August 18, 2009

Географиjа за средње школе

Извадоци од српската "Географиjа за средње школе" од авторот Петар Драгашевиќ.

„Овој полуостров е мозаик на народи како и Австрија. На овој простор живеат 13,6 милиони жители и тоа: Словени 61 отсто, Турци 13 отсто, Арнаути 7 отсто, Грци 14 отсто, Ермени 3 отсто и останати 2 отсто. Што би се рекло, Словени има двапати повеќе од сите други заедно, а четирипати повеќе од Турците. Во Словени се бројат: Срби 3,6 милиони, Хрвати 0,5 милиони, Македонци 1,3 милиони, Бугари 3,2 милиони, останати 0,04 милиони“ - Петар Драгашевиќ, "Географиjа за средње школе", Београд, 1871

„Македонците се најстари Словени на овој Илирски полуостров, а можеби и во Европа“ - Петар Драгашевиќ, "Географиjа за средње школе", Београд, 1871, стр 163

„Староседелци во овие земји, во древни времиња биле некои Словени на кои не им се знаат имињата...можеби низ долгите времиња наназад многу раштркани, тоа се денешните Македонци. Но, како што насекаде во светот бидува, кога дојденците ја преземаат власта, така било и овдека“. - Петар Драгашевиќ, "Географиjа за средње школе", Београд, 1871

"Македонците денес го заземаат речиси целиот брег на Белото море, на исток се мешаат со Бугарите од Тракија на запад со Арбанасите од Арбанија и Епир и на север со Србија ги граничи Шар Планина. И покрај сето ова во нивните обичаи и во нивниот јазик можат да се најдат траги од сите оние народи, кои овде-онде, над нив владееја (нарочно Бугарите и Србите). Македонците и денес се карактеризираат самостојно и стојат во средината меѓу Бугарите и Србите“ - Петар Драгашевиќ, "Географиjа за средње школе", Београд, 1871

No comments: