејата за обединување на Македонија. Тој е првиот бугарски премиер што дозволил Македонците во Пиринска Македонија, Р. Бугарија да можат да се попишуваат како Македонци.

"Јас се чувствувам нераскинливо врзан со судбината на Македонскиот народ и како бугарски пролетерски револуционер и како син на семејство што потекнува од Разлог - долината на историското Илинденско востание ....... Македонското движење има многу непријатели . Меѓутоа, најопасниот негов внатрешен непријател се агентите на бугарскиот империјализам, бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам и, пред се бандата на Ванчо Михајлов ...... Не може да има успешна борба против националното угнетување, за ослободување на Македонскиот народ без конечно изолирање на Македонските маси од таа опасна банда, без полното елиминирање на нејзината јудинска улога во Македонското движење и во натрешниот живот на Бугарија (се мисли на ВМРО на Ванчо Михајлов)...... Само единствената револуционерна борба на македонскиот народ во најтесен сојуз со работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција може да доведе до победа на македонската ослободителна револуција." - Георги Димитров, писмо од 1934 година до МНС од Детроит.

No comments: