Македонскиот Грб од 1675 година

Македонскиот Грб во Фојничкиот Грбовник од 1675 година се чува во фрањевачкиот манастир “Цв. Дух“ над гратчето Фојница, кој за време на турското владеење во првата половина на XIV век бил центар на босанските фрањевци и католици. Манастирот има своја богата библиотека, музеј и архив во кој се чуваат многу стари, ретки и скапоцени ракописи.

Македонски грб e жолт лав со грофовска круна на црвено поле. Штитот е во германска форма со уште една круна над него и празна лента. Под грбот се наоѓа друга лената на која е испишано : “Macedoniae“.




No comments: