Тиквешко револуционерно знаме

Нa 19 јуни 1913 година во Тиквешкиот регион избувнува вооружено востание познато како Тиквешко востание. Востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор, веднаш после Првата балканска војна, и е едно од позначајните македонски востанија.

Првите денови востаниците постигнуваат голем успех. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го знамето на Србија, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме од 1903 година.

Знамето било направено од учителки од Кавадарци. Во горниот дел на знамето имало надпис "Тиквешки революционенъ окрѫгъ"; под него пишувало "Свобода или смѫрть”; во средината имало една девојка којашто во рацете држи развеано знаме, а со едната нога гази врз тело на убиен турски војник. Тоа знаме е земено од страна на Србите и е однесено во музеј во Белград, но во 1941 година поради опожарување на музејот знамето е уништено.

Користени делови од Македонска Нација

No comments: