Билјана платно белеше

БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ

Билјана платно белеше
На Охридските извори.
Оздола идат винари,
винари белограѓани.

Винари белограѓани
кротко терајте карванот!
Да не ми платно згазите,
платното ми е даровно.

Билјано моме убаво,
ако ти платно згазиме
со вино ќе ти платиме,
ем бела лута ракија.

Не ви го сакам виното,
тук ви го сакам момчето.
Што напред води карванот,
што фесче носит над око.
Што фесче носит над око
и мене гледат под око.

Ансамбл Билјана



Добри Ставревски и Блага Петревска



Есма Реџепова и Гого Зафировски



Мијат Мијатовиќ



Никола Бадев

No comments: