Лагите на бугаризмот 4

Лагите на бугаризмот 4

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Македонците станале Бугари во 9 век

Татароманска лага: Македонците станале Бугари во 9 век, извадок од книгата "Десетте лаги на македонизмот" од бугаринот Божидар Димитров: "Прабугарите дошле и се населиле во Источна и Северна Македонија после победоносната војна на бугарскиот хан Крум во Тракија против Византија во 811 година. Проф. Микулчиќ покажува, дека во тврдините покрај Крива Паланќа, Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Штип се појавува грнчарија, бронзени предмети како и токи на ремени потполно идентични со откриените во бугарскатаа престолнина Плиска. А во рамнините покрај нив Микулчиќ ги одбележува посебните прабугарски населби зацврстени со земјен насип, наречени аули. Така за народот кој што живеел од Јадранското до Црното Море и од Дунав до Егеј се наметнало името, бугари заклучил Микулчиќ. Така е бидејќи тоа е историсќата вистина. Појасано и поточно неможат да го напишат ни бугарски историчари"

ОДГОВОР НА ИСТОРИЈАТА, ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ И ИЗВОРИ:

Оваа лага искажана од проф. Димитров, уште и човек на фyнкција во Р. Бугарија како директор на бугарскиот национален музеј, ги руши сите граници на пристојност и интелектуалнa дејност. Презентираноно погоре од бугаринот, Микулчиќ никогаш не го напишал, ама од ваквите недоветни постапки и фалсификации на бугарските историчари, можеме само да речеме "Боже, прости им, не знаат што прават", иако сите сме свесни дека сите овие лаги се наменети за ширење на бугарска пропаганда и бугаризација на Македонија, робувајки им на националните идеали од 19 век.

За разлика од денешниве бугарските "историчари" од 21 век, кои го негираат постоењето на посебен македонски народ, нивните претци и владетели, признавале посебен македонски народ уште во 9 век .

Автономијата на македонските кнежевства под власта на Бугарија

Македонците во 9 век биле разделени меѓу Бугарите и Византијците, но тоа ропство не било класично, ами под ропство се подразбирало плаќање данок на Бугарите и Византијците, за да не бидат напаѓани. На Византија плаќале данок Драговитите и Сагудатите, додека северно од нив била Стримионската тема каде Ринхините, Смолјаните и дел од Струмјаните (пиринска Македонија) плаќале Данок на Бугарите. Македонците си имале целосна автономија, со свои кнезови и војводи на чело на кнежествата, а Бугарите и Византијците не им се мешале во уредувањето на кнежествата, ниту имале свои војски таму [81. L. Niederle, 425—428; Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018)", IV. Борба с Византия за политическо надмощие, 1. Цар Симеон и първата му война с Византия]. Според тнр. историчари од Бугарија, Македонците станале Бугари во 9 век оти плаќале данок на Бугарија!

Историските извори докажуваат дека бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска етничка област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.). Од 811 година па натаму, Македонците кои потпаднале под вазалско ропство кон Бугарија имале автономна власт и свои кметови, кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9). Покрај спомнатите кнезови-кметови на Струмјанската, Ринхинската, Драговитската и Смолјанската Склавинија (кнежевство), познати се два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериoполските мaченици kaj Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.). Таков кмет (комитопул) на Берзитската Склавинија бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).

Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ на Бугарија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120) .

Од крајот на 9 век, Цар Борис го назначува Св. Климент за управник на македонската автономна област, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.

Така, Св. Климент ја добил титулата епископ велички: .

Неговите наследници, управителите на македонските автономни области ја носеле титулата "епископ на словенски јазик" , каде што старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос. Со тоа, Бугарите признавале посебен етнос во "третата автономна област на Бугарија". Можеме а закучиме дека во средниот век постоеле три етноса во Бугарија, а тоа биле македонскиот, бугарскиот и словено-траките од Бугарија, денеска тнр. "б’лгари".

Македонската средновековна книжнина докажува постоење посебен македонски народ и автономија на македонските етнички територии

Еве еден запис на средновековен Македонец- Иван Камениат од 10 век, кога според бугарските "историчари" македонците веќе биле "слеани" во бугарското племе. Toj бил солунчанец кој себеси се декларирал како Македонец, a ја има напишано историјата за Солун во 904 г., при неговата опсада од страна на Арапите; го опишува и карактерот на Македонците и македонските власти од 10 век, па пишува:
...На запад (од Солун) се простира една рамнина, која завршува до едни други планини, каде се издига еден град, нарекуван Вероја (Бер), град познат како по жителите, така и по сите особини, со кои може да се пофали еден град по урбанизираност . Во средното пространство на таа рамнина, се наоѓаат некои распрснати села, од кои едни близу до градов (Солун), нарекувани со име драговите и сагудати, потчинети на градов, други пак плаќаат данок на соседниот Скитски (бугарски) народ, кој не е далеку. Инаку селата живеат по соседство едни со други, па како и бидува, неретко влегуваат во сродство едни меѓу себе и со солунчаните, а тргуваат со бугарите....[79.
Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.].

Како што вели и самиот Македонец од 904 г., во средниот век немало ородување меѓу Македонци и Бугари во 10 век, туку само ородување и мешање меѓу солунчаните и жителите на македонските склавинии. Според бугарските историчари, веќе во овој период Македонците наводно станале Бугари, но самите средновековни Македонци ги демантираат. И книжнината оставена од македонските светци, просветители од средниот век, никогаш не спомнуваат Бугари или бугарски народ во Македонија, туку само словенски народ, кој не бил истороден со антскиот народ од Бугарија.

Во Пофалното Слово за Св. Кирил, за кое кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ словенски” (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил”, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во ”Житието Методиево” вели дека „сите солунчани чисто словенски зборуваат”.

Авторот на "Азбучната молитва на нашиот писател” ( ”
Cтихотворном прологе к Учительному евангелию”) од 10 век, вели дека Св. Климент го покристил словенското племе (Н. Туницки, Св. Климент, стр. 153).

Епископ Константин, ученик на Св. Кирил во својот ”Проглас кон евангелието” (временски потекнува почеток на 10 век) се обраќа кон "словенскиот род" од Македонија кој ги познавал само грчките книги, сега истите да ги замени со словенски (Архиеп. Антоний, каз. съч., стр. 231; ПСп, пак там, стр. 407. Горский и Невоструев, Опис. рук. Синод. библ., II, 2 стр. 425—426). Cпоред бугарската историја, во опишаниот историски временски период македонците веќе станале дел од "бугарското племе", a како македонците станале бугари, така и јазикот кој тие го говореле (старословенски), станал бугарски јазик!

Уште еден важен историски факт е тоа што Македонците во 10от век имале и своја посебна црковна организација, во времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната Црква, и покрај тоа што северна и центрлна Македонија биле окупирана од бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за „епископ Словенски” Марко, четврт епископ на Словените од Девол и на словенски јазик - народ (старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос), што јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија, како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10от век (Извор: „Житието на Св. Наум Охридски”, „Спомен за нашиот преподобен отец Наум”, 10 век, Охрид). Претходно, сите македонски склавинии имале свои посебни епископи. Познато е дека епископот Петар на Драговитите и драговитското кнежевство учествувал на Цариградскиот Собор 879 г. како представник на посебна црковна формација (
Dvornik, Slaves, pp. 235 - 236; Niederle, II, 424.). Да биле средновековните Македонците потчинети на бугарската или ромејската црква, тогаш, би биле покорни на бугарскиот преславски или ромејскиот константинополски патријарх, и нив би ги славиле и спомнувале по пишаните документи.Бугарската историја не се повлекува од квазитеоријата дека Македонците веќе во 10от век биле Бугари. Подоцна, Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска власт во почетокот на 11от век, а подоцна под српска. Но, како што гледаме во тоа време Македонците не биле Бугари, напротив, бугарското име македонските писатели не го спомнуваат.

No comments: